за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Kakvi peleni za ednokratna upotreba koristite. Jas koristev violeta a pred eden msec peminav na can bebe.
< Поракaта ја уредил Elena -- 21.3.2009 15:00:55 >
23.03.2009, 11:17
Aleksandra
309
Jas i za dvete deca gi porasnav so PAMPERS orginal i mnogi bel zadovolna. Ednas mi se sluci da nema pelena i pozajmiv edna od edna prijatelka mislam deka bea, lele da me utepas zaboraviv kako se vikaa, i ic ne bev zadovolna odma protekoa, za razlika od PAMPERSOT so koj nikogas ne mi se slucilo toa.
25.03.2009, 12:44
vesna_kr
217
Леле само да ве информирам, пред некој ден земав Дајперс, порано користевме убави беа, па откако излегоа Бекутан се префрливме на нив.А Дајперс ЃУБРЕ никој нека не купува нека не фрла пари оти се ептен заникаде. Дури си помислив да не згрешиле да спакувале други место дајперс.
10.05.2009, 14:51
sweer mama
8
ИЗВОРНА ПОРАКА: vesna_kr
Леле само да ве информирам, пред некој ден земав Дајперс, порано користевме убави беа, па откако излегоа Бекутан се префрливме на нив.А Дајперс ЃУБРЕ никој нека не купува нека не фрла пари оти се ептен заникаде. Дури си помислив да не згрешиле да спакувале други место дајперс.
kaj kogo kako.nie sme na dajpers so meseci i sum mn zadovolna.niednas ne mi propustile.
11.05.2009, 09:07
mami
8680
ние во почетокот бевме само на Памперс, а сега сме дење на Бекутан, а ноке Памперс, бидејќи Бекутанот ни пропуштаат ноќе па треба во ниедно време да го пресоблекувам
12.05.2009, 22:39
JaNiTa
11
Јас прво си ја утнав работата купив Sleep and Play и додека ги потрошив се мрднав, ми протекуваа ако не на секое на секое второ преслекување. Потоа по препорака на една мамичка земав Pampers new baby, знаци најобичните памперси. Од нив сум презадоволна, ми се случило само 3-4 пати да ми пропушти само затоа што Павел кога има грчеви ги тегне нозете и мешето му спласнува а со напоните кои ги дава за да се искака воедно и мочка, па всушност му излегува кај мешето Машка мака со курето нагоре дека мора да ги местиме.
12.05.2009, 22:43
Боцко
806
На Стефан му испробавме навистина многу видови пелени, дури некои кои ги нема кај нас а ги има во соседството. Значи, почнавме со Pampers и до 4-ка претежно со нив, но како бебе често се случуваше да му поцрвени кожата од оние со лосион. Тогаш стававме Diapers неколку дена и ќе поминеше. Еднаш од Словенија му донесов Huggies и мене ми се стварно супер. Повремено му купував од Србија, понекогаш само до пограничното Прешево (50 км) само за тоа па ќе измислев и некоја работа. Потоа на Косово ги открив Fixies и Libero. Libero (фирмата од Шведска која ги измислила денешниве пелени) е според мене врвна пелена. Навистина штета што ги нема кај нас. Huggies веќе пристигнаа и мило ми е. Нивните Newborn за најмали се стварно добри. Ај, за второто (ако има)
13.05.2009, 07:55
Еца
6692
Луѓе досега дали некој ги користил пелените на Бекутан? Јас еве сега за ова се размислувам за нив,зошто едно се наш производ,друго веќе со традиција кај нас,но пелените им се понов производ,па не знам какво искуство имале родителите со нив.
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
13.05.2009, 08:15
Боцко
806
Бекутан не е вистински наш, туку производ на глобализацијата. Имено, нив ги произведува Виолета од БиХ за етикета (бренд) на Алкалоид. Така што, секој кој користел Виолета, ќе знае што да очекува од Бекутан. Во ред се сосем, но се малку тесни во кројот, и за жал нема поголеми од број 5 (нам ни требаше). Стефан ги сака, и ги вика „Бектуан Кука“, според Капетанот Кука
13.05.2009, 08:39
mami
8680
ние користиме Бекутан, ама само за преку ден...до сега се ок, единствено што не ми се допаѓа е тоа што се малку подебели од Памперс, ама па и поефтини се нели?! јас ке си продолжам со нив, а Еленче пробај ако не..па ке видиш што ти одговара најмногу
13.05.2009, 09:11
mis.
