cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Живот како "принцеза"!?

  
clock-img

03.01.2013, 12:26

clock-img

Cipi Ripi

pencil-img

1010

Инспирирана од еден пост во темата полигамија, каде што една ррајка набројува колку злато има и со тоа смета дека живее живот како принцеза, решив да ја отворам оваа тема.

Што за вас значи живот како принцеза? Што би ве задоволило и за цена на што да си признаете јавно, па и во себе, дека живеете живот на принцеза? Дали златото и парите ви играат главна улога или пак слободата и начинот на живот кој го посакувате?

< Поракaта ја уредил Ikana RR -- 10.1.2013 14:36:44 >

clock-img

03.01.2013, 12:56

clock-img

Cipi Ripi

pencil-img

1010

Еве јас ќе почнам прва, ке го опишам мојот живот за кој сметам дека е прекрасен и за ништо друго на овој свет не би де одрекла од него ваков каков што е сега...знаејќи дека сама го изградив ваков.
Живеам во стан од 50 квадрати со мм и нашето дете, наш стан, не плаќам кирија, не отплаќам кредит, даваме кога имаме, а од никого не зимаме. Сама го гледам детето од сабајле до вечер, Ниту мајка ниту свекрва ми помага, можеби на почетокот ми беше тешко но сега ми е песна. Мојот стан е мое катче и е таков каков што јас сакам да биде. Дома сама перам, чистам, готвам по 3 јадења дневно само за син ми. И јас сум многу горда на себе си заради ова. Имам кола, кога сакам си го облакам детето и шибам на шетање каде сакам и кога сакам. Од време на време излегувам во град со моите другарки, си поминувам супер. Се враќам дома и сум повторно 24/7 посветена на син ми. За викенди се шетаме со маж ми, кога е послободен од работа нели, си правиме ѓезмиња со пријатели и уживаме додека нажето бебе спие. Се облекувам како сакам, од фармерки и тренерки до фустани и миничи. Мм и јас сметаме дека изневерувањето е во главата а не во тоа што ќе облечеш или сл. Си се облакаме и двајцата како сакаме и се чувствуваме. Маж ми ништо не ми забранил.

Нема пари, злато, вера што ќе ме натераат да се откажам од слободата што ја имам. Да одам кај сакам и кога сакам.
Нема пари, злато , вера што ќе ме натераат да го делам мм со друга.

clock-img

03.01.2013, 13:20

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Е овака, го замислувам како сега што е , да живееме сами ко и досега, освен да имаме и својот стан плус и да имам една жена која само ќе готви... не сакам да готвам user posted image Мм и јас функционираме како тим, се почитуваме, веруваме еден на друг и сме најдобри пријатели. И да имаме плус малку повеќе пари... Не многу, колку да не му ја мислиме од време на време. user posted image и да можеме повеќе да патуваме, посебно кога синче ќе поодрасте.

clock-img

03.01.2013, 13:46

clock-img

Нивеа

pencil-img

348

user posted image за темава
Го замислувам баш како што ми е сега, си се венчавме,си се средивме, тук-таму има нешто што фали но нели затоа е животот, ако не фали нешто не е тоа тоа, никаде не е совршено...додуша и не сакам да ми е совршено,како што кажа Бетани си функционираме како тим,си веруваме,се сакаме,ни фали само уште едно прекрасно малечко бебченце кое ќе ни ја пополни собичката резервирана за него/неа и се ќе биде во ред...

_____________________________

Do not go where the path may lead; go instead where there is no path and leave a trail.

clock-img

03.01.2013, 14:35

clock-img

Ikana

pencil-img

3780

Според мене, живот како принцеза зависи и каква ви е перцепцијата за нештата.
Ако да имаш злато, дијаманти, пари и имот за некого значи дека живее како принцеза, тогаш во ред.
Но од друга страна ако имаш љубов, внимание, посветеност, добрина и доверба, како и ексклузивност во односите, тогаш, според мене, живееш како принцеза.
Парите и златото се повеќе или помалку минлива работа. Што ќе ти се пари и злато ако имаш живот полн со љубомора и завист и ако немаш љубов и доверба во партнерот?!

Ако некој ме натера да бирам меѓу едноставен живот исполнет со љубов и доверба или богат живот исполнет со компликации и интриги, мојот избор е едноставниот живот.

Здравје немам намера да си арчам за да живеам како принцезаuser posted image
Јас веќе тоа го имам во душата.


