cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Деца со оштетен слух

clock-img

02.08.2010, 09:01

clock-img

beki RR

pencil-img

511

Околу 2 до 3  на 1000 деца се раѓаат со некакво оштетување на слухот. До губење на слухот исто така може да дојде и покасно кај деца кои се родиле со нормален слух. Оштетувањето на слухот може да биде на едното или на двете уши, во зависност од степенот на оштетувањето може да биде: балго, умерено, тешко и целосно или глувост. Постојат повеќе причини за оштетен слух:Сензорнеуралниот губиток на слухот

Сензорнеуралниот губиток на слухот е трајно оштетување и за него не постои лек. Ова е најчестиот вид на оштетување на слухот.

Кај ова оштетување можат да помогнат апаратчиња за слух, всушност 90% од лугето кои носат овакви апаратчиња имаат сензорнеурални оштетувања. Причина за појава на сензонеурално оштетување на слухот е проблем во внатрешното уво. Причини кои можат да доведат до него се следните:

  • Изложеност на бебето на некои хемикалии додека се наоѓа во утробата на мајката.
  • Генетски промени, како Даунов синдром.
  • Инфекции за време на бременоста, на пример рубеола во првите месеци од бременоста или цито мегало вирус.
  • Инфекции по раѓањето, на пример бактериски менингитис.
  • Проблеми во структурата на внатрешното уво.

Кондуктивно оштетување на слухот

Кондуктивното оштетување на слухот се јавува кога има пречка во спроведувањето на воздухот низ каналот или коските во средното уво. Резултат е намален звук кој доаѓа до внатрешното уво. Може да се јави ако увото е затнато со ушен восок, ако има вода во средното уво, ако има некоја инфекција во средното уво, некоја препрека во каналот, пробушување на ушното тапанче или заболување на некоја од трите коски во средното уво. Луѓето со потешкотии во спроводливоста на слухот можат да имаат чувство дека ушите им се затнати или полни. Причини за кондуктивно оштетување на слухот може да бидат следните:
  • Абнормалност на структурата на ушниот канал или средното уво.
  • Насобран восок во увото.
  • Ушна инфекција, особено ако инфекцијата се повторувала повеќе пати.
  • Присуство на страно тело во увото.
  • Повреда.
  • Пробушување на ушното тапанче.
  • Тумор

Комбинирано губење на слухот
Кај комбинираното оштетување на слухот има сензорнеурално и кондуктивно оштетување.
Централно губење на слухот 
Централното оштетување на слухот доаѓа од оштетување на слушниот нерв или на мозочните патишта кои водат до нервот. Централниот губиток на слух ретко се среќава кај децата. Може да се јави како релузтат на:
  • Заболувања кои влијаат врз заштитниот слој околу клетките на слушниот нерв.
  • Тумори.
Високо ризични фактори Од раѓање до 28 дена
  • Дефрмации на увото, носот или грлото.
  • Рубеола за време на бременста.
  • RH некомпатибилност на родителите.
  • Семејна историја на губење на слухот.
  • Апгар од 0-3.
  • Сериозни инфекции кај бебето.
  • Менингитис.
  • Раѓање на бебето со премала тежина.
  • Хипербилирубинемија.
  • Тешки респиратотрни уштетувања.
Од 29 дена до 2 години
  •  Менингитис
  • Повреда на главата
  • Неуро дегенеративни нарушувања
  • Инфекции
     Знаци на нормален развој
  • Од раѓање па до 4 месеци: Кога му зборувате на бебето, како одговор запира со движењата или се смирува. Се штрекнува на силен звук. Ги движи очите кон изворот на светлина. Се буди од ненадејна силна бука.
  • од 4-7 месеци: Почнува да ја врти главата кон изворот на звукот. Се смее кога му зборувате, реагира со поглед кога го спомнувате неговото име. Почнува да гуга.
  • од 7-9 месеци: Се врти за да го пронајде изворот на звукот кој му е надвор од видното поле. Разбира кога ќе му кажете "не".
  • Од 9-12 месеци: Ги имитира звуците. Кога ќе именувате некој предмет погледнува кон него. Реагира на музика. Разбира едноставни наредби.
  • Од 13-18 месеци: Ги разбира емоциите на другите. Употребува 3-20 збора.
  • Од 19-24 месеци: Употребува повеќе зборови. Кога поставува прашање го подига гласот на крајот на реченицата. Употребува околу 50 збора. Имитира звуци на животни.
 Терапијата кај децата со оштетен зависи од причината за оштетниот слух и може да вклучува:
  • Говорна терапија
  • Знаковен јазик
  • Комуникација преку слики
  • Апарати за слушање
  • Вградување на импланти во увото

