за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Дали сте отвориле штедна книшка за вашето дете? Во која банка? Дали мислите дека детското штедење е добра инвестиција?
Ние му отворивме штедна книшка на Марио кога јас се вработив, значи кога тој имаше 6 години. И оттогаш секој месец му ставаме парички колку што имаме и можеме. Мислам дека е добра инвестиција, посекако ќе му требаат за уписи и некои други поважни работи во животот
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
18.06.2009, 10:25
Еца
6692
Ние и отворивме на Мартина и кога и да и даде некој пари било и 100 ден, таа си ги става во нејзината кас(на која клучот и е загубен)и кога ќе ја наполниме и ситни и крупни ја носиме во банка, таму ја отклучуваат и парите на книшка.Мислам дека е навистина попаметна работа, отколку да купувам глупости. Дефинитивно сум за детско штедење.
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
18.06.2009, 10:27
mami
8680
Лука има книшка во банка, девизна и сите пари што ке ги добие се претвораат во евра и се ставаат на сметка...дефинитивно гласам ЗА штедењето..па и мене ми е мерак еден ден да му дадам книшка полна пари и да си ги искористи за нешто што нему ке му значи
18.06.2009, 18:14
Anushka
1392
so ogled na toa deka nemam bliski rodnini koi bi se grizele za moite sinovi ako mene me snema, pred nekolku godini go osigurav mojot zivot, a korisnici se decata. Ako se` pomine vo najdobar red (t.e. mene ne me snema), toa osiguruvanje si go podigaat kako steden vlog so mala kamata na denot na nivnoto polnoletstvo. Inaku, koga bea mali stedea vo kasicka, a so parite si kupuvaa koga im trebase nekoja poskapa igracka. Bea interesni, zatoa sto koga odea da pazarat so sopstvenite, zastedeni pari, se` im bese skapo, po pravilo ne si kupuvaa nisto, sto ne bese slucaj koga im kupuvav jas.
18.06.2009, 19:38
Боцко
806
се разбира дека имаме. детско штедење во нлб избравме веднаш по првиот роденден. но размислувам и за опцијата постепено штедење кога секој месец се уплаќа минимум 15 евра. така кога ќе наполни 18, би имал барем 5000 евра. можеби и повеќе ако се земе дека за роденден добивал по 300-400. да стигне до 10.000 би било супер, со оглед на тоа што веќе и ние како во америка треба да штедиме за факултет на своите деца!
белата тетка
_____________________________
Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.
18.06.2009, 19:58
katence
222
I nie stedime sekoj mesec,na dogovoreniot datum sekoj mesec iskaca mala suma i pravo na smetka kaj niv.Na 18 rodenden ke mozat da si gi zemat i upotrebat.
18.06.2009, 20:57
mami
8680
На белата тетка многу и се допаѓа планот на Боцко..и ние размислувавме за тоа одредена сума да се уплаќа секој месец..и да, како што тргнало треба да штедиме за факултет
18.06.2009, 21:57
mis.
3845
На третиот роденден отворивме штедна книшка на Мартин во Прокредит банка каде ставам пари во секоја можна прилика а од банка ни дадоа касичка каде ги чуваме монетите и од нов купуваме играчка по желба на син ми за да го мотивира за понатапошно штедење.Баш пред 2 дена ја наполнивме ги окрупнивме и со сите 752 ден купивме бен тен.Цел ден си играше со нив,беше презадоволен.Сега планирам штедна книшка и за Стефан и касичка и за него за монетите.
18.06.2009, 22:05
Еца
6692
И нас од прокредит бнка ни дадоа касичка, но смешное е тоа што кога ќе ја наполниме касичката(а Мартина става и книжни, знае и ако има на маса да си ги земе и вика јас ке си ги ставам во касичката и трча во соба )таа вика ајде сега да одиме во банка, кај ми е кишката
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
18.06.2009, 22:39
mami
8680
не му се смејте на детето, па тоа само сака да си заштеди, треба да сте горди на тоа...играчки знае дека и вака и така ке добие од некој, алишта мора да и купите...паметна е Мартина, си направила план
07.08.2009, 11:36
big_mama817
1331
da i jas sum za stedewe pa taka da do sega maliot ima sobrano dobra suma ne se znae koga i za sto ke mu pritreba koga ke porasme
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
07.08.2009, 11:40
niki
4299
Koga se rodi kerka mi neli si imame fin obicaj site sto ke ja vidat prv pat da i dadat nekoj dinar, taka fino i imav sobrano edna pozamasna svota i planirav da i otvorime kniska i da gi stavime kako vlog, arno ama imavme nekoi trosoci i gi pozajmivme nejzinite pari i eve uste gi dolzime, eden den ke se razdolzime. Krivo mi e sto vednas ne gi staviv na kniska, ama toa e. Sega na poslednoto patesestvie sto go imav i kupiv poklon kasicka i sega site sitni pari zavrsuvaat kaj nea, ona kazuva deka sobira paricki da si kupi igracka, pa taka cekame da ja napolnime kasickata i da vidime sto ke bide.