< Поракaта ја уредил Ikana RR -- 3.1.2013 14:42:22 >

clock-img

03.01.2013, 14:48

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

Да, принцеза на моето кралство/царство и мојот принц user posted image
Нашиот стандард е далеку од принц/еза стил на живеење, ама затоа сум среќна и задоволна со духовната слобода и нашиот мал свет што си го создадовме со мм и детулето.И кај нас фалат материјални работи, поголеми или помали, ама нема секогаш се' во секое време... Поента- нематеријалните работи ме прават да се чувствувам побогато (иако не ми ги решаваат дел од проблемитеuser posted image )

clock-img

03.01.2013, 14:55

clock-img

amateuress

pencil-img

253

мислам дека горе-долу сите сме испровоцирана од истата тема, и мислам дека има многу сеирџии таму што ги интересира да дојдат до некои пикантерии од начин на живот што им изгледа мистериозен и далечен.

кога истата оваа појава ја дискутиравме во темата спозоруши на многу членови им беа поинакви ставовите, а сега одеднаш имаат разбирање, покажуваат интересен, стануваат мулти-култи, охрабруваат.

морам да кажам дека јас не осудувам личен избор, а уму ајна ми изгледа среќна со својот и си се осеќа ко принцеза, во крајна линија среќата е во голема мера прашање на перцепција, има секакви луѓе што се среќни на различни начини. мене ми смета институционализираноста на таквите појави, забраната за излегување, немањето репроцитет во правата. кога сето тоа би било обезбедено, супер би ми било и 8 жени да има некој маж, ако тие така сакаат и им е убаво.

е, ама кога тоа е наметнато од религија, држава, било кој институционален апарат, мене ми се темни, зашто со такви сфаќања уште девојки ќе умираат како студентката во индија што беше групно силувана пред недела дена.

да не бидам надвор од темата - живот како принцеза за мене е било која околина што не делува рестриктивно и што ми дозволува да ги реализирам своите права и потенцијали и што по можност делува стимулативно (ова се разбира доколку се исполнети основните материјални услови). толку ми треба од страна, за другото сама ќе си се погрижам.

а во животот ако успеам да се изборам и за мојата љубов и за материјална сигурност за мене и моите, тогаш веќе ќе бидам кралица user posted image

clock-img

03.01.2013, 15:00

clock-img

dostickage

pencil-img

2181

Spred mene parite se zarabotuvaat i parite se trosat. Vistinskite vrednosti se nosat vo dusata i vo srceto.
Ljubovta e ona sto ne pravi srekjni i ona sto osanuva zasekogas vo srceto. Mojot tatko e pocinat recisi 19 godini  a mojata majka ja nosi burmata od denot koga stapile vo brak. Majka mi nemase nitu zlato nitu dijamanti , no ljubovta sto ja imaa eden kon drug ostanuva zasekogas.
Mene 20 dena posle registracijata vo maticno vo sedmiot mesec od bremenosta  mi bese dijagnosticiran rak na limfnite zlezdi. Site operacii sto gi pominav, terapii ,poroduvanje itn mojot soprug gi pomina zaedno so mene.
Osven vo porodiliste kade ne bese dozvoleno da prisustvuva, mojot soprug lezese vo ist bolnicki krevet zaedno so mene. Mojot soprug mi ja sobirase kosata so pravosmukalka koga mi pagjase od hemoterapijata, mi nosese hrana, me nosese na vecera sekogas koga kje bev vo sosotojba da izlezam... Ljubov imav i imam vo sekoja minuta od denot i nokjta. Imavme situacija i koga mnogu nemavme i koga imavme malku povekje.
Vo site tie momenti kolku i da bese tesko , mojot soprug ne me ostavi sama ni za mig. Ne dozvoliveme nikoj da ni se mesa vo nasite zivoti i pravevme sami onaka kako kje odlucevme deka e najdobro. Sami si go cuvavme deteto bez apsolutno nikakva pomos od strana na nasite roditeli zatoa sto nie taka odlucivme.
Ljubovta sto ja dobivam od mojot soprug a sega i od moeto dete me drzi vo zivot i ne mi ostava prostor vo nitu eden mig  da pomislam na bilo sto drugo.
Za nitu edni pari na svetov ne bi go menuvala ova sto go imam. Vo sustina i jas i soprugot sme bile celo vreme finansiski nezavisni , i dvajcata sme intelktualci i imame solidna rabota dolgo pred brakot taka sto parite si gi trosime kako sto cenime deka e dobro.
Site pari na svetov da gi imav , vo tie teski i presudni situacii ako go nemav nego i negovata ljubov nisto nemase da bide onaka kako sto e.
Jas go imam mojot princ vo dusata i vo srceto i za nisto na svetov ne bi go menuvala toa.

