cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Дете и оружје

clock-img

03.07.2009, 00:44

clock-img

Julie1

pencil-img

2354

Дали на вашето дете му дозволувате да гледа филмови со насилство или да сака да си игра со пластични пиштоли, какво е вашето мислење за ова?

_____________________________

And this is my beautiful life ...

clock-img

03.07.2009, 08:16

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Се трудам да има што помалку насилство, преку телевизија и компјутер, во животот на мојот син. Но невозможно е. Скоро сите понови игри за компјутер се со оружје почнувајќи од Counter Strike, една од омилените игри на децата. Секогаш му купувам нови, со цел да му го свтрам вниманието и успевам на неколку дена. Последно му ја купив Tomb Raider, но синоќа гледам и Lara Croft држи пиштол во рака.user posted image



_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

03.07.2009, 08:21

clock-img

mami

pencil-img

8680

леле тоа колку ме нервира..па мора ли секаде да го има тоа оружје?јас на другарка ми и се налутив зошто го сликала малиот како стои до чичко му и со пушка во рака(ама вистинска) се вратиле од лов и ај да го сликаат..такво нешто нема да дозволам никогаш..е сега она што ми е неизбежно- како компјутерските игри едноставно ке пробам да ги сведам на минимум

clock-img

13.10.2011, 08:49

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Филип доби една играчка пиштол за родеден и многу се заигруваше со неа, ама се скрши. И тоа пред 2-3 месеци. Ама не ја заборава. Сега ќе фати нешто во рака (на пример коцка или некоја лажица) и само вика Пауу! И прави како да пука кон нас.

А во моево маало (на Кале живеам), децата се нон стоп со пиштоли, пушки и ножеви во рака. Летово ги затекнав вака како си играа: девојчињата беа легнати на земја со рацете зад глава, а машките со пиштоли ги држеа на нишан и им викаа, ама не ги разбирав што зборуваат. Страшно!


_____________________________

Live and let live

clock-img

07.12.2011, 16:01

clock-img

JovanaJ

pencil-img

911

Ne mozeme da gi izolirame potpolno od ovie raboti. Se trudam da mu go otrgnam vnimanieto na drugi raboti ama sepak nasilstvo ima nasekade duri i vo crtanite. Ne mi smeta koga ke dobie pistol ili puska na podarok. Smetam deka se sostaven del od igrata i fantazijata na decata. Pa i jas kako devojce se sekavam deka sme igrale "indijanci i kaubojci"....nisto nemase strasno vo toa.
Duri naprotiv, smetam deka deteto sogleduva koi se pozitivni koi negativni licnosti, kako zavrsuvaat "losite" na krajaot i sl...
Pa nemozeme da se pravime deka ne postojat ovie raboti....

clock-img

08.12.2011, 22:55

clock-img

miana

pencil-img

6152

mOjava otkakopocna da gleda Polat so mm,pocna i da puka so pistolki po doma  vcera i vika na svekrvami- babo aj umri i puka vo svekrvami user posted image

clock-img

08.12.2011, 23:52

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Ние се трудиме дома да не гледа на ТВ нешто насилно, со пиштоли, крвишта и тепање. Н. не знаеше што е пиштол до летово. Другар и Лука донел пиштол во градинка  и и го дал да го види, фасцинирана од неговата играчка одма побара и она да добие ама не и купивме. Е кога бевме на одмор, не размислувајќи купивме пиштол на вода и се прскавме и Н. си го нарече Пиштолко user posted image .  Се дружеше едно месец дена со Пиштолко и после го батали. Ама и остана тоа пау пау на нас ако не е нешто по нејзино.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

09.01.2012, 09:48

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Кога се работи за филмови, Матеа и сама не ја интересира да гледа ТВ, постојано со нешто друго се занимава. Ама пред некое време од дечињата на едни пријатели (двете се машки) виде како си играат со пиштоли, и сега дома често и текнува почнува да пука - и тоа дека нема пиштол, зема една конусна капа, или ролна тоалетна хартија, или пак една ѕвездичка на стапче, се што ќе и заличи дека може да пука, и пау,пау...user posted image Уствари и не знае што е тоа пукање и оружје, ама си прави така пау,пау


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

09.01.2012, 10:17

clock-img

Yummy Mammy

pencil-img

1690

Jas mnogu se nerviram koga na S. nekoj ke i rece "ostaj go pistolot, toj e za maski". Za mene nema maski i zenski igracki, ima losi i dobri igracki. I devojcinjata smeat da igraat i so bageri i so sleperi ako sakaat, bitno mi e da znaat deka oruzjeto i nasilstvoto ne se dobri. Inace prviot pat koga S. vide puska od nejzinoto drugarce bese fascinirana od nea, ja nuskase kako bebe i pobara ista takva ama rozeva user posted image

< Поракaта ја уредил Yummy Mammy -- 9.1.2012 10:18:31 >


_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

clock-img

06.01.2013, 23:33

clock-img

ivemace

pencil-img

84


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Филип доби една играчка пиштол за родеден и многу се заигруваше со неа, ама се скрши. И тоа пред 2-3 месеци. Ама не ја заборава. Сега ќе фати нешто во рака (на пример коцка или некоја лажица) и само вика Пауу! И прави како да пука кон нас.

