за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Еве мм на пример стално ми велеше дека кога ќе почнам да одам на работа тој не може да го чува детето, но како поминува времето си легна на брашното, се уште се буни и вели дека не може, не знае, ама кога ќе му го оставам како така го преслекува, го храни, го игра, го успива. И стално вика дека кога ќе биди поголем ќе било полесно, ќе одел, ќе играл, ќе разбирал, полесно ќе било за чување. Како е кај вас?
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
10.01.2011, 20:59
mama26
3977
da go cuvase celi dva meseca.[jas rabotev].potoa ne mi se rabotese pa napustiv i od od togas jas go cuvam.
_____________________________
СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.
10.01.2011, 21:01
mama26
3977
i poubava slika vo mojot zivot nemav videno.jas se vrakav od rabota a tie i dvajcata veke zaspani normalno menuvase peleni go ranese bese 5- 6 meseca bebence
_____________________________
СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.
10.01.2011, 22:06
AnnaMolly RR
6409
До сега немало потреба да го чува на подолго од половина час. Дали еднаш или два пати му има сменето пелена. Не дека не знае или не сака, едноставно не дошло до тоа. Останува сам со него додека да зачистам јас или на пример да одам во продавница. Ама знае да смени пелена, да му даде да јаде. Тоа е најважно. Во недела обавезно тој го бања и Филип тогаш најмногу ужива.
Исто како тебе, Snowhite, и мене ми вика дека кога ќе потпораснел ќе било полесно. Вика: Само да порасне, ти нема да имаш никаква обврска со него, се со мене ќе биде. А јас му викам дека кога ќе порасне и нема да ми треба толку помош.
_____________________________
Live and let live
10.01.2011, 22:19
*miki mami*
579
кога ќе порасне и нема да ми треба толку помош. user posted image
POTPIS
10.01.2011, 22:24
*miki mami*
579
Му нема сменето пелени уште не е ни заинтересиран да проба не свака дека кога ке останат сами ке се изгуби и ке незнае што да прави и тогаш ке дојде на моето,го храни за време на ручек јадат заедно го причувува кога имам нешто работа според мене повеке ми одмага него што помага му дозволува да прави што сака и после кога не е нешто ко што треба таа што го кара сум јас него го нема
10.01.2011, 22:32
Isabella
111
Sve sto znam i pravam jas, znae i pravi i toj . Od koga se rodi Isabella dvajcata ja banjame, toj koga e doma samoinicijativno trca da i smeni pelena, vo raboten den i dava vecera, a za vikendite 100% e negova obvrska (igranje, menuvanje peleni, hranenje...). Samo sto ne napravil nikogas do sega e da i zgotvi jadenje, toa go pravam samo jas. On bi i daval samo hrana od teglicka da se prasuva toj, ili koga ke potporasne bi ja odnel vo McDonalds . A jas po taa tema sum
10.01.2011, 22:49
betpet
302
Дали го чува ДА ДА ДА. И кога беше помала, редовно ја држеше во раце, на него заспиваше, и даваше млекце, само не ја соблекуваше.Но сега веќе и тоа го прави, веќе еден месец тој е на одмор и заедно поминуваат по цел ден додека јас дојдам од работа. Играат, читаат редат коцки, се пресоблекуваат и навечер и тој помага во бањањето. А морам да признаам дека кога се обидуваме да ја заспиеме, тој е по упорен и со него најбрзо заспива, само што ќе се гушнат и веќе може да се каже дека она веќе е готова. Тој е супер татичко, и таа многу го сака.
_____________________________
Нашето сонце од 7 Јуни е Теодора(Божји дар)
10.01.2011, 22:51
Тања РР
2029
Oд кога почнав да одам на работа татко и ја чува секое попладне. Тоа подразбира дека ја облекува, пресоблекува, менува пелени, готви каши, ја храни и ја успива. Многу сум задоволна како го прави тоа, ми се чини дека е подобар и од мене. Тој успева да ја залаже да изеде количински многу повеќо отколку јас. Со него секогаш е насмеана и среќна затоа што секој ден и наоѓа нешто ново за играње, нему повеќе му се радува и погласно му се смее.
