Моделирањето има многу предности и е од голема важност, за децата. Тоа дава широк спектар на творечко изразување. Од една страна, ја развива фантазијата и артистичноста, а од друга, пластелинот и глината (и други маси за моделирање) ја развиваат силата и координацијата на рацете.
Децата би требало да се занимаваат со овој интересен медиум, уште од 2-3 годишна возраст. Игрите со пластелин развиваат способности како- внимание, интелект, изразување, товречко мислење...Освен ова, работата со пластелин, ги развива и следниве квалитети:
-Ја развива личноста
Работата со пластелин, учи на внимание, концентрација, прецизност, ја стимулира фантазијата кај децата. Во исто време, таа е многу забавно хоби, кое детето, може да го практикува самостојно или заедно со родителите, поголем брат, сестра, баба, дедо и сл...
-Ја развива фината моторика
Плателинот е особено важен за развој на фината моторика на рацете. Фина моторика, подразбира способност на детето да се изрази добро преку цртање, пишување, читање. Факт е дека, развојот на фината моторика и јазикот се тесно поврзани. Движењата, заедно со правилните, точни и јасни звучни изрази, се зависни еден од друг. Пропорционално, колку повисока е физиката активност, толку подобро се развива и јазикот.
-Развој на ориентација во просторот
Градењето и проектирањето се многу важни активности за детето, кое преку нив развива мислење, за концепција на боја, форма на обејкти и сл. Моделирањето има и благ ефект врз нервниот систем.
-Нуди широк спектар од можности
Поради пластичноста на материјалот, од него можат да бидат изработени многу нешта- од мали слатки животни до цели градови. Богатата гама од бои, дозволува реализација на секоја идеа.
-Безопасен е
Може да се каже дека, благодарение на текстурата, која ја има пластелинот, тој е еден од нај безопасните арт материјали, за творечко изразување кај децата. Тој не остава дамки и нема токсично дејство. При работа со него, не е потребно користење на остри предмети, кои можат да предизвикаат повреда.
Каков тип на пластелин е најдобро да одберете?
Кога купувате пластелин тој треба да биде, ниту премногу тврд, ниту премногу мек. Ако се лепи за рацете, ќе биде тешко да се работи со него. На пазарот кај нас постојат многу марки со различен квалитет.
Содржината на пластелинот е важна, зошто може да содржи некој бензински дериват или токсична боја. Затоа, за да ги избегнете овие несакани материи, ви предлагаме да си направите домашен пластелин.
Рецепт:
1 чаша брашно
2 пакетчиња лимонтуз
1/4 чаша сол
1 чаша вода
1 лажица зејтин
2 Step-чиња , за боја и арома
Производите се мешаат на слаб оган, додека масата не се згусти(околу 5 мин). Се наросува уште малку брашно, за да се оддели од садот и се домесува рачно. Можеби ќе треба да додадете уште малку брашно, додека не престане да се лепи и добие текстура на вистински пластелин. Се чува во пластична кутија, за да не се исуши.
Л.Ѓ
Мој текст за cooltura.mk
А како инспирација, една книга од која лесно може да се научи како се моделираат карактери со пластелин...
Уште добри идеи може да се најдат на пинтерест...
Модератор: Не се дозволени надворешни линкови.
< Поракaта ја уредил Luci RR -- 8.5.2013 9:44:33 >