cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Друштвени игри за деца од 3+ години

clock-img

23.11.2009, 09:35

clock-img

niki

pencil-img

4299

Еца има отворено тема игри за деца но на компјутер, мене ме интересира какви игри играте без компјутер и дали воопшто играте некои игри?
Ние досега освен со топка, цртање и боење и со некои играчки со форми не сме играле некои игрички, но размислувам дека е време да почнеме, само незнам со што, па идеи се добродојдени.
Инаку случајно во еден весник добивме карти со ликовите од еден цртан, картите се составуваат по две во една слика и тоа си играме се учиме да чекаме на ред, и да прифатиме дека таа карта која сме ја извлекле ни припаѓа а не онаа на противникот. Интересно е но кратко не држи интересот. Сакам да купиме и Не лути се човече и Монопол, но за Монопол ми се чини дека е уште мала. Ајде дајте предлози што да играме.

< Поракaта ја уредил niki -- 23.11.2009 9:38:51 >


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

23.11.2009, 21:48

clock-img

Боцко

pencil-img

806

ние имаме големата трка на животните - верзија не не лути се човеку од краш која се добива со нивните јајца животинско царство. интересна е но сложена па моравме да ја поедноставиме. сеуште му е рано да ја одржи концентрацијата/трпението. имаме мини кошарка и лего коцки и со нив најмногу си играме. цртаме по ѕид во неговата соба. имаме цела бавча со овошје и зеленчук и секој си има име.

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

clock-img

24.11.2009, 00:08

clock-img

Еца

pencil-img

6692

па можете заедно со колаж да правите нешто, можете заедно да боите, да играте домино, од пластелин да правите фигури, а освен игри за на компјутер имам поставено и линкови за креативни идеи кои ви даваат инструкции за да направите нешто заедно со вашето дете. клик тука

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

02.01.2010, 17:50

clock-img

niki

pencil-img

4299

http://www.kupiteonline.net/?p=product&id=23469

Еве линкче од една игричка што ја нарачавме по интернет од Србија. Баланс Месец супер е и не воодушеви. Ќерка ми многу сака да ја играме, а знае и сама да се заигра. Цилиндрите се во три големини па така најголемиот и е тато, средниот мама и најмалиот она, демек има 6 семејства во различна боја.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

02.01.2010, 18:20

clock-img

bojanas

pencil-img

187

Криенка, Кога јас бев бебе, тенис со балон, на буквата, домино, летови со параглајдер на кревет, иде мачка покрај тебе, и какви се не глупости играме секој денuser posted image user posted image user posted image

clock-img

10.06.2013, 15:23

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Ние сме уште мали за овие што се набројани - не лути се човече, монопол, ама играме меморија, или само ги спојуваме сликите по две исти. Исто и сложувалки правиме.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

24.11.2014, 07:52

clock-img

caciana

pencil-img

863

Ne luti Se covece no e najomilena so vnucite.So ova I bra I jas Se cuvstvivam kako deteuser posted image Inakunsme vo faza sega ucime da igrame monopol .

clock-img

08.03.2016, 19:47

clock-img

marchi

pencil-img

948

interesna tema.jas vo edna prodavnica najdov ne luti se covece ama golemo.tepih izgraviran bas kako tablata i piuncinjata bea golemi.mnogu me bendisa.mislam deka naskoro ke si ja nabavam.

clock-img

10.03.2016, 09:52

clock-img

TeaM

pencil-img

187


ИЗВОРНА ПОРАКА: marchi

interesna tema.jas vo edna prodavnica najdov ne luti se covece ama golemo.tepih izgraviran bas kako tablata i piuncinjata bea golemi.mnogu me bendisa.mislam deka naskoro ke si ja nabavam.



Marchi vo koja prodavnica?

clock-img

10.03.2016, 19:11

clock-img

marchi

pencil-img

948

porano bese gary sega e prodavnica za se i sesto ama i ostana imeto kineska prodavnica user posted image vo prodavnica koja sega go nosi imeto gary sigurno nema,i tamu odam ponekogas.

clock-img

12.08.2016, 17:07

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Ние научивме да игрме Уно. Тоа е нешто слично на Макао само со посебни карти се игра. Толку се заразивме дури бевме на одмор, секој ден игравме. Пичнав да го учам Никола и Јамб ама ни треба малку време за тоа. Иначе рефовно играме меморија и Џандар Збира.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

Последни статии

article-img