А во моево маало (на Кале живеам), децата се нон стоп со пиштоли, пушки и ножеви во рака. Летово ги затекнав вака како си играа: девојчињата беа легнати на земја со рацете зад глава, а машките со пиштоли ги држеа на нишан и им викаа, ама не ги разбирав што зборуваат. Страшно!


definitivno i sredinata vliae...nie sme vo sever, i aj sea kazimu deka pishtolot e losh? mislam me svakas? user posted image

clock-img

07.01.2013, 00:12

clock-img

niki

pencil-img

4299

kerka mi ima barbi pistol koj pravi meuri od sapunica i vodeno pistolce so koe si igrame na plaza
ovie dve igracki ne gi smetam za strasni, nitu losi
a se vo krajna linija zavisi i do pristapot i nacinot na koj se pretstavuvaat igrackite
jas so nea si igram so pistolite no nikogas ne i velam sega ke te ubijam, nitu pak pravam zvuci koi imitiraat vistinsko oruzje
obicno pravime mnogu meuri koi dodeka pagaat se obiduvame da gi fatime na dlanka
so pistolot na voda se prskame obiduvajki se da pogodime razlicni delovi od teloto
vo nejzino prisustvo ne gledame nasilni sceni so oruzje, a ako slucajno i vidi nesto togas i objasnuvame i odgovarame na prasanja ako gi ima, no najcesto se plasi i ne saka nitu da zboruva za toa nitu da gleda


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

18.01.2013, 12:16

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Имаме дома два пиштоли на вода и до скоро со нив си игравме прс, прс. Е од скоро почна да вика пау, пау, те пукам, падни. Богами се зачудив од каде сега ова, и деновиве тоа му е меѓу поинтересните работи. Јас секој ден му викам абе не се праи пау, се праи прс, тој ми вика не, не, се праи пау. Очигледно дека не можам да го убедам дека се праи прс, па решив да му објаснувам дека пау се прави само на лошите чичковци и тетки, иако се прашувам колку тоа моѓе да го свати. А се си мислев дека ова ќе ни дојде на репертоар малку подоцна, ама ете не предвари..user posted image

clock-img

18.01.2013, 12:27

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230



Имаме дома два пиштоли на вода и до скоро со нив си игравме прс, прс. Е од скоро почна да вика пау, пау, те пукам, падни. Богами се зачудив од каде сега ова, и деновиве тоа му е меѓу поинтересните работи. Јас секој ден му викам абе не се праи пау, се праи прс, тој ми вика не, не, се праи пау. Очигледно дека не можам да го убедам дека се праи прс, па решив да му објаснувам дека пау се прави само на лошите чичковци и тетки, иако се прашувам колку тоа моѓе да го свати. А се си мислев дека ова ќе ни дојде на репертоар малку подоцна, ама ете не предвари.




hahah e sega mislete mu ja koga nema da mu se bendisa nekoja tetka ili cicko...
Zavcera i M me iznenadi...losi i bile ucitelkive sto i se sega,posto nejzinata e na odmor i ke ja frlela vo kanta i ke zemela noz i ke i go isecela licetouser posted image user posted image mislam horor...

clock-img

18.01.2013, 12:35

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Ааа, и ние го имаме моментот со фрлање во канта ако нешто не му е по ќеф или ќе те тепам со стап. user posted image

clock-img

14.05.2013, 13:09

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Еден период само пукаше со нешто, со тие пиштоли на вода, со што му дојдеше до рака. И му купив пиштол пластичен, ама личи баш на пиштол и престана да му биде интересно да пука. Сега се поретко си игра пукање, се надевам скроз ќе забораи. Тууу, да знаев дека тоа е лекот, порано да купев.

clock-img

15.05.2013, 11:36

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Колку пати само побарала некој пиштол или пушка или нинџаки и сл оружја. Ама никогаш нема да добие од мене. Единствено што има е 2 пиштолчиња на вода и тие ги вадиме само во лето. Ама многу сака да си игра со машки играчки, си замислува како фрла светлечки бомби, пука со некој пиштол и сл.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

16.05.2013, 17:52

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820

Досега не покажал интерес за вакви играчки,може мал е уште ама засега сум среќна.Имаше само една пушка ( поклон) која не му беше интересна ич.
Не можам да ја разберам потребата од купување на вакви играчки , а се ежам што на некои деца им е на дофат вистинско оружје.

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

Последни статии

article-img