за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Luge, dali nekoj moze da mi pomogne koja e pesnata za bimbo..... zemja se trese uuuuuuuuuuuuu, prasina se kreva uuuuuuuuuuuuu ........ Ako nekoj znae neka mi prati kako se vika tocno i od koj festival e
< Поракaта ја уредил Julie -- 18.8.2010 13:40:39 >
Ах јас се заслушав во песничката, Јуле ме претркала
Хаха одвај чекаме вакви теми за песнички ... јас периодов само детски песнички разгелдувам, детски приказни, игри.. и во таа фаза сум :))) Скоро ќе следува интересно на РР во тој поглед и сега анализирам се што е детско :)) и одма песничкиве ги знам
_____________________________
And this is my beautiful life ...
18.08.2010, 13:53
Тања РР
2029
Едвај чекаме
А сега еве нешто за расположение, омилената песничка на Јана
There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А
18.08.2010, 14:01
mama26
3977
sakam kola ubava neskam jas fico taa ja sakame pesnicka.natasa od treto 3 ,nikola nikola.i ne mi teknuva uste nekoja imase.pa ke pustime pa ke zaigrame ke si zapeeme. miki maus club house cdinjata isto taka.a znam nekogas mocart ama poretko
18.08.2010, 14:11
Viktori
5329
тие се најубавите песнички од фестивалите... Сеа некогаш кога ќе начекам супер ѕвезда ми се гади (е благ збор)
Имам стара моја компилација од златните славејчиња на времето, ама им здосадија на децата па на Дип Парпл, Лед Цепелин и Блек Сабат се префрливме
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
18.08.2010, 18:58
Saturn
208
Ахахахахахахахахаха, конечно!!! па знаете ли од кога не можам да и ја одгатнам на ќерка ми оваа песничка. Од градинка кога доаѓаше ќе почнеше да пее нешто: Ууууу прша Веда ууууу. ..(зне така да си го кажува текстот онака како што и се слуша на неа, а се вика Веда) и немав поим која е таа песна ... и конечно, ја открив. Фала рингерајки
18.08.2010, 23:10
Maca25
7558
Нас дома месецов хит ни е: Глушец ушец од Маја Саздановска. Ја испеа некаде пред 15-18 години на дајте музика. Закон е песничкава!
< Поракaта ја уредил Maca25 -- 18.8.2010 23:11:37 >
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
22.08.2010, 01:12
Maca25
7558
Нина во градинка ја научила Никола, Никола и денес цел ден си ја потпевнуваше. Се утепавме со мм од смеење. Тие песнички од Златно славејче некаде од 1990 ми се најомилен и многу често и ги пуштам.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
22.08.2010, 01:15
Палешка РР
7505
Браво за Нина, леле којзнае колку е интересна
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
22.08.2010, 01:18
Maca25
7558
треба да ја снимам, па ќе ви го пуштам клипот.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
22.08.2010, 02:03
nutelizza
357
Еј Дејана Дејане многу ми е жал за да бидеш толлу вљубен ти си уште мал,,,,, ни е омилена
30.08.2010, 10:22
anedespo
940
Сега ќе ви напишам неколку песнички што моето дете ги учи на логопед:
Кокодак, кокодак, едно јајце дадов јас кокодак, кокодак, денес едно утре пак. ________________________
Кој што сака? Мите сака мала топка Цане сака голем слон а јас да Ви кажам право сакам авион.
Нека не се лутат ни Цане ни Мите на мојот авион ќе се возат сите __________________________
Две жаби
Две жаби се скарале бар да е за нешто.
Се карале и карале и си рекле се и сешто.
-Ти си жаба грда со големи очи -Ти кога скокаш со стомакот кочиш.
Одеднаш во водата нешто страшно шлапна, се појави штркот и двете ги лапна. ____________________________________
zenski aj pomos kade da ja najdam pesnickta site petki od zlatno slavejce 92
_____________________________
ne pravi go na drugite ona sto ne sakas tebe da ti go pravat
22.05.2012, 10:12
Mihaela 2010
4230
Еве ја и Михаела : Ах тој кокодиил сашен кокодил,радосен би биииил да е цар нииииилллл
20.06.2013, 21:45
Felly RR
7977
Песничките кои беа во наше време се далеку поубави од овие денешниве, а Никола, Никола мислам ќе остане хит за сите времиња. Матеа уште од лани ја научи и на тел ја имам снимено и често и ја пуштам да пее заедно со тел. Друга што ја сака - Еј Дејане, Дејане.... ама оваа и фамилијарно ни е хит
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
20.06.2013, 22:24
sandriana RR
2924
Дефинитивно постарите фестивалски песнички се поквалитетни од сегашните. Тогаш имаше 2-3 фестивали, но квалитетот беше неспорен. Покрај Златно славејче, многу високо котираа и песните на Си До - Битола. Баш вчера слушнав на радио, во кафуле, преработка на "Боби, баш ми е гајле", во изведба на возрасна девојка. И звучеше безвременски. Инаку, "Никола, Никола" ни е и нас хит, Т многу смешно звучи кога ја пее - со интонација нема утка, ама и прави нов аранжман
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
03.02.2014, 00:46
Defne90 RR
1991
Ha ha ha jas obozavam da slusam detski pesnicki nekeko epten se navlekov na niv otkako stanav majka.I veruvale ili ne gi znam poveketo i postojano si gi peam po doma i koga ne se pusteni.Pogolemiot sin znae ponekogas da mi rece "mamo te molam mi ja napolni glavata". Ha ha ha i togas prodolzuva da pee toj.I toj gi nauci skoro site sto gi pustame doma.Toa e tocno starite hitovi na zlatno slavejce i si do se navistina bezvremenski i definitivno takvi pesni nikoj veke ne moze da napravi.Ama i novive ne se losi da pocnete da gi pustate sekoj den ke vidite deka vsusnost se mnogu ubavi i lesno vleguvaat vo glava.A kaj nas bogami e taka.Vednas stom ke stanat,pogolemoto pusta kompjuter i tamu si slusa sto si saka, a na pomaloto mu pustam zlatno slavejce vo videotekata na Max tv gi ima od 2004 do 2012 postojano gi premotuvame i slusame odnovo.Ako ama i jas si uzivam slusajki gi zaedno so niv.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!