cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Добри манири на децата

clock-img

26.11.2012, 08:15

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Никогаш не е премногу рано децата да почнат да се учат на основните добри манири кои ќе му помогнат да се однесува воспитано, љубезно и со должна почит кон околината. Од двегодишна возраст децата се веќе подготвени да започнат да се учат како треба да се однесуваат учтиво и љубезно.
Кои се основните манири кои вашите деца ги знаат, односно сте ги научиле?



_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

26.11.2012, 10:35

clock-img

Beatris

pencil-img

3116

A знае да каже фала, те молам, извини, ме слуша кога сме со луѓе и не се качува на глава, фина си е, ама од дома ја припремам пред секое излегување... Толку за нашите 18 месеци сега за сега user posted image

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

clock-img

26.11.2012, 13:25

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Знае да кажува повели, фала. те молам. Знае дека сабајле треба да каже добро утро, добар ден и добра вечер ги меша. После добро утро следува како си, е сега не дочекува секогаш одговор туку веднаш аа себе си кажува јас сум добар. Пред спиење кажува лека ноќ (така баба му го научи и сега јас не можам да го убедам дека се вика добра ноќ) Извини сега учиме. Исто сега учиме дека на некои места не е дозволено трчање и викање, и како гледам ова ќе ни оди потешко од останатото user posted image

clock-img

26.11.2012, 13:39

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Истото и мене ми се случи со „лека ноќ“ и сакав да си го научам да вика добра ноќ, ама откако видов дека зборот „лека“ е валиден и го има во дигиталниот речник, ми се смири душичката. „Лек“ е изведенка од „лесен“, па значи не е погрешно :)

Инаку, Филип знае да каже фала, повели, благодарам, добро утро, добар ден, добро вечер, пријатно, извини... Кога сме на гости и ако има нешто на маса прво прашува дали може да си земе, а исто и дома гости кога имаме. Прво прашува дали може, после си зема. Ова со прашувањето татко му го научи, негова заслуга е.
Иако е 93843939534875345 на саат, задоволна сум од неговите добри манири како за дете од 2,5 години. Си има и лоши манири, ама за тоа во друга тема user posted image

< Поракaта ја уредил Pepelaska RR -- 26.12.2012 14:31:55 >


_____________________________

Live and let live

clock-img

26.11.2012, 19:19

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

Znae od vreme na vreme da kaze fala,poveli...prijatno...a navecer koga si legnuvame obavezno mi vika dobra nokj mamicke

clock-img

26.11.2012, 23:30

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Често кажува фала/повели.. Дури и кога играме нешто, на пр. докторки ми се обраќа со Вие, повелете докторке книшката. Боцнете го бебево.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

27.11.2012, 17:41

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Еве еден текст, ќе го преведував од бугарски, ама фемина.мк веќе го преведиле

Како да го научите вашето дете на добри манири?

Никогаш не е премногу рано да започнете да го учите вашето дете на основните добри манири, односно да го научите како да покажува љубезност и почит. Кога ќе увидите дека вашето дете започнува да го прифаќа и/или имитира однесувањето на возрасните, време е да започнете со мали лекции за добри манири. Тие лекции играат важна улога во градењето на карактерот на детето.
Детето треба да се научи на добри манири уште од мали нозе затоа што тоа помага во градењето на неговиот карактер

Децата од двегодишна возраст веќе се подготвени да започнат да учат како треба да се однесуваат учтиво и љубезно. Подолу прочитајте кои се основните добри манири што вашето дете треба да ги научи во предучилишна возраст, како и неколку совети за полесно да се справите со процесот на учење.
Употреба на „Благодарам“, „Те молам“, „Извини“

Најдобриот начин да го научите вашето дете да ги употребува овие зборови е да му кажете дека тоа се магични зборови. На пример:

„Те молам“ има моќ да направи луѓето полесно да му го дадат тоа што го бара;
„Благодарам“ има моќ да направи луѓето да му помагаат повторно во иднина;
„Извини“ има моќ да направи луѓето полесно да му простат кога ќе погреши нешто.

Се разбира, ова треба да му го објасните со практични примери и повеќекратно да го потсетувате во ситуациите кога треба да ги користи зборовите. Кога ќе каже „Сакам смоки“, вие треба да го потсетите дека треба да го каже магичниот збор „те молам“ за да ги добие. Кога ќе добие подарок од својата баба, потсетете го дека треба да каже „благодарам“. Кога ненамерно или намерно направи нешто што ќе го налути неговото другарче, потсетете го дека за да продолжат да бидат вистински другари треба да каже „извини“.