clock-img

02.08.2010, 09:02

clock-img

beki RR

pencil-img

511

Децата со оштетен слух имаа можност 10 дена да се едуцираат и да се забавуваат во рамки на летниот камп за деца со посебни потреби што го организира Центарот за образование и рехабилитација „Партение Зоографски“. Милисав Јовановски, воспитувач во Центарот соопшти дека целта на кампот е на децата со оштетен слух да им се овозможи дружење, едукација, забава и спорт. Тој посочи дека со летниот камп се овозможува дружење преку дополнителни содржини на децата кои по завршување на учебната година се враќаат во местата на живеење и кај нив се јавува осаменост бидејќи комуникацијата им е ограничена. Оваа година гости на Летниот камп беа децата со специјални потреби од Словенија, со што кампот доби интернационален карактер. Одржувањето на Летниот камп е помогнато од „Титан Цементарница Усје“ која е долгогодишен партнер на Центарот за образовани и рехабилитација „Партение Зоографски“.

clock-img

06.10.2010, 12:25

clock-img

HANA 21

pencil-img

8

Funkcija na uvoto

 Vo uvoto e smesten organot za sluh i organot koj ima vazna uloga vo odrzuvanje na ramnotezata.Ovie dva organi se smesteni vo vnatresnoto uvo.Od fizioloska gledna tocka,uvoto e sostaveno od:aparat za prenos na drazbite i aparat za priem na drazbite(receptoren)del.

Kako slusame

1.Zvukot se sobira od strana na usnata skolka(auricula)i niz usniot kanal se upatuva do slusnoto tapance.
2.Slusnoto tapance gi preobrazuva zvucite sto doagjaat vo vibracii.
3.Lanecot od kovcinja(cekance,nakovalna i uzengija)e postaven prema dvizenjeto na vibraciite,pritoa sproveduvajki gi do kohleata(vnatresnoto uvo).
4.Tecnosta so koja e ispolneta kohleata,pocnuva da se branuva,stimulirajki gi pritoa keliite od vlaknenca.
5.Keliite od vlaknenca sozdavaat elektricni signali koi gi sobira slusniot nerv.Na edniot kraj od kohleata,keliite so vlaknenca prakaat zvucna informacija so nizok ton,a na drugiot kraj od kohleata keliite so vlaknenca prakaat zvucna informacija so visok ton.
6.Mozokot gi interpretira elektricnite signali kako zvuci.

< Поракaта ја уредил beki -- 6.10.2010 13:01:53 >

clock-img

06.10.2010, 12:37

clock-img

HANA 21

pencil-img

8

Prvite 6 meseci doenceto refleksno reagira na zvuci.Reagira so ocite(auropalpebralen refleks),so dvizenje na celoto telo(gi siri ramenjata i racete,a potoa gi stisnuva ramenjata)i pocnuva da place.
Pokasno ako ima dobar vid go prepoznava izvorot na zvuk i se vrti prema nego.
Na 7meseci go prepoznava izvorot na zvuk na 1metar i se vrti prema nego.
Na 10meseci lokalizira zvuk vo vertikalna ramnina i se vrti kon nego i na rastojanie od 3metri.
Na 1godina izgovara jasni zborovi:mama,tato,dedo i dr.
Vo tekot na vtorata godina deteto go zbogatuva svojot recnik,pravi ednostavni,prosti recenici,slusa i se odziva od druga prostorija.
Vo tekot na tretata godina mnogu brzo se razviva govorot i jazikot.
Nagluvite i gluvi decinja nemaat refleksni akusticni odgovori,mirni se i kutlivi.
Ako deteto do najkasno 16meseci ne kazuva prepoznatlivi zborovi,treba vednas da se upati na ispituvanje na sluhot.

