за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
За правото на сместување во згрижувачко семејство одлучува надлежниот Центар за социјална работа, според местото на живеење или престој на корисникот. Сместување лице во згрижувачко семејство се врши врз основа на склучен Договор меѓу Центарот за социјална работа и еден член од згрижувачкото семејство. Во едно згрижувачко семејство може да се сместат највеќе 5 лица. Изборот на згрижувачкото семејство го врши Центарот за социјална работа, по утврдување на исполнетост на условите предвидени во Законот за социјалната заштита, подобноста и можноста на згрижувачкото семејство за грижување лице во нивното семејство. Центарот за социјална работа спроведува стручна едукација на лицата кои сакаат да се бават со оваа дејност. Освен со Договор со Центарот за социјална работа, физичко лице може да врши згрижување лице во своето семејство како професионална дејност, врз основа на решение на Министерот за труд и социјална политика со кое е издадена дозвола за самостојно вршење на работи од социјална заштита како професионална дејност.
Еве што кажува законот!но дали мислите дека тие луге кои земаат деца на чување го прават исклучиво заради пари и притоа ги занемаруваат децата ИЛИ навистина сакаат да ги неговаат и сакаат тие дечиња како свои?
јасно дека постојат секакви случаи,но ете, што мислите лично Вие по ова прашање?
08.02.2010, 09:19
mami
8680
Уф добро прашање..и сама си го поставувам некогаш. Од себе тргнувам дека ако некогаш земам детеце дома ке биде само за да му го олеснам животот и да му помогнам додека да се најде некој да го посвои. Но, има и такви кои ги земаат децата само за парите, а тие деца после живеат во мизерни услови- Нека им суди Горниот за таа постапка, јас не сум таа што треба да фрла со дрва и камења по нив.
08.02.2010, 09:30
Палешка РР
7505
Поддржувам само во случај ако добро се грижат за детето, ако тоа не го прават заради пари. Познавам една жена на која и почина синот на 27 години и ужасно беше потиштена и осамена (а каква да биде) Згрижи 20 годишна девојка, од домот за деца без родители и веќе 5 години живеат заедно. Девојката неа ја вика мами..
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
09.02.2010, 09:45
mother 29
4405
би требало да ја наполнил втората........... ова е Бошко на година дена.Дали Бошко е сеуште во ПП кај семејството Логеви? дали има некој информација?
09.02.2010, 10:00
beki RR
511
Пред некое време бев на гости кај едни роднини од мм ,и таму сретнав двајца други луѓе со едно детенце.Прекрсано детенце,многу убаво и мило.Луѓето ми раскажаа дека дететнцето згрижиле преку центарот за социјална работа.Кога го зеле тоа само испуштало некави звуци и немало никакви функции.Луѓето толку многу се ангажирале што тоа дете денес одлично зборува и единствен проблем му е одењето.Одлично работи со рачината,се фаќа за работ од масата и се исправа, само не можи сеуште да стои само и да оди.Искрено кажано, воодушевена бев колку многу е направено затоа дете.Разговаравме и за АБР и луѓето беа доста зинтересирани.единствениот проблем е што терапијата не ја плаќа државата.Рекоа дека ќе видат дали ќе можат да најдат некаква донација.За поздравување се нивните напори и ангажманот кој го имаат околу детенцето. А имам слушнато и за случаи каде децата баш и не ги третираат најдобро, ги земаат само за парите.
09.02.2010, 10:09
ananikol
1568
Beki, tie luge sto si gi sretnala se za sekoja pocit
09.02.2010, 10:25
nadica
4381
сакам да верувам во тоа дека не е се во парите дека има и нешто повеќе од парите
но реалноста некогаш е сурова па и тие слатки деца кои изгубиле се наместо дом топла прегратка и убав збор го добиваат сосема спротивното
сепак секоја чест на исклучоците кои ги здомуваат децата додека да се појави вистинското семејство
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
09.02.2010, 11:44
delfinka
416
ne ve razbiram najiskreno zosto nekoj dokolku nema ljubov bi zel dete a i sumata za izdrzuvanje mislam deka ne e taka golema prvo znam deka pred da go dadat deteto mora so komisija da odat na pratenje kakva familija e,dali se psihicki vo moznost toa da go pravat,kako funkcioniraat so deca......... zarem moze nekoj da zgrizi dete za da si igra so negovite emocii??
_____________________________
sekoj e blagosloven ako veruva vo boga
17.03.2012, 00:13
suzeto
1297
dali nekoj znae nesto poveke ...dali sam biras vozrast pol itn...
14.03.2013, 09:14
babyhope
548
Понекогаш размисувам на оваа тема, и дури и му имам предложено на мм да се пријавиме во ЦСР за згрижувачко семејство.. Тој ја одбива оваа идеја, но јас стварно мислам дека можеме да му пружиме згрижување на некое дете особено ако е тоа за привремено дури да ги добиеме нашите .