за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
За жал има и такви случаи,деца оставени сами на себе...Еве еден пример.......мајка им ги напушти се премажи нејзиниот маж,не ги прифаќа овие нејзини деца од предходниот брак....децата се оставени кај татко им....татко им пијаница и кога ги заклучува надвор кога се дома, мислам страшно јас лично се знам со нив и незнам како да има помогнам Девојчето има 11год а момчето има 12,5год почнале да крадат,лажат неодат на училиште а баба им хм која толку се секира демек за нив ништо не превзема,а знае да се чука во гради дека ги гледа,а што гледа мислам страшна е ситуацијата ,страшен е и патот по кој тргнале овие дечиња само заради тоа што се оставени сами на себе и прават што ќе им текне......
Како би реагирале вие во ваква ситуација Како би им помогнале? Што мислите за вакви случаи што е најдобро?
_____________________________
Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........
14.05.2010, 11:08
niki
4299
За жал има и такви ситуации, кога мајката пред децата се става себе и својата среќа.... Многу тешка ситуација и навистина незнам како би можела да помогнам во таква...... во некои нормални држави би можело да се пријави во социјална служба, но дали е тоа подобро решение.... децата се големи и напуштени од двата родители и за тоа свесни и повредени, што не верувам дека било што може тоа да го поправи. Од бабата неможеш ни нешто многу да очекуваш, во нејзино време така се гледале деца како што таа ги гледа, но времињата се сменети и затоа тоа што го прави е недоволно... Некој некако треба да допре до свеста на родителите, но од друга страна да ја имале не би ни дошле дотука... Можеби како пријател да се поставиш кон децата, да им покажеш дека можеш да им се најдеш, дека сакаш да им помогнеш, но тоа е преголема одговорност, дали ќе сакаат да ја прифатат, на тие години тие никого не слушаат, па најмалку би слушале некој загрижен комшија....... Незнам, се изнапишував, ништо паметно не кажав....
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
14.05.2010, 11:19
Bogdancanka
5422
за жал тие не ми се комшии,тоа се деца на моја прва братучеда од која одамна се имав одкажано.......баш поради нејзините постапки,одсекогаш се поставуваше она пред нејзините деца секогаш беше битна нејзината среќа а не среќата на децата одсекогаш сум сакала да им помагам на тие деца за да не дојде до ова ситуација али ете дојде до момчето е потешко да се допре а до девојчето е полесно,али пак е тешко затоа што слушам само лаги пред некој ден бев за Гевгелија и зборев со девојчето и се изнаслушав еден куп лаги,едно ми кажа мене друго на сестра ми.......незнам како да и се поставам дали да бидам строга или појма немам како Само знам дека ме боли тоа што гледам како си го уништуваат животот оставени сами на себе...
_____________________________
Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........
14.05.2010, 11:48
niki
4299
Уште пожалосно кога се работи за роднини.... но тука е веројатно полесно да им се приближиш колку толку... Немој строго, само пријателски, полека претпазливо, да стекнат доверба во тебе....... Разговори многу разговори, без да ги осудуваш за она што го прават бидејки сето тоа го прават поради тоа што се длабоко повредени и патат. Не се тие многу големи за да неможат да се вратат на прав пат, ако има кој да ги упати, кој да им даде љубов и сигурност. Да ги викаш на гости кај тебе за викенди, па така да почнеш да им помагаш со училишните задачи, да им го организираш времето со некои активности што им се интересни и така да им се приближиш за да почнат да ги прифаќаат советите кои би им ги давала. Незнам, ти си ги познаваш веројатно има накој начин како да им се приближиш, само треба да го најдеш. Децата обично си ги сакаат тетките па тоа некако искористи го... Ајде и овие мајкиве со поголеми деца може ќе се јават со некоја идеја... Најважно е дека сакаш да помогнеш, тоа е еден голем чекор напред....
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
14.05.2010, 12:35
nadica
4381
ах мила ... ...ти си пред многу тешка задача и цел која сакаш да ја постигнеш затоа само претпазливо прво да стекнат доверба во тебе да научат дека нема да ги оставиш на цедило па што и да се случи и што и да направат дека ќе бидеш покрај нив а сепак да им го покажуваш правиот пат ти го можеш тоа мила знам де3ка ќе го најдеш патот до нивните срца
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
14.05.2010, 15:44
Bitolcanka
2461
Се сложувам во целост со Ники. Биди упорна, трпелива, сигурна сум дека ќе успееш. Побарај помош и поддршка и од некој друг член од семејството, нивни близок роднина - повозрасно лице. Не се многу големи, но ни мали за да не можеш да влијаеш на нив. Ќе не известуваш за евентуална промена, ние сме со тебе
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...