Но, најважно од сè е да не барате само од вашето дете да ги кажува овие магични зборови, туку и вие да ја почитувате поговорката „Добриот збор железни врати отвора“. На пример, кога ќе сакате вашето дете да ви даде нешто, кажете „те молам подај ми го...“. Кога ќе ви подари нешто (како негов цртеж) или кога ќе сподели нешто со вас (на пример, ако ви даде дел од неговото чоколадо), веднаш речете „благодарам“.
Добри манири на масата

Вашето дете треба да учи како да се однесува на масата уште од мали нозе. Основните манири кои детето треба да ги научи за да покаже добро однесување на масата се:

да ги мие рацете пред да седне да јаде;
да не зборува со полна уста;
да џвака со затворена уста.

Кога ќе успее да се придржува кон нив, започнете со нови лекции – како се држи ножот, а како виљушката, како се поставуваат рацете на масата и сл.

Особено е важно да не му ги претставувате овие правила без дополнително објаснување. Наместо само да му кажете „не зборувај со полна уста“, објаснете му дека воопшто не е пријатно другите луѓе да ја гледаат џваканата храна во неговата уста и дека тешко можете да разберете што кажува ако истовремено џвака.

Никогаш не го повишувајте тонот ако вашето дете заборави на доброто однесување. Бидете трпеливи.
Поздравување и разговарање

Со тоа што ќе го научите вашето дете да ги поздравува луѓето кои ги среќава, вие не само што ќе му создадете навика да биде љубезно, туку ќе го научите како да комуницира. Комуникацијата со возрасните ќе му помогне да ја победи срамежливоста. Кога ќе стапи во контакт со друго лице, вашето дете треба:

да каже „Здраво“;
да го гледа соговорникот во очите;
да одговори на прашањата кои му ги поставува соговорникот;
да каже „Довидување“.

На почетокот ќе треба вербално да го потсетувате што да направи, но ќе забележите дека со тек на време доброто однесување ќе му доаѓа природно.
Златни правила:

Повторувањето е мајка на знаењето. Искусните родители знаат дека за да добие детето навика, потребно е да помине време. Како добри родители, вие треба постојано да се обидувате да му го наметнувате доброто однесување преку повторувањето.
Вашето дете е ваше огледало. Децата се како сунѓер. Примаат сè што се случува околу нив. Бидете добар пример. Како што се однесувате вие, така ќе се однесува и вашето дете. Практикувајте ги добрите манири за да израснете воспитано и културно дете.





_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

27.11.2012, 18:04

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Инаку Михаил беше многу мал, се сеќавам година и некој месец и почна да ми вика „Молам“ кога ќе му викнев, се чудев, зашто никогаш на тој збор го немав учено, сметав дека е мал. Сега летово имаше еден период (научи од едно комшивче) кога наместо молам, велеше „А?“ или „Шо“ страшно се нервирав, ама со упорност се одучи и сега пак вика молам или Како, ако препрашува нешто.
Други манири повели, фала, извини малку потешко го кажува, ама мислам дека ќе се навикне, потоа го учам кога ќе се вратиме од градинка да ги мие рацете исто така и пред седнување на маса, да јади со затворена уста и да не зборува додека џвака, сепак дете е, некогаш му се згрешава. Знае да каже добар ден и чао, а навечер добра ноќ и мирно сонче. Кога одам на работа повеќе не плаче по мене, ме гушнува, ме бакнува и ми кажува чао. Знае дека отпадоци се фрлаат во канта и кога сме во парк ако јадеме нешто, бара канта да го фрли отпадокот.
Интересен е што кога мочка, т.е. кака не ме остава да стојам до него ми вика Оди таму, срамота е, ама кога мама го прави тоа, тој влегува со мене во купатилоuser posted image
Е сега секако не секогаш сака да комуницира со непознати, односно да одговара на прашања, па сега брзо изненади кога една баба почна да го прашува и си одговараше на прашањата и бабава кога си заминуваше му даде смоки, па тоа јас го искористив да му кажам дека бил умен и разговарал со бабата и затоа таа му дала смоки и дека треба и другпат кога некој ќе го праша нешто да одговори.
Се разбира дека и јас секогаш гледам да имам добри манири пред него, односно му кажувам Повели кога му давам нешто или Фала ако тој ми даде нешто, ако по грешка нешто му направам, му кажувам Извини и слични работи.