clock-img

03.01.2013, 16:15

clock-img

miana

pencil-img

6152

Jas ne ziveam kako princeza...Za mene princeza e Kejt Midlton i ne bi sakala da se menuvam so nea. Nemozam da kazam deka ziveam kako princeza iako materijalno stojam odlicno,ne mi nedostasuva nisto,zlato imam dovolno no ne go nosam ( ne sakam da se kitam mnogu,jas pre bi si kupila orginal parfem da mirisam ubavo - moze vi zvuci cudno ama taka e )
Ljubov imam DA,go sakam mm i toj mene me saka..ne bi go delela so druga za nitu edni pari na svetot. ( imame takva tema za 1 000 000 dali bi mu dozvolila da spie so druga ) i za nitu edno zlato na svetot.
Ne smetam deka sum princeza ..Na princezite im gotvat,im perat,i cistat,im gi cuvaat decata - ednostavno za se im mislat drugi - a jas sum daleku od takva...
Imam mnogu ljubov za mm,no imam i kavgi so nego...
Nemam vreme za sebe,nemam vreme za uzivanje..Zivotot mi e kuca-poso,poso-kuca...Zosto? Zosto imam dve deca sto me cekaat ...
Neznam dali ke me razberete ama sakam da kazam deka - materijalno imam se,mozam da si dozvolam luksuzi ama toa ne me pravi da se cuvstuvam kako princeza...Jas se cuvstvuvam kako princeza koga mm ke mi kaze - kolku me saka,kolku mu znacam,koga ke me vozvisi..koga kerkami ke mi rece - ti si najdobrata majka na svetot,ti si zivtotoo moj ..Toa sto me pravi srekna- mi pravi da se cuvstvuvam kako princeza..A istite raboti mi pravat i da se cuvstvuvam kako sirace...Kolku sto znaat da me vozvisat tolku znaat i da me lupnat od zemja..Zatoa ke kazam deka jas samo na momenti se cuvstvuvam kako princeza ama sepak daleku sum od toa..Princeza e Kejt Midlton user posted image

clock-img

03.01.2013, 17:02

clock-img

niki

pencil-img

4299


ИЗВОРНА ПОРАКА: amateuress

мислам дека горе-долу сите сме испровоцирана од истата тема, и мислам дека има многу сеирџии таму што ги интересира да дојдат до некои пикантерии од начин на живот што им изгледа мистериозен и далечен.

кога истата оваа појава ја дискутиравме во темата спозоруши на многу членови им беа поинакви ставовите, а сега одеднаш имаат разбирање, покажуваат интересен, стануваат мулти-култи, охрабруваат.


морам да кажам дека јас не осудувам личен избор, а уму ајна ми изгледа среќна со својот и си се осеќа ко принцеза, во крајна линија среќата е во голема мера прашање на перцепција, има секакви луѓе што се среќни на различни начини. мене ми смета институционализираноста на таквите појави, забраната за излегување, немањето репроцитет во правата. кога сето тоа би било обезбедено, супер би ми било и 8 жени да има некој маж, ако тие така сакаат и им е убаво.

е, ама кога тоа е наметнато од религија, држава, било кој институционален апарат, мене ми се темни, зашто со такви сфаќања уште девојки ќе умираат како студентката во индија што беше групно силувана пред недела дена.

да не бидам надвор од темата - живот како принцеза за мене е било која околина што не делува рестриктивно и што ми дозволува да ги реализирам своите права и потенцијали и што по можност делува стимулативно (ова се разбира доколку се исполнети основните материјални услови). толку ми треба од страна, за другото сама ќе си се погрижам.

а во животот ако успеам да се изборам и за мојата љубов и за материјална сигурност за мене и моите, тогаш веќе ќе бидам кралица user posted image



a jas mislam deka prebrzuvas so zaklucoci

seuste isto mislam za sponzorusi, kako i za sreka i materijalni dobra
ne ja poddrzuvam ummu_ajna vo nacinot na zivot, ne mislam deka podobro zivee od nas, uste pomalku veruvam deka zivotot i e ko na princeza, edinstvena poddrska sto ja ima taa od mene e javno da kaze sto saka za svojot zivot, ako saka bidejki samata pocna nikoj ne ja terase nitu i barase
zosto?
zatoa sto me interesira
ziveam vo multi-kulturna sredina, deteto moe odi vo uciliste kade 5 deca se grci, taa e polumakedonka-polusrbinka, 1 e bugarce i ostanatite 20 se albanci polovina muslimani polovina katolici
iako ne sakam, moram da naucam da bidam tolerantna i multi kulturna licnost
koj ne mora, blaze si mu, samo toa mozam da mu recam
inaku se slozuvam so miana, ni jas ne ziveam zivot na princeza, obicen smrtnik sum so crvena krv, sina imaat kralskite semejstva na anglija, grcija, srbija i drugi
ziveam vo stranstvo vo iznajmen stan, so mm koj ne e na funkcija tuku e obicen sluzbenik kako i jas, vo zivotot se soocuvame so razni problemi i finansiski i zdravstven i seksualni i ljubovni i si gi resavame sami i golem del od vremeto go pominuvame sami jas toj i deteto
bi bila posrekna koga bi bile poblisku do nasite semejstva i iskreno se nadevam deka toa ke go ostvarime naskoro, ne zaradi pomos, pari ili neznam kakva poddrska tuku za da deteto moze da pominuva vreme so niv na praznici i raspusti, a nie koi sme pomladi na starite da im se najdeme a ne samo po telefon da im davame verbalna poddrska i da gi gledame ednas godisno
nema pari za koi bi go delela mazot so druga zena, nema zdravstven problem poradi koj bi sakala da go delam so druga, nitu smetam deka treba toj mene da me deli so drug i ova nema da se promeni pa ako sakaat neka dojdat milijardi ummu_ajni da pisuvaat na forumov za islamskiot zivot i nivnata percepcija na princeza
inaku site mozeme da naucime nesto i od nea, makar toa da e kako da ne postapuvame so nasite zivoti

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

03.01.2013, 17:34

clock-img

elenak

pencil-img

2004

Јас мислам дека жената која се поистовети со принцеза мислеше на оние од бајките. За да бидеш вистинска принцеза треба или да си мажена за принц или да имаш татко крал што сигурно не е нејзиниот случај. Инаку не верувам дека вистинските принцези како Кејт Мидлтон и други имаат живот на кој би им завидувала или би посакала да го живеам. Можеби, на еден ден, чисто за да видам како еuser posted image Но таков живот не за мене... Нема да кажам дека сум задоволна од животот што го живеам, затоа што во тој случај не би имала за што да се борам и за што да живеам понатаму. 

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

clock-img

03.01.2013, 17:42

clock-img

amateuress

pencil-img

253

vo pravo si, ne se objasniv ubavo, mozebi imam i pogresen vpecatok do nekade. ama ima i seirdzii tamu:)

clock-img

03.01.2013, 17:46

clock-img

niki

pencil-img

4299

sekogas ima seirdjiiuser posted image
najgolemi se onie seirdjii koi kako gosti citaat, sekogas se vo pogolem broj od onie koi komentiraat

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

03.01.2013, 20:33

clock-img

mosa

pencil-img

546

Eve i jas da si kazam
ziveaam vo kukakoja e podelena na 2 dela na mm i na devermi,a vo dolniot del sedat svekor mi i sverva mi.Nasiot del ima 50 kvadrati kade sto ziveeme jas mm i sin mi.Se sto sme napravile jas i mm sme napravile sami.Nemam pomos od nikogo,nti od majka mi,niti od svekrvami(iako siveeme vo ista kuka)se sto pravam,pravam sama.Cistam,peram rucekci.Na mm rabotata mu e takva,patuva,no nauciv i so toa da se spravuvam.Nekogas imame poveke,nekogas pomalku,no mene najgolemo bogatsvo mi e toa sto mnogu se skame.i site prepreki gi pominuvame zaedno.Da ponekogas ima i karanici,no toa e retko.Se sto pravime ,sravime za dobroto na naset_o dete.I zatosa sto se sakame. se sto pravime e so dogovor.Mm ne mi zabranuva nisto imam sloboda da se oblecam kako sakam i da odam kade sakam ne mi brani da izleguvam.Ziveeme malku podaleku od gradot iakom imame stan vo Cenatarot na Skopje,no nasiot izbor bese da ziveeme tuka,zednicki se dogovoruivme i taka i pravime.Cisto za da ne se zapostavi kukata da mozeme da ja napravime,pa da imame sto da im ostavame nie na nasite deca.jas licno sum gorda na sopstveniot zivot,na moeto semejstvo i se sto sme postignale.Najvazno e sto ima ljubov pa ke prebrodime se i koga imame poveke i koga imamepolku.


