ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори
2. А бе го можам и јас и нема тука потреба од храброст. На еден друг форум сме членови и двајцата, и порано имавме и спротиставени ставови, ама супер беше оти не не знаеја и не знаеја дека мм е член исто. Милина. Секогаш имав +1 на моја страна Имаме спротивставени ставови дур не те нападне некој 3. :) После забораваш се и удри накај 3тиот
Ова ме потсети да поставам уште едно прашање:
Дали би го објавиле никот на сопругот/та и зошто да, зошто не?
Кога би решиле и би биле активни двајцата јас да. Незнам зошто би криела. Ова со глас плус - минус, мене не ми значи ништо, не сум тука да собирам гласови за на избори. Пишувам мислење, кој се согласува арно, кој не уште поарно. Она мене што ми е важно е да прочитам 100 различни мислења, не да добијам 100 потписи на мој пост од кои еден ќе е на мм.
ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори
+ Го сакам маж ми повеќе отколку што ја мразам мајка му (на пример), затоа и ги прескокнувам тие теми. Мене ми е ствармо безвезе да пишувам тука за неа исто како што и не би зборела за неа кога ќе отидам со другарките на кафе
Исти и за други работи, ако не сум отворила некоја тема со него, не ја отварам ни на форумов или пак ако знам дека би го навредила. Се чувствувам како да го оговарам. Не можам.
Можеби темите за свекрвите некому му личат на оговарање, но јас не ги доживувам така. За мене оговарање би било кога би ја коментирала пред луѓе кои ја познаваат и можат да и пренесат, а овде нит некој ја познава, нит таа некого познава, ниту пак и го имам откриено идентитетот, така да не сметам дека е загрозена, а јас слободно можам да си продолжам да си ја оговарам
.
Што се однесува до мм, се работи за принцип негов, не за навреди или оговарања. Дома може да дојдат 100 луѓе и да видат дека завесата виси, а него го мрзи да ја заштрафи корнизата и тоа така да седи две недели и тој воопшто нема проблем што луѓето ја гледаат неговата алкавост, но јас ако тоа го коментирам на некој друг нему лошо му звучи.
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together