А како вие се однесувате пред децата и на кој начин ги учите за добрите манири и ако некогаш не сакаат нешто да научат кој методи ги применувате?user posted image

< Поракaта ја уредил Snowhite -- 27.11.2012 18:10:44 >


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

27.11.2012, 21:39

clock-img

niki

pencil-img

4299

jas ne priznavam deka ima nesto sto ne sakaat decata da naucat, tuku se zavisi kolku nie se trudime da gi naucime
kako i se drugo i dobri maniri se ucat so zboruvanje, objasnuvanje i davanje pozitiven primer vo site situacii vo koi ke se najdeme
kerka mi so nepoznati luge e rezervirana pa vo takvi situacii najcesto moram da ja ohrabram so pozdravi go cickoto ili kazi kako se vikas, sto velime koga ni dava nekoj nesto i tn dodeka ne se oslobodi potoa samata si ja prevzema komunikacijata i odlicno se drzi
vo domasnata biblioteka imame 2 knigi koi obrabotuvaat dobri maniri i si gi citkame od vreme na vreme
isto taka pred sekoe izleguvanje od doma razgovarame za toa kade odime, sto tamu ke pravime i sto ocekuvame od nea, kakvo odnesuvanje e prifatlivo tamu
sega sme vo faza na persiranje i mnogu cesto ima obicaj da mi se obraka so Gospogo Mama...
i se pocesto recenicite i pocnuvaat so: Gospogo Mama, znam deka ke recete ne, no moze li sepak da Ve prasam nesto....
ima svateno deteto deka ubaviot zbor zelezni vrati otvora i go koristi toa user posted image


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

26.12.2012, 14:34

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820

Сега засега знае да каже фала ако добие нешто, повели ако дава ( пред некој ден бараше вода му викам еве и ми вика мамо речи ми повели user posted image срце мало) сега научи и кога ке стане да каже Добро утро.
Не сакам да го заморувам многу оти ептен брзо разбира се , ама полека полека ке учиме.А најново нешто што ме стопи цела беше Ја многу те сакамuser posted image



_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

12.03.2013, 15:11

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

koga doagam od doma ke se strca da me gusne i ke mi rece:koga se doaga od rabota se mijat race...ili koga jademe go gasi Tv demek koga se jade ne se gleda tv
navecer obavezno me baknuva i mi vika dobra nokj,sabajle dobro utro
fala ako i dades nesto,poveli i slicno

clock-img

12.03.2013, 15:12

clock-img

Tanjicka

pencil-img

475

vednas koga ke kivnam mi vika- Nazdravje mamo!

clock-img

12.03.2013, 15:19

clock-img

Tanjicka

pencil-img

475

a Filip pak iako e mal seutse uste od 15 meseci znae sto e za vo kanta za gubre i vednas tamu go frla, srcence na mama

clock-img

12.03.2013, 15:22

clock-img

Ikana

pencil-img

3780

Мора уште од најрана возраст да им се всадат тие манири, се знае дека домашното воспитување е најважно.

clock-img

12.03.2013, 22:26

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Сега му е актуелно Извини и тоа не толку тој да се извинува, туку ние него да му велиме, дури некогаш и кога нема потреба, вчера на пример се удри со вратата и мене ми вели Речи ми извиниuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

28.11.2013, 13:00

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

Vo posledno vreme pocna da si gi stava kondurcinjata na mesto...doaga se soblekuva,jaknata na mesto,kondurite vo skafceto i odma si gi oblekuva toplinkite,duri nekogas i moite patiki ako gi zaboravam mi gi stava u skaf ( za sramota sum)user posted image

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

clock-img

28.11.2013, 14:58

clock-img

Annet

pencil-img

2404

Mojata kerkicka,mozam da kazam deka e kuklturna.Taa e malku sramezliva,no znae da kaze NA ZDRAVJE-koga nekoj ke kivne,koga ide nekoj vika Povelete,prvo dava vlecalkki za doma, da ne vleguvaat obleceni.Koga si odat im vika,PRIETnO,DOJDETE PAK:)
Gi posluzuva gostite,na gosti ne cepka sama,mene mi sepnuva.
Za 27 meseci kolkku sto ima,mislam deka e super.
AA zaboraviv Cista Dana e,pedanterija nevidena:)))
Ima uste ama aj da ne ja falam tolku:)))