_____________________________
There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А
10.01.2011, 22:57
Maca25
7558
Да, ја чува и тоа многу убаво. Они двајца кога се сами никаква мака немаат, нина тогаш најмногу јаде, најмногу пие, не плаче, вришти и сл. и искрено до пред некое време се чудев како му успева. Но, сватив дека детето е по цел ден веќе 2 години со мене и дека му треба промена и затоа со тато прават се нај нај и најубаво се чуваат. Немам забелешка како ја чува, што треба да и даде да јаде ќе јаде (само да му кажам јас што треба да се јаде), само трчаат навака натака, се гушкаат, пресоблекуваат, мака немаат. Тато и ги исполнува сите желби на Нина. Додека сме сите 3 дома нина за се живо трча по мене, а кога се чуваат они двајца мама воопшто не се спомнува.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
11.01.2011, 09:41
big_mama817
1331
никако мм многу не се замара Тарик кога е со него нонстоп вика се дере просто незнаеш кој е детето а кој таткото се инати со него како мало дете е дури мислам дека понекогаш е полош од Тарик
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
11.01.2011, 11:59
Martins mom
3342
Тато и Мартин само се забавуваат заедно, а се’ што е обврска околу него е моја должност. Тие само си играат...многу им е убаво...ги разбирам...две мали дечиња Тато го слуша повеќе. Јас стопати ќе му речам НЕ, не оди таму, не фаќај и ич не ме ферма, а татко му само еднаш ќе му рече НЕ и тој веднаш се трга. Го слуша ептен...авторитет бе
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
11.01.2011, 16:45
Snowhite RR
5042
Леле блазеси ви на тие што ви ги чуваат, мм го чува значи, ама додека го чува стопати ми се јавува и само ме прашува кога ќе си дојдеш, ајде иди си, не можам повеќе, сега не јади, што да му облечам итн, го успива во количката, цел саат го вози низ соба додека да заспие, досега кога сум на работа го вардат бабите, а кога мм е слободен ако сум јас на работа го чува тој, дури и тогаш ми вели да го однесиме кај некоја од бабиве, ама нема смисла тој дома да седи, а мајка му на пример да му го чува детето. Ај чекам да видиме кога ќе потпорасне малку дали ќе го чува како што вели, додуша со поголеми деца знае, си игра, ги занимава, го гледам со внуциве што прави, многу му е интересно и него и нив
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
11.01.2011, 16:58
Pepelaska *
3820
Нема време да го чува инаку знам дека би го чувал најдобро подобро од секој друг баби и дедовци, знае да му смени пелена, да му направи млеко да го облече иако не го прави тоа кога сум јас тука, ама кога би му го оставила нему а не на некој друг би била најсреќна
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
11.01.2011, 17:40
arh_diz
7198
Go imam ostaveno nekolku pati na mm toj ne mii se javil ama jas mu se javuvav mnogu cesto i mi vika pa sto go ostavas i odis nekade koga ne si opustena, ama majcina ljubov e najgolema.Mislam deka site mazi go kazuvaat toa deka decata koga ke porasnat se pointesni i poveke vreme ke pominuvaat so niv
_____________________________
Биди тоа што си
12.01.2011, 12:50
mama26
3977
ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz
.Mislam deka site mazi go kazuvaat toa deka decata koga ke porasnat se pointesni i poveke vreme ke pominuvaat so niv
potpis..po moznost da imaat navrseno 18 godini
_____________________________
СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.
12.01.2011, 15:03
strelec 8
420
i dvete sum mu gi ostavila.i koga ke se vratam sto da vidam.bebeto e zaspano a drugoto e na zemjata i si igrae a toj na kompjuterot si uziva.e kako moze taka.izgleda treba pocesto da gi ostavam.mu se pogodil denot
14.01.2011, 00:39
Боцко
806
ние си се чуваме, од најмали нозе. уживам во секој миг кога можам да го чувам стефан. плус, од лани жм работи на смени па поладне сме јас и тој секој ден. уживанција! како најдобро другарче ми е
_____________________________
Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.
14.01.2011, 00:43
Maca25
7558
ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom
Тато и Мартин само се забавуваат заедно, а се’ што е обврска околу него е моја должност. Тие само си играат...многу им е убаво...ги разбирам...две мали дечиња Тато го слуша повеќе. Јас стопати ќе му речам НЕ, не оди таму, не фаќај и ич не ме ферма, а татко му само еднаш ќе му рече НЕ и тој веднаш се трга. Го слуша ептен...авторитет бе
исто е сега кај нас. Јас на пр. спремам јадење, алишта, сокчиња правам и др. за нина, за да можат они да си играат. И кај нас нина повеќе го слуша мм. тој е лошиот по дома, тој знае да и викне и затоа го слуша. Јас сум ептен мекуш со неа и затоа на глава ми се качува.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
14.01.2011, 00:50
Боцко
806
ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom И кај нас нина повеќе го слуша мм. ... Јас сум ептен мекуш со неа и затоа на глава ми се качува.
хахаха колку е исто. жм е онаа на која стефан и се качува на глава...со мене е друга песна, а за чудо кајнас жм вика многу повеќе ама цабе.
_____________________________
Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.
14.01.2011, 00:53
Maca25
7558
абе кога целото внимание ќе му биде посветено на детето, без да размислуваш на тоа што ќе се јаде, дали има нешто во фриж., дали имало пелени, дали се е испрано или собрано, исчистено..тогаш е многу лесно со детето. нема стресни ситуации, нема нервози, си играте и уживате. е и јас така сакам.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
14.01.2011, 01:03
Viktori
5329
Кај мене мм никогаш не се бунел кога требало да ги причува или да ги чува саглам. Долго време јас работев на смени а мм само прва смена, па трчал да ги земе од градинка, дома им давал да јадат, а полно пати и заспивал од умор а они дома со него. Никогаш не сум се грижела за нив кога биле со него, знам дека ништо нема да им фали. Кога бев со син ми во болница Ј немаше ни една годинка... дома и она болна со бронхитис, па докторката во болница ми кажа, ако се грижиш за бебето, донеси го тука ќе ви ставиме уште еден кревет во соба. И викам ааа извини јас и маж имам, знаеше што прави Инаку и пред да имаме деца бевме договорени: За децата се грижиме ние! Ако некоја баба сака бебе, нека си роди!
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
14.01.2011, 09:28
Beatris
3116
ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори
Инаку и пред да имаме деца бевме договорени: За децата се грижиме ние! Ако некоја баба сака бебе, нека си роди!
Потпис!
_____________________________
Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...
14.01.2011, 10:28
penelopa
3419
Маж ми порано кога ќе си дојдеше од работа веднаш одеше во кревет а сега е друга песна. Најпрвин си го зима син му, се држат си играат некогаш и го храни. Во гладно он е задолжен за заспивање и кога е кенкав му збори триста чуда и син ми одма заспива.
_____________________________
"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu
14.01.2011, 10:38
Pepelaska *
3820
ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25
абе кога целото внимание ќе му биде посветено на детето, без да размислуваш на тоа што ќе се јаде, дали има нешто во фриж., дали имало пелени, дали се е испрано или собрано, исчистено..тогаш е многу лесно со детето. нема стресни ситуации, нема нервози, си играте и уживате. е и јас така сакам.
еден гоолеем Потпис ептен е лесно без овие други работи
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !