Обично, ако детето гледа дека неговите родители појадуваат-и тоа самото ќе појадува. И вам секако ви е потребе н појадок. Јасно ни е дека ви е веќе здодевно постојаното смислување на идеи за оброци, па еве неколку наши идеи за брз и лесен појадок Верувале или не, нутритивните потреби на децата не се измениле во последните 20 години. Но, светот во кој живеат децата дефинитивно се измени. Да се храни дете-денес е сосема ново искуство, имајќи предвид дека на секој чекор има интересни фаст-фуд ресторани кои ги мамат децата, билборди, повеќе од 50 достапни ТВ канали секој ден итн. Затоа, многу е важно да се обноват знаењата на родителите околу исхраната на децата, за да ги подготвите за здрав живот во 21-от век.
Најпрво, треба да ги имате на ум вистинските потреби на детскиот организам,Еве што ним најмногу им треба во текот на денот:
Храна
Количина
Бр.на оброци
Зрна и житарки леб, житарки,
ориз, тестенини - 1 парче леб
- 30 гр.житарки
- 1/2 чаша ориз
- 1/2 колаче, блага кроасана
- 1 тортиља
- 1 мало колаче
Деца 6-12
6-9 оброци
Тинејџерки
6-9 оброци
Тинејџери
9-11 оброци
Зеленчук
- 1/2 чаша сок
- 1/2 чаша варен
- 1 чаша свеж
Деца 6-12
3-4 оброци
Тинејџерки
3-4 оброци
Тинејџери
4-5 оброци
Овошја
- 1/2 чаша сок
- 1 средна овошка
- 1 чаша боровинки (малини)
- 1/2 чаша конзервирано
- 1/2 грејпфрут
- 1/4 чаша сушено
Деца 6-12
2-3 оброци
Тинејџерки
2-3 оброци
Tинејџери
3-4 оброци
Млечни продукти
- 1 чаша млеко
- 1 чаша јогурт
- 30гр.сирење
- 1/2 чаша пудинг или овошен јогурт
Деца 6-12
2-3 оброци
Тинејџерки
3+ оброци
Тинејџери
3+ оброци
Месо & Зрна
- 100 гр.посно месо или риба
- 2 лажици путер од кикирики
- 1 јајце
- 1/4 чаша јаткасто овошје
- 1/2 варени зрна
Деца 6-12
2-2.5 оброци
Тинејџерки
2-2.5 оброци
Тинејџери
2-3 оброци
Појадокот е најважен Вашето дете не појадувало, а скоро 8 часа ќе биде без храна. Планирате да му подготвите оброк за во училиште? Ова не треба да се дозволува-истражувањата покжауваат дека децата кои појадувале се подобри и поактивни на часовите, за разлика од оние кои го прескокнуваат појадокот.
Обично, ако детето гледа дека неговите родители појадуваат-и тоа самото ќе појадува. И вам секако ви е потребе н појадок J Јасно ни е дека ви е веќе здодевно постојаното смислување на идеи за оброци, па еве неколку наши идеи за брз и лесен појадок:
Житарки со овошје и млекоТост лепче со сирењеКифла со мармалад и јогуртОвошен пудингПутер од кикирики на парче интегрален лебКашкавал и крекери Поместување на оброците
Ако ги разнесувате децата до училиште и назад, мора да имате на ум дека и оброците им се поместуваат. Златното правило „3 оброци дневно“ повеќе не важи-ако немате повеќе време за оброк, тогаш потрудете се децата да јадат повеќе пати во денот.
Кога нема доволно време, здрава ужинка може да го задоволи детскиот апетит. Но, тоа не треба да се практикува секој ден-некој ден 5-6 мали оброци ќе завршат работа, а некогаш 2 големи. Како и да е, тука се работи за ваша проценка и вие секогаш треба да имате нешто подготвено за брз оброк.
Рецептот подолу е совршен пример за идеална хранлива алтернатива наместо брза храна, може да се подготви за неколку минути и да се спакува за ужинка (поднесува транспорт)
Сендвич со туна и салата од зелка
за 4 оброци
185 гр.туна во вода (1 конзерва), исцедена
1-1/2 чаши рендана зелка
1/2 чаша ананас од конзерва, исцеден
малку маслиново масло
4 пита лепчиња (интегрални)
Во чинија се меша туната, зелката, ананасот и маслото. Лепчето се полни со 1/ 4 од смесата и се витка во фолија.
Разумни ограничувања Забраните да се јаде одредена храна обично ги поттикнуваат децата токму тоа да го сакаат. Наместо строго да забранувате, барем одберете им и посочете им некои прифатливи десерти: без шеќер, без конзерванси и без сол, посни. Никогаш не е прерано да се научат децата што е здраво за нив.Направете распоред на оброците на целото семејство. Секако дека е покорисно кога сите заедно ќе седнете на маса-децата кога јадат пред ТВ или компјутер, обично не се навистина гладни и јадат по инерција.Не ги присилувајте децата да јадат одреден тип храна. Нудете им добро избалансирани оброци со храна за која сте сигурни дека децата ја сакаат. Ако вас ве гледаат како јадете здрава храна и тие ќе посакаат...