< Поракaта ја уредил Annet -- 28.11.2013 14:59:19 >

clock-img

29.11.2013, 05:47

clock-img

bucko mal

pencil-img

1431

Jas za golemiov ke kazam deka koristi dosta dobri maniri,se dodeka ne mu dojdat tie negovite pa odma se prefrluva na nedobri manir.aj za toa vo druga temauser posted image
Koristi blagodaram,izvini,te molam,na zdravje,imaj ubav den ili ubavo pominisi-ako odam nekade,ima uste nesto ama ne mi teknuva sega.Isto taka tanjirot posle jadenje si go zema od masa go cisti od gubre I vo mijalnik ko stave.
Takov e redot koj sto jade I pie,prljavite tanjiri casi sam si gi nosi vo kujna.
Za cevlite I alistata nema da komentiram,nedaj boze da odi na gosti negde samuser posted image

_____________________________

You have to dream if before you can do it.

clock-img

29.11.2013, 14:04

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

Добри манири, за сега се - поздравување, кажување на Повели, фала и молам, и желбата да бидат работите на свое место. А, да - и крпа на врат додека руча, и салфета за раце за после ручек.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

clock-img

29.11.2013, 14:14

clock-img

Bethany

pencil-img

4534


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Добри манири, за сега се - поздравување, кажување на Повели, фала и молам, и желбата да бидат работите на свое место. А, да - и крпа на врат додека руча, и салфета за раце за после ручек.


исто и кај нас, да не се повторувам, мислам и нема што да додадам. user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

15.06.2014, 15:58

clock-img

Defne90 RR

pencil-img

1991

И јас постојано се трудам моите деца да ги научам на добри манири и убаво однесување.М веќе е голем и знае кои работи се културни и треба да ги практикува а кои не се и треба да ги избегнува.Значи секогаш кога и да му даде некој нешто или да му помогне со било што секогаш вели Фала.Кога ќе ме удри или ќе згреши случајно на било кој секогаш вели извини.Кога сака нешто понекогаш знае да каже дај ми го тоа ама секогаш се трудам да му објаснам дека кога му треба нешто или некоја услуга секогаш се вели те молам.Кога гледа цртани дома а некој спие тогаш секогаш сам ќе си го намали тонот за да не се прави галама.Кога се враќаме од некаде или пак кога одиме на гости секогаш си ги собува чевлите и си ги наместува .Кога ќе си станеме да си одиме дома секогаш поздравува со пријатно или чао.Секогаш подава рака за здраво кога и да одиме на гости или пак кога ни доаѓаат.Ако јаде нешто секогаш ги моли и другите да си земат.Пред јадење или кога се прибираме од надвор секогаш си ги мие рацете,додека јаде секогаш т оа го прави со затворена уста.Навечер пред спиење секогаш ми вели Добра ноќ мамо убаво да спиеш и ме бакнува.user posted image
А сеуште е малечок ама и тој уште сега покажува некои добри манири на однесување што навистина ме радуваат.На пример секогаш кога ќе излеземе ми ги донесува патиките да го обујам,надвор ако некој му рече здраво тој веднаш ја подава раката,кога ќе имаме гости и тие ќе станат да си одат или пак обратно ние сме на гости и ќе станеме да си одиме тој секогаш мафта со рачето,дека не знае да рече чао.Навечер пред спиење и тој секогаш го бакнува прво татко му и брат му и доаѓа кај мене да го успијам.Мал е ама уште од сега покажува добри манири.user posted image
Е сега деца како деца знаат понекогаш и да не се однесуваат убаво и да го прекршат кодексот на добрите манири,ама ние како родители секогаш сме должни да ги подучуваме што е правило и добро однесување а што не како и тоа секогаш да им посочуваме каде грешат и заедно да ја исправиме направената гршка за во иднина такви грешки да не се повторуваат и да израснат во примерни и културни граѓани со кои ние родителите ќе се гордееме.Затоа што добрите манири се учат уште од мала возраст.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

clock-img

01.12.2014, 21:15

clock-img

caciana

pencil-img

863

I vnuk mi e mnogu kulturen ako ne znae da zboruva kako sto treba hehe. Posle sekoja zelba vika piss (PLEASE) hehe sonce. A inaku gubreto znae da go frli vo kanta posebno negoviot pampers...a popatno ke zafrli i nesto sto ne treba da bide vo kantata no nema problem deteto se trudi user posted image

Последни статии

article-img