за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Еве сега да не биде дека на форумот и страната сме само жени,ајде татковци пишете ни дали вашите сопруги се поклопуваат со оној профил на жена од соништата или вие продолжувате да живеете во сегашноста,а фантазијата останува дел од соништата?
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
06.05.2009, 08:18
Боцко
806
Жена на моите соништа - мојата сопруга, дефинитивно! Често знам да речам дека сум среќен што сме се нашле, два дела од една душа. Се разбира дека не е секогаш се мазно, несогласувања и кризи има и ќе има, но сме поминале многу заедно, и добро и лошо а тоа не би било можно без љубовта и поддршката што си ја даваме. ОК, машко не е машко ако не погледне на улица во некоја друга, па искоментира „машки“. Тоа е во нашата природа. Но, постои разлика помеѓу такви „соништа“ кои се сведуваат на „флеш“ и она што е трајно.
05.12.2009, 00:46
mami
8680
ајде сега барем имаме повеќе татковци кои обично ова време не дружат...која е жената од вашите соништа?