No ne osuduvam nekoj drug koj ima razlicen zivot od mojot.Pa sekoj ima razlicni ideali vo zivotot i ne treba nikogo da osuduvame ako postapil vaka ili onaka.Sekoj ima pravo na izbora sekoj si ima i svoja pricina zasto go napravikl toj izbor.

< Поракaта ја уредил Ikana RR -- 3.1.2013 20:53:51 >


_____________________________

BRAKOT vsusnost e fensi zbor za posvojuvanje vozrasno masko dete koe ne e sposobno da se grizi samoto za sebe!!!

clock-img

03.01.2013, 20:50

clock-img

talisman

pencil-img

96

Nekako zborot princeza me potsekja na kukla, marioneta so koja mnogumina si davaat pravo da si poigraat i koja nema bas vlast nad sopstveniot zivot i postapki! Zatoa, ne blagodaram, ne bi sakala da sum princeza user posted image

< Поракaта ја уредил Ikana RR -- 3.1.2013 20:53:28 >

clock-img

03.01.2013, 21:10

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

ајдеее уште една тема за фалење...кој што има и како живее! не мора да објаснувате во што живеете, дали е ваше тоа или на свекор/свекрва...тоа не е битно ама ич, дали имате 2,3,5 коли. може само да си замислуваме и да си играме тука принцези, ама факт е дека немаме 5 години. И кој би можел да каже каков е животот на една принцеза уствари?!?!

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

03.01.2013, 21:22

clock-img

Bethany

pencil-img

4534


ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR

ајдеее уште една тема за фалење...кој што има и како живее! не мора да објаснувате во што живеете, дали е ваше тоа или на свекор/свекрва...тоа не е битно ама ич, дали имате 2,3,5 коли. може само да си замислуваме и да си играме тука принцези, ама факт е дека немаме 5 години. И кој би можел да каже каков е животот на една принцеза уствари?!?!



Е па баш затоа, ние ќе си замислуваме user posted image

А инаку, мислам дека воопшто не е занимлив живот на принцеза, се мора да прави под распоред, сите тие неодложни социјални средби, културни манифестации, сликање, па се смееш, а ти е веќе смачено, па се треба да се однесуваш како приличи, да јадеш секогаш со прибор за јадење, зборуваш со мирен тон и трепкаш со очите, имаш извежбано говор на телото итн.... многу работа е тоа user posted image
а мислам дека темата е како ние замислуваме нашиот идеален живот, така некако...

clock-img

03.01.2013, 21:32

clock-img

Cipi Ripi

pencil-img

1010


ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR

ајдеее уште една тема за фалење...кој што има и како живее! не мора да објаснувате во што живеете, дали е ваше тоа или на свекор/свекрва...тоа не е битно ама ич, дали имате 2,3,5 коли. може само да си замислуваме и да си играме тука принцези, ама факт е дека немаме 5 години. И кој би можел да каже каков е животот на една принцеза уствари?!?!



Па добро јас не мислев да се фалам со тоа што реков дека имам кола, се извинувам ако така звучело. Јас повеќе сакав да укажам на фактот дека сум мобилна и во секое време можам да излезам каде сакам. Со колата ја потенцирав мојата слобода.

