cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Драга мамо...

clock-img

27.08.2009, 11:38

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

Што би и кажале на вашата мајка кога би биле искрени кон неа?
Дали би биле полни само со благодарност, дали би ја критикувале, дали потсвесно мислите дека е „кривец“ за вашите подеми и паѓања во животот?



_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

27.08.2009, 11:46

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Најмила мамичке, ти благодарам за секој твој совет(а ги имаше толку многу), ти благодарам што секогаш беше искрена и отворена за разговор, ти благодарам што секогаш ми беше најдобра другарка и рамо за плачење.Јас сум среќна ќерка, бидејќи ја имав мојата мамичка, која безрезервно ме подржуваше дури и кога знаеше дека грешам. Ме остави да научам сама да живеам, но секогаш тука за да ме потсети дека успех е само она што сам ќе го постигнеш, дека љубовта е побитна од парите, дека животот е убав за оние кои знаат да го живеат. Затоа мамо уште милион работи да напишам премалку се, за се она што си го направила за мене, за моите две сестри. ТЕ сакам мамичке!user posted image user posted image user posted image

___________________________________________________________

Професорица ако сакаш и некому друг нешто да му посакаш тука мила искажи ги твоите емоцииuser posted image    http://www.ringeraja.mk/forum/m_8205/mpage_1/tm.htm#11361


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

11.07.2011, 23:27

clock-img

Џесика

pencil-img

2036

    Драга мамо... зошто си ме воспитала вака, да многу често се прашувам дали тоа некој го цени. Толку многу си вложила во тоа, што во денешно време секоја „будала“ ја гази мојата скромност, обзирност, флексибилност... требало да ме воспиташ да бидам себична, крута, отворена и искрена... сега немаше да се нервирам за нечии „глупости“, кои јас ги гледам како проблем... требало да ме научиш да сум директна, се што ќе помислам да можам да кажам, без да мислам дали на некој тоа ќе му се допадне или ќе го повреди... само така требало... ама изгледа на тоа животот ќе ме научи. Или не.


_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

clock-img

15.07.2011, 15:01

clock-img

Martins mom

pencil-img

3342

Драга мамо...моментално би сакала да ти кажам едно големо ИЗВИНИ !!!

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

clock-img

26.07.2011, 13:35

clock-img

zapce

pencil-img

361

Зарем остаре ? Мене така не ми се чини.
Јас сеуште те сакам како некогаш,
кога би можела би ти подарила младост,
ти мораш да бидеш со мене засекогаш. 
Кој сака да ми те земе ? Па ти си моја!
Ти мораш да ми мавташ кога ќе си одам,
не е важно што косата ти изгубила боја,
јас и таква секаде ќе те водам. 
Не ја потценувајте!
Таа жена знае колку животот е без тло,
нејзината добродушност е света,
чесна е, никогаш не би ти нанела зло.
Таа е лавица!
Ако ја задеваш ќе ти сќржи,
ако ја погалиш ќе те дружи,
но ако и го повредиш чедото-пази,
ќе те растргне и цел живот ќе те мрази. 
Сама. Се на своите болни раце! 
Отиде оној жар на упорна жена, 
се изгуби брзиот од,
и само за јас маки да немам.  
Благодарам што ме одгледа!
Сега знам дека во мене е твојата сила.
За тебе несреќничке,
вечна љубов и почит и прости што те оставив без крила,
јас сеуште гледам светлина во тие темни очи.
  Таа светлина не ми ја давај,
Ти зедов се, а ти не рече доста, т
е ставив во кафез, а ти рече "Ако".
За мене избра живот, па те направија проста,
но ти повеќе не кажа ни збор.
Загуби се за да ме добиеш мене,
па се праша ли некогаш,
дали го направи вистинскиот избор?
Сега кога си роза што вене ја бараш својата младост.
Тоа не можам да ти го вратам,
можам само да ти донесам радост. 
Цел живот те гледав тажна,
плачеше зошто не си била од полза,
но најсакана, знај дека дури сум жива
нема да ти дадам да исплачеш ни солза.  
Ти си мојата мајка,
Мојот анѓел чувар и последна станица,
кога животот престанува да ми биде бајка....  

< Поракaта ја уредил zapce -- 26.7.2011 13:37:36 >


_____________________________

Ако не сум за себе - кој ќе биде за мене?
Ако сум само за себе - што сум јас?
Ако не сега - кога?

Последни статии

article-img