Еве една нова тема,за која повеќе прочитав деновиве,откако разговарав со една пријателка на мојата сестра,чија ќерка се бори со дислексијата...
ДИСЛЕКСИЈА-Синдром зад кој често се кријат вистински мали генијалци...
Насловот на текстот не е без основа-Алберт Ајнштајн,Томас Алва Едисон,Леонардо Да Винчи,Пабло Пикасо,Волт Дизни,Агата Кристи,Џон Ленон и многу други значајни личности имале дислексија,што само потврдува дека поради дислексијата научиле да развијат поинаков стил на размислување и визуелизација,а со своите способности се истакнале и запишале помеѓу великаните.
Синдромот на специфични јазични потешкотии попознат како дислексија,кај нас е сеуште недоволно познат и недоволно прифатен,на штета на многу деца кои мораат да се носат со оваа потешкотија.Родителите,наставниците, воспитувачи и сл.,поради недоволна запознаеност со оваа проблематика можат лошо да влијаат врз децата и притоа дополнително да им го отежнат нивното растење.Според многу истражувања утврдено е дека дислексијата е попристуна кај машките деца и децата кои пишуваат со лева рака.
Дислексијата се јавува во најраното детство и вообичаено се открива во првите школски денови,кога детето ќе почне да ги совладува техниките на читање и пишување.Децата со дислексија се просечно или натпросечно интелегентни,многу креативни,со посебен стил на размислување.Кај дислексијата постојат повеќе облици и нивоа,а правовременото откривање,подршката на околината и соодветната терапија можат да помогнат при справувањето со овој проблем.
Примарен проблем кај овој синдром е што родителите не можат да го препознаат.Оние родители кои слушнале или читале за овој проблем,истиот можат да го препознаат кај децата уште на предшколскат возраст,но и тогаш со сигурност не може да се тврди дека станува збор за дислексија.
Вообичаено,децата со дислексија го менуваат редоследот на буквите или слоговите при читањето,заменуваат или изоставуваат некои букви,менуваат,додаваат или изоставуваат одредени зборови. Ракописот кај овие деца е често неуреден и неразбирлив,често доаѓа до изоставување на поедини букви или слогови,како и потешкотии при изразувањето на мисли при пишувањето.Децата со дислексија се често дезориентираниво времето и просторот и не мозат точно да го одредат временскиот тек на случувањата.Во зависност од обликот,односно нивото на дислексијата,детето може да ги има сите или само некој од овие симптоми.
Повеќето стручњаци се сложуваат дека основна причина за појава на дислексијата е замената на функцијата помежу левата и десната мозочна половина.Имено,за читањето и пишувањето е задолжена левата мозочна половина,која уште се нарекува и аналитичка.Кај децата со дислексија,поради доцен развој на оваа половина од мозокот,овие функции (функциите на пишување и читање) ги презема десната мозочна половина,која примарно се занимава со синтеза на информации од визуелен и аудитивен тип,така да се појавуваат потешкотии при анализа на зборовите,што всушност објаснува зошто лицата со дислексија размислуваат на визуелен начин.
< Поракaта ја уредил pacuvce -- 4.1.2010 14:13:57 >
_____________________________
Love is in the air