3845
Јас купив еднаш Бекутан и никогаш повеќе.Многу се крути и не впиваат.Ние користиме виолета и имаат многу разлика со бекутан,неспоредливи се.Може ги прават на исто место но не значи дека се исти.Најчесто кога се прави за друга фирма не се прави и ист квалитет.swedmilk правеше јогурт и за хедис па не беше со ист квалитет како нивниот,оваа како за споредба.Јас можам и кан бебе да ги пофалам.
17.05.2009, 18:48
biljanaM
662
Ние на почетокот користевме Дајперс ама сега цело време сме на Кан бебе, не пропштаат, ептен ни се погодија
_____________________________
Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....
14.07.2009, 16:20
garfild
118
Ние на почетокот користевме Pampers New Baby,супер беа,а сега користиме Виолета,задоволна сум од нив,сум ги пробала и Кан бебе,и тие се ок,само што за разлика од Виолетата се помали.А за Бекутанот и други ми кажале дека се крути.
28.07.2009, 18:44
ripce
2148
ние до скоро бевме на Pampers, бебушот наполни 5 месеци па пробавме Violeta и ги задоволуваат нашите потреби
01.09.2009, 11:56
mami
8680
размислувам да се префрлиме на КАн бебе, може да ми кажете која цена се отприлика и имаат ли џамбо пакување? не ми требале до сега па и не сум ги загледала искрено кажано
01.09.2009, 11:59
profesorica
5709
Да имаат џамбо пакување и се поефтини од Памперсот околу 700 денари се 68 комада мислам дека ама не би ти ги препорачала на дамјан многу му се сцрвенуваше газето од нив.Поарно бекутан ако сакаш поефтино али сепак памперс си се памперс.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
01.09.2009, 11:59
mother 29
4405
Jumboto 5(54 peleni) e 620 den vo zegin.nie kupivme eden paket pred letoto,ama iskreno pampersot so gasenicki e nezamenliv...i pak se vrativme na nego.inaku na pola e cenata
01.09.2009, 12:10
Maca25
7558
јас купив еднаш бекутан и воопшто не ми се свиѓаа, многу пропуштаат, крути се, на Нина одма и се вцрвени газето. За разлика од нив, Памперс не прошуштиле па дури ни навечер.
01.09.2009, 12:12
mami
8680
ние веќе скоро година дење сме на Бекутан а ноке на памперс,,колку и да се убави, немам толку пари за памперсот, а Бекутанот се крути навистина..еве баш имав госи викендов и тие за малата користат Кан бебе и ми се допадна што се такви мекани, а и девојката беше задоволна од нив
01.09.2009, 12:13
profesorica
5709
Памперс
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
01.09.2009, 12:16
profesorica
5709
Кан бебе се ептен слични на Памперс и во почетокот немаше никаков проблем, башка држат до сабајле за пропуштање не пропуштаат ама ти кажав веќе дека му го сцрвенија газето на Дамјан а изборот е твој. А инаку информација за сите мамички што не знаат во КАМ маркет џампото пакување 4ка од 70 пелени Памперс се 999 денари, за разлика од Тинех кај што се 1150 или незнам може пак ги поскапеле.ама ние зимаме од Кам маркет.
< Поракaта ја уредил profesorica -- 1.9.2009 12:17:09 >
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
01.09.2009, 12:16
Палешка РР
7505
Ехххх, што убаво си читам и си се учам од вас, јас изгледав едно дете, ама со памперси, цуцли и шишиња се занимавав одааамна, пред 13 години. Сега се ми е ново
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
01.09.2009, 12:18
mami
8680
сега си мила како мајка која прв пат раѓа читај и учи..одново
01.09.2009, 12:20
mother 29
4405
mami dobri se ..probaj gi ne se tolku losi,vo sekoj slucaj podobri se od becutanot. samo mene me nervira sto nemaat rasteglivi lepenki(poubavo si lezi pelenata)
02.09.2009, 00:04
garfild
118
Мами а да пробаш Виолета,меки се,подобри се од Кан бебе