за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Какво е Вашето мислење/или искуство во врска со овој тип на осигурување. Јас сум за, а маж ми е против, и малце се расправавме. Сакам да уплатам во Кроација Осигурување, па доколку има некој некое искуство, Ве молам да ми кажете.
19.07.2011, 23:53
Тања РР
2029
Pregnant ние и уплативме животно осигурување за првиот роденден на нашата ќерка токму во Кроација Осигурување. Јас сметам дека тоа е добра инвестиција затоа што е еден вид штедење и осигурување на иднината на детето. Откако ја осигуравме сопругот стана и агент за осигурување на Кроација па ако си заинтересирана за подетални информации контактирај ме по пп.
_____________________________
There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А
20.07.2011, 08:52
Pregnant
88
Баш ми е мило што имам истомисленици на форумот. И јас го сметам за добра инвестиција, само што во мојот случај сакам јас лично да се осигурам, ама сепак се знае дека за децата штедам, а и во случај за „не дај боже“ тие би биле корисници. Инаку веќе имам стапено во контакт со моја пријателка која исто е агент на Кроација, сепак фала за понудената поддршка.
20.07.2011, 09:12
anedespo
940
Јас имам прашање. Зошто парите да ги давам во осигурителна компанија. Ако сакам да штедам за децата ќе одберам некоја банка , ќе ги орочам на колку сакам. башка и ми се осигурани во случај на недај боже банката пропадне. Што нуди осигурувањето плус?
20.07.2011, 10:42
Pregnant
88
Па колку што ми објаснија мене, на пример доколку си на 10 години осигурана, после тој период се исплаќа 50 % камата. А после 3 години може да си ги повратиш средствата ако евентуално ти требаат. Инаку и тука ти се осигурани парите. Друго, што во случај да ти се случи нешто ќе ти се исплати оштета. Така барем мене ми објаснија.
20.07.2011, 10:54
anedespo
940
Значи дека децата ќе ги добијат парите ако не дај боже се случи нешто. И само во тој случај, во спротивно ти пропаѓаат?
20.07.2011, 11:00
Tanjat7880
1256
Vakov tip na osiguruvanje i mene mi e privlecen,no me interesira postoi li kaj nas dopolnitelno zdrastveno osiguruvanje koe bi gi pokrivalo troshocite vo privatnite bolnici i kliniki?!Ste cule za takvo neshto?
20.07.2011, 11:08
bebe82
301
И подпрашање: дали сумата е ограничена или си ставаш колку што сакаш парисекој месец или на два месеци како кај штедењето?
20.07.2011, 11:32
Pregnant
88
Не, анедеспо, не пропаѓаат, после периодот си ги подигаш со 50 % камата, а во случај да ти се случи нешто ги добиваат наследниците. Исто има и мала доплата годишно за во случај на повреда да добиеш отштета. А за сумата мислам дека има минимум кој е околу 200 еур (не сум сигурна) годишно. Јас лично се интересирав за 500 еур, и знам дека таа сума се плаќа на двапати по 250 еур годишно. И плус 50 еур годишно за осигурување од повреда, незгода. Повеќе има на веб страната.
< Поракaта ја уредил Тања РР -- 21.7.2011 16:12:34 >
20.07.2011, 11:51
Maca25
7558
Мајка ми има животно осигурување на Граве. Мислам дека плаќа 600 евра поделени на 2 пати, по 300 на 6 месеци. Исто така би можела да ги користи после 10 години.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
20.07.2011, 12:09
Pregnant
88
Па, да и со ГРАВЕ може, тоа е Австриска осигурителна куќа, исти се мислам условите. Убава работа е и на запад е многу применета, само кај нас уште со резерва се прифаќаат овие работи. За тоа се расправав и со мм, тој вели само ти се лажеш по такви работи бла, бла...Затоа си реков да видам колку се и другите запознаени со оваа тема.
03.09.2011, 03:46
TomeMK
1
Нешто поопширно за животното осигурување!
Го работам веќе подолго време и премногу ми е драго што луѓево низ нашава држава полека се свеснува колку е тоа важно! Како прво, животното осигурување претставува програма за штедење на капитал преку која добиваме заштита (финансиска) за нашето семејство... Бидејќи нема време, а ни доволно простор секој што е заинтересиран/а слободно може да ме контактира на приватна порака
постот е уреден од администатор
< Поракaта ја уредил Viktori RR -- 17.9.2011 23:52:01 >
13.01.2012, 15:02
Pepelaska *
3820
Девер ми почна да работи со осигурување и мм си направи за него и Мартин ( толку беа парите).По 200 евра годишно за еден , се договоривме да оставаме на страна по 2200 од секоја плата на мм.Инаку мислам дека е многу убава работа осигурувањето , значи за 25 години ако на син ми му текне да се жени или било што имам спремни пари и нема да се стресувам.Жално е што кај нас сеуште народот се плаши мисли дека се ќе изгуби.
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
13.01.2012, 15:08
libra.n
645
Taka e pepelaska, i nie napravivme za malata, inaku mm. dopolnitelno raboti i so polisi.
19.02.2012, 10:25
Snowhite RR
5042
Денеска договорив ќе ми идат дома да ми презентираат за животно осигурување, па да видиме што ќе кажат, дали ќе успеат да не' убедат
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
20.02.2012, 18:53
Snowhite RR
5042
Значи како што ви кажав вчера дојдоа од осигурување да ни презентираат и потпишавме договор, мислам мм потпиша на 30 год по 250 евра годишно. Многу сум горда на ова, зашто ова е како еден вид штедење за тебе лично, за фамилијата, а пред се за децата и мислам дека секој треба да размисли да го направи ова, зашто 250 евра годишно секој може да си дозволи, тоа се 40 ден, дневно, тие пари ако не ги вложиш во ова, секако ќе ги потрошиш за нешто друго. Ова е всушност трет пензиски столб, кој за брзо време ќе се рашири и ќе биде задожителен за сите. Овие пари што ги вложуваш не се неповратни, загубени, туку ги штедиш и во секое време доколку ти требаат можеш да си ги извадиш, а ако не ги вадиш кога ќе дојде време за пензија ќе си земаш уште една пензија девизна, а во случај да не дочекаш тогаш ја наследуваат децата. Од краткото и брзо објаснување толку разбрав, ама доволно за да сфатам дека е убава и корисна работа
< Поракaта ја уредил Admin -- 20.2.2012 19:02:17 >
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
21.02.2012, 00:57
Тања РР
2029
Денес ми стигна писмо од Кроација, време е да ја уплатиме втората рата од полисата на Ј.
_____________________________
There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А
05.03.2012, 01:05
Мајка
25
И ние планираме да се осигураме. Агентот (пријател) ми објасни дека за жени кроација е најдобра опција бидејќи даваат и плус пари за породување. За сопругот треба да види каде е најдобро бидејќи е ризична група (бенифициран стаж). За деца рече дека не е баш исплатливо. Нас ни предложи јас и мм по 500 е а бебе 200 е (ова е мнооогу). Најверојатно само јас ќе се осигурам. Добро е тоа што на основа на овие пари може да подигнеш кредит, доколку ти притребаат може да се подигнат после првата година и најдоброто да ги користиш како пензија. За некое време државата ќе нема пари да исплаќа пензии па затоа е најдобро да се размислува од сега.
10.06.2013, 23:53
bucko mal
1431
I dvajcata sme osigurani so mm parite moze da se koristat posle smrtta,ke im se najdat na decava