07.08.2009, 11:44
ripce
2148
Еее вчера баш се јави една роднина на мм која работи во Стопанска банка и кажале од работа дека треба да најде 7 деца за детско штедење. Ние и претходно знаевме за оваа можност така да во најскоро време ќе отвориме детска книшка. Размислувавме за опцијата парите да ги претвориме во евра и да ги орочиме на 3 години.
18.08.2009, 08:55
Bile
440
i jas i otvoriv na kerka mi stedna kniska vo Uni banka i sobirame pari samo od rodenden site najbliski i stavaat pari na kniska a nie nikako da soberema da stavime nekoj denar (evro) ama ke bide sega sum vo mala finansiska kriza ama odi na podobro
18.08.2009, 08:57
profesorica
5709
Ima sega novo detsko stedenje vo STOPANSKA se vika PCELKA i kamatata e 13% nie mu otvorivme na damjan tamu smetka.on imase uste koga se rodi mu otvorivme smetka i sega planirame i tie pari na pcelka da gi prefrlime posto kamatite se super.
18.08.2009, 08:59
mami
8680
еј дај бе, се исплати тоа? Лука има таму книшка отворено, ама еве цела година се канам да отидам во банка да ги орочам и никако да отидам, а читав за таа Пчелка и вака интересно и исплатливо изгледа
18.08.2009, 09:12
profesorica
5709
epa do sega nemalo tolku povolona kamata ova e novo i + imaat povolnosti ti davaat karticka za popusti vo detski prodavnici i imas 50% popust za slavenje rodenden vo igrotekata vo MKC koja e novorenovirana od strana na Stopanska banka.13% e dosta povolna kamata.i + nekoi pokloncinja davaat slikovnici, boenki, tevterce toa e povekje simbolicno.inaku se orocuvaat na 2 ili 3 godini
08.10.2009, 17:25
Brankatranka
1
Jas na moite dve decinja pocnav da im investiram pari vo investiciski fond Ilirika, ne znaete kolku se isplati.Ima minimum prinos od 20% na godisno nivo, a bankite davaat samo 5-10 %.Mislam deka go odbravme najdobriot prioizvod, zasto od Nova Godina do sea ima ostvareno prinos od 30%.
Super e toa da mislis na idninata na svoite decinja
Neli?????
30.10.2009, 13:43
profesorica
5709
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila na mama
Утре, 31 октомври е светски ден на штедењето. Колку штедите? На што заштедувате? Успевате ли во денешно време да направите некаква заштеда во банка или под перница? Имаат ли вашите најмали фонд, штедна книшка или касичка и колку им создавате навика за штедење? Сметате дека е корисно да бидат штедливи?
ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29
овде има за детско штедење КЛИКНИ ОВДЕ.
А што се однесува до првиот дел од прашањето,да штедиме во банка.имаме и некоја сума ,дома како што би се рекло под перница,ама тоа е за не дај боже!
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
30.10.2009, 13:45
profesorica
5709
Ние штедиме за Дамјан, прво отворивме штедна книшка од стопанска банка и ставивме парички таму а потоа се појави она новото ПЧЕЛКА детско штедење па и таму ставивме пари.деновиве треба да ги префрлиме за сите пари да ни бидет на едно место а воедно да додадеме уште некој денар што имаме дома собрано.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
30.10.2009, 13:54
natasha
430
Luka ima stedna kniska vo Prokredit banka,veke 4god i sekoja paricka sto si ja dobiva ja stavame na smetka,a dodeka sitnite paricki si gi cuva vo kasicka i mu sluzat za kupuvanje na igracki
30.10.2009, 15:06
jovanka
1745
Bidejki ni se blizi prviot rodenden ovi denovi intezivno razmisluvav da mu otvoram kniska, samo razmisluvam koja od bankite dava najpovolni uslovi.I vaka parite ke se potrosat za gluposti barem vaka ke bidat iskoristeni za nekoja korisna rabota koga ke mu zatreba.
_____________________________
Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
30.10.2009, 18:24
ripce
2148
Ние со мм му отворивме една ПЧЕЛКА и на неа му ги ставивме сите пари што ги имаше од раѓање, а една доби и од моите
30.10.2009, 18:44
Maca25
7558
Планраме после првиот роденден на Нинка да и отвориме штедна книшк. Се уште не знам каде, има време. Инаку од општината Карпош јас добив 10000 денари кога се роди нина (даваа за секое родено дете во 2009) и тие пари мислевме да ги ставиме во банка, но ни требаа и ги позајмиме од Нина. Сега ќе треба да и ги враќаме со камата
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
23.12.2009, 12:00
profesorica
5709
пред некој ден пак му уплативме парички на Дамјан во банка на пчелка
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))