< Поракaта ја уредил beki -- 6.10.2010 13:02:27 >

clock-img

06.10.2010, 12:45

clock-img

HANA 21

pencil-img

8

Za ispituvanje na sluhot postojat mnogu metodi megju koi ke gi spomnam
1.Audiometrija
2.BAEP test
3.Otoakusticna emisija
4.SISI-test
5.Langenbekov test
6.Carhardov test  i mnogu drugi

< Поракaта ја уредил beki -- 6.10.2010 13:02:57 >

clock-img

06.10.2010, 13:04

clock-img

HANA 21

pencil-img

8

Za gubenjeto na sluhot postojat mnogu pricini(za niv e pisuvano vo pogorenavedeniot teks).

Vo zavisnost od toa koj del od uset_o e osteten,razlikuvame tri vida gubenje na sluhot:

1.Konduktivno(sprovodno)gubenje na sluhot

Bilo kakov problem vo nadvoresnoto ili srednoto uvo koj mu smeta na uvoto pravilno da gi sproveduva zvucite e poznato kako konduktivno gubenje na sluhot.Toa e voglavno umereno ili blago i go namaluvaat sluhot do 60 ili 70db.Vo nekoi slucai konduktivnoto gubenje na sluhot moze da bide i privremeno.Vo pogolem broj slucai,lecenjeto ili operacija moze da pomognat,vo zavisnost od specificnosta na pricinitelot na problemot.Za konduktivnoto gubenje na sluhot najcesto mozatda pomognat slusnite aparati.user posted image

< Поракaта ја уредил beki -- 27.12.2010 10:39:50 >

clock-img

06.10.2010, 13:21

clock-img

HANA 21

pencil-img

8

Senzonervno gubenje na sluhot

Problem vo kohleata(vnatresno uvo),moze da predizvika senzonervno gubenje na sluhot.Senzonervnoto gubenje na sluhot proizleguva od isceznuvanje ili ostetuvanje na senzonervnite kelii(kelii od vlaknenca)vo kohleata i voglavno e traen.Poznato e isto taka i pod nazivot"nervna gluvost"i moze da bide blago,umereno,seriozno i apsolutno.Hirurskite proceduri ne moze da go izlecat senzonervnoto gubenje na sluhot,osven vo nekoi slucai.Dokolku se raboti za blago do seriozno senzonervno gubenje na sluhot,najcesto moze da pomogne slusen aparat.Dokolku se raboti za seriozno ili apsolutno gubenje na sluhot,najcesto mozat da pomognat kohlearnite implanti.


Nervno gubenje na sluhot
 
Bilo kakov problem koj rezultira so otsustvo ili so osteten slusen nerv,moze da predizvika nervno gubenje na sluhot.Nervnoto gubenje na sluhot e apsolutno i trajno.
Slusnite aparatcinja i kohlearnite implanti,ne mozat da pomognat,zatoa sto nervot ne moze da go prenese zvukot do mozokot
Slusnite"BRAINSTEM"implanti mozat da pomognat samo vo nekoi slucai.


< Поракaта ја уредил beki -- 27.12.2010 10:41:36 >

clock-img

26.12.2010, 14:23

clock-img

aneale

pencil-img

1

user posted image jas sum nova na forumov i sakv da razmenime mislenje so nekoj koj ima dete so problemi so sluhot ili  sto nosi aparatcinja za slusanje

< Поракaта ја уредил beki -- 27.12.2010 10:41:04 >

Последни статии

article-img