Темата се вика живот како принцеза, потикната од уму ајна која се изрази така, цитирам: живеам во 130 квадрати(нејзини препишани), имам злато и дијаманти, и тоа прави да се чувствува таа како принцеза. Да не го зимаме фактот како се жали дека чисти во цела куќа и мора да се грижи за девери јатрви и нивни деца. И го дели мажот со друга жена.
Темата е повеќе реторичко прашање, односно се очекува одговор што за вас е подобро: да имаш пари, злато дијаманти, најнов ХТЦ, Ајфон што ли и да е, и да седиш дома, или да си го живееш животот како што сакаш, со толку колку што имаш и заработуваш.
Споредбите со Кејт Мидлтон се малку излишни според мене.

clock-img

03.01.2013, 22:01

clock-img

elenak

pencil-img

2004

Да живееш како принцеза најверојатно значи да живееш како Кејт М. Затоа се споредбите со неа. А токму со неа затоа што моментално е најактуелна, најзастапена во медиумите и општо позната на сите. Никој од нас не може да каже дека живее како принцеза, принцеза нема да те направат ниту парите, ниту златото, ништо. Едноставно мора да се родиш како таква, или како што веќе кажав да се омажиш за принц. Значи излишни се било какви муабети за принцези.


_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

clock-img

03.01.2013, 22:35

clock-img

kleo

pencil-img

29

Пред да го родам син ми бев тажна принцеза, а сега сум најсреќна слугинка на мојот принц, моето сонце што секое утро ме буди со смеа и бара да гледаме цртани.
Материјалното никогаш не ми било битно. Никакво богатство не се споредува со мојата моментална среќа.

clock-img

03.01.2013, 23:01

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820

Здраво јас сум Пепелашка.
Бев обична девојка која метеше подови, чистеше пепел.Го најдов принцот и се омажив за него.Затоа сега сум принцезаuser posted image живеам во куќа на 2 спрата , имам едно дете и план за уште 2 3 ,и се сама си работам.Немам многу злато освен бурма, некое ланче и слично, се шетам кога сакам и кај сакам ако имам можност во моментот.user posted image

Малку шалаuser posted image

< Поракaта ја уредил Ikana RR -- 11.1.2013 12:52:19 >


_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

03.01.2013, 23:49

clock-img

deluxe

pencil-img

2479

PRINCEZA!!Ubavo zvuci ama za tie sto ziveat vo bajka,za mene ne vazi jas ziveam vo realnosta i srekna sumuser posted image Si imam maz sto si go sakam i toj me saka normalno,si imam dve prekrasni decinja za koi sum momentalno sluginka heheh a princeza se cuvstvuvav koga bev mala taka me vikaa moite roditeli user posted image .Zlatoto ne go ni sakam iskreno jas poke obozavam bizuterija poveke me raduva taa koga ke ja dobijam na poklon ,a zlato imam prilicno koga se mazev sveki se pokaza ama go nosam ednas ili dvapati godisno,toa nema nekoja vrednost za mene,poveke mi znaci ljubovta ,toplinata,i mirot sto go imame vo semejstvoto odkolku toa parce metal.zatoa dzabe ti zlato ako nema ljubov i sloga .pozzzz mili moi rruser posted image

clock-img

04.01.2013, 01:59

clock-img

ivemace

pencil-img

84

hahaha so sin mi sme vo faza na ucenje prikazni, najomilena mu e snezana, i pred nekoj den mi vika: kasni jabolko i padni, jas sum plincot ke te bubam i ke stanes :)
Znaci sepak sum necija PRINCEZA :)

clock-img

05.01.2013, 02:26

clock-img

Goddess*

pencil-img

332


ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak

Никој од нас не може да каже дека живее како принцеза, принцеза нема да те направат ниту парите, ниту златото, ништо. Едноставно мора да се родиш како таква, или како што веќе кажав да се омажиш за принц. Значи излишни се било какви муабети за принцези.



koj toa treba da go kazeuser posted image ..ako ne samata devojka/zena ako zivee kako princeza...I bash draga moja i te kako parite go pravat komoditetot u zivotot..Znaesh li kolku devojki/zeni ziveat bash kako princezi niz svetovuser posted image ...duri mnogu mnogu podobro i od Kejt M.user posted image ...na ziro smetka so milinski/bilionski sumi..

clock-img

05.01.2013, 10:54

clock-img

kikicka

pencil-img

4218

Хмммм принцеза не сум , и мислам дека така не би можела да живеам , некој друг за мене да работи. А што се однесува за пари и куќа и коли , имам доволно колку што ми требаат во моментот, можеби некогаш сакам некоја милионска сума ама кога ке подразмислам и не ми требаат пари ако сум несреќна. Една познаничка има многу пари, мажот и е многу богат имаат се, ама жената нема ниту една насмевка на лицето, испаѓа со пратња на шопинг. Колку и да не ја познава човек ќе свати дека е несреќна.
Нити со Кејт би сакала да се менувам.

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

Последни статии

article-img