Договор за меѓудржавни посвојувања
1
07.07.2010, 21:17
1959
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Определување на поими
Во овој договор изразите значат следно:
1. меѓудржавно посвојување: посвојување на дете од едната држава од страна на посвоител од другата држава;
2. посвојување: настанување на однос помеѓу посвоителот и посвоеникот како што настанува при раѓање помеѓу родители и деца;
3. дете, односно малолетно лице: лице од раѓањето до наполнета 18 годишна возраст, односно до стекнување на деловна способност;
4. централни органи:
– во Република Словенија: Министерство за труд, семејство и социјални работи,
– во Република Македонија: Министерство за труд и социјална Политика;
5. овластени органи:
– Во Република Словенија: надлежни центри за социјална работа,
– Во Република Македонија: надлежни центри за социјална работа;
6. матична држава: држава на договорната страна, каде детето односно малолетното лице престојува;
7. држава на прием: држава на договорната страна, каде престојува идниот посвоител.
Цели на договорот
Целите на овој договор се:
а) одредување на условите и начинот на спроведување на меѓудржавните посвојувања, кои ќе докажат дека тоа меѓудржавно посвојување е во интерес на детето и дека со постапката за посвојување се почитуваат неговите основни права признаени во домашното право и меѓународните акти, кои се ратификувани од државите на договорните страни;
б) воспоставување на систем на соработка помеѓу договорните страни, кој ќе обезбеди почитување на мерките за заштита на детето и со тоа ќе ги спречи грабнувањата, продажбата или трговијата со деца.
Правни ефекти на посвојувањето
(1) Со посвојувањето по овој договор, помеѓу посвоителот и посвоеникот настанува однос каков што е според правото на државата на прием уредено помеѓу родителите и нивните деца, а помеѓу посвоеникот и неговите потомци, како и помеѓу посвоителите и неговите роднини се создаваат еднакви односи како и помеѓу роднините.
(2) Правата и должностите, кои посвоеникот ги има според правото од матичната држава кон неговите родители и другите роднини, како и правата и должностите на неговите родители и роднини кон него, со посвојувањето по овој договор престануваат.
(3) Настанување, односно престанување на правни односи од ставовите еден и два на овој член се запишува во соодветен документ во согласност со националните прописи на договорните страни.
(4) Посвојувањето извршено по овој договор е трајно и не може да се раскине.
ПОСТАПКА НА МЕЃУДРЖАВНО ПОСВОЈУВАЊЕ
1. Услови на страната на посвоителот
Член 4
(1) Лица, кои престојуваат во едната држава и сакаат да посвојат дете, односно малолетно лице со место на живеење во другата држава, поднесуваат барање за меѓудржавно посвојување кај надлежниот орган на државата во која престојуваат.
(2) Надлежниот орган од став еден на овој член проверува дали посвоителот ги исполнува условите според одредбите на своето национално законодавство и ги презема сите потребни дејства во таа насока.
(3) По извршената проверка, надлежниот орган на државата на приемот, го испраќа барањето на идниот посвоител и извештајот со своите констатации, како и соодветната документација до централниот орган на таа држава.
Доколку централниот орган од државата на приемот врз основа на извештајот на надлежниот орган од став три на член 4 оцени дека подносителот на барањето е соодветен, бидејќи ги исполнува сите услови за посвојување според националното законодавство, го испраќа барањето и извештајот со соодветната документација до централниот орган на матичната држава и за истото го известува подносителот на барањето.