cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Здрава исхрана за време на бременост

  
clock-img

10.06.2013, 19:16

clock-img

caciana

pencil-img

863

Дали може да ми помогнете во врска со изборот на храна во тек на бременост? Како да се исхранувам здраво ...а сепак да не накачам многу кг....зошто навистина имам проблем со сметнувањето на вишокот на кг. user posted image Не сакам после породувањето да останам како слонче user posted image

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 11.6.2013 0:23:09 >

clock-img

11.06.2013, 23:06

clock-img

Snow Queen

pencil-img

302

Девојки, дали моето неконзумирање на свеж зеленчук може да има некои последици врз плодот?

_____________________________

07.04.2006........до ден денес со саканиот сме лудо вљубени

clock-img

17.07.2013, 09:51

clock-img

JovanaJ

pencil-img

911

I jas ne jadam zelecuk sega, ama smetam deka ne bi trebalo tolku da vlijae na plodot. Plodot zema se sto mu treba od nasite rezervi, pa moze samo nie da se cuvstvuvame poiscrpeni ako ne vnesuvame dovolno vitamini.
Inaku imam doma kniga za zdrava ishrana vo bremenosta, i pisuva soodnos na jaglehidrati, masti i proteini za vo sekoj obrok i za sekoj den. Se bazira na izbor na zdravi jaglehidrati (ne prosti) i zdravi masti. No od se toa sto e navedeno mene mi se krevaat creva i nemozam voopsto da gi jadam tie namirnici. So isklucok na nekoi ovosja, i melko/jogurt. A bi bilo dobro da se sledi vakov nacin na ishrana bidejki ke ovozmozi poln vnes na hranlivi materii i ne kacuvanje kilogrami bez vrska. Samo da mi pominat ovie macnini i mozebi ke probam taka da se hranam user posted image

_____________________________

You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!

clock-img

17.07.2013, 10:10

clock-img

Yummy Mammy

pencil-img

1690

Jas mislam deka se sto e umereno ne moze da steti. JovanaJ ima pravo, ako ne se konzumira zdrava hrana, plodot e pomalku zasegnat, a kaj majkata moze da se javi anemija i nedostatok na zelezo, ili dijabetis i slicno.
Jas na primer nikad u zivotov coca cola ne sum sakala, no eve so site tri bremenosti samo toa mi pomaga za kiselini. Si pijam, no ne preteruvam. Ako denta sum izela polna cinija zelencuk ili namesto gricki sum grickala ovosje, nisto nema da mi bide od 250ml coca cola.

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

clock-img

17.07.2013, 10:14

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Еве некои информации кои ги најдов на фемина.мк


Исхраната во бременоста

Што е корисно?

Не постои магична формула која што ќе ви каже што да јадете за време на бременоста. Главно треба да се насочите кон консумирањето на повеќе зеленчуци, овошје, житарки и зрнеста храна и кревко месо.

Фолна киселина

Фолната киселина е потребна за формирање на плацентата и правилното развивање на плодот. Таа е одговорна за создавањето на мозокот и грбниот столб на бебето, уште во првите месеци од бременоста. Консумирањето на доволно количество Б9 (фолна киселина) ја намалува веројатноста за појава на дефекти на мозокот или грбниот столб на новороденчето за 70-80%.

Препорачани дневни потреби: 600-800μg. Максималното количество фолна киселина кое е безбедно да го внесете е 1000μg.

Извори на фолна киселина: спанаќ, брокули, карфиол, црн дроб, телешко и јагнешко месо, сите темнозелени зеленчуци, морков, диња, авокадо и леб.

Калциум

Калциумот е потребен за вие и вашето бебе да имате цврсти коски и заби. Ако не внесувате доволно калциум во текот на бременоста, бебето ќе земе калциум од вашите коски. Калциумот помага за правилно функционирање на нервниот и кардиоваскуларниот систем.

Препорачани дневни потреби: 1000μg.

Извори на калциум: млекото и млечните производи како јогурт, сирење, кашкавал и изварка. Но, исто така калциумот се среќава и во брокулите, спанаќот, кинеската зелка и житариците.

Железо

Железото е дел од секоја клетка на телото и има огромна улога во создавањето на силен имунолошки систем. Кај бремените жени, кои што имаат дефицит на железо, има голем ризик од предвремено раѓање и мала телесна тежина на новороденчето.

Препорачани дневни потреби: 27mg.

Извори на железо: црвено месо без маснотии, месо од живина и риба, спанаќ, леќа, јагоди, житарици, грав, суво овошје и јаткасти плодови.

Протеини

Многу бремени жени не знаат колку се важни протеините како за нивното, така и за здравјето на нероденото бебе. Бремените жени треба да внесуваат поголемо количество протеини, затоа што тие се неопходни за растењето на бебето.

Препорачани дневни потреби: 71g.

Извори на протеини: кревко црвено месо без маснотии (јагнешко, телешко), јајца, риба, месо од живина, млеко и млечни производи.



А прочитајте ги и нашите статии тука и тука.

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 17.7.2013 10:17:15 >


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

18.07.2013, 20:40

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

Нешто кон што се трудам да се придржувам во бременоста, во која храна кои витамини ги има и кои со кои не се конзумираат во исто време

КАЛЦИУМ

Најдоброто решение на идните мајки за внес на калциум, е всушност правилното комбинирање на растителните извори на калциум како и млечните производи. Калциумот е потребен за правилно формирање на забите, коските, мускулите, нервите и срцето на бебето.
Сусамот, е семенка која што го заслужува првото место на списокот на производи кои што се богати со калциум, бидејќи го содржи седум пати повеќе од млекото. Покрај тоа сусамот, содржи и масло, бакар, манган, железо, витамините Е и Б1,
Сувите смокви се многу корисни за здравјето, но помалку е познато дека 100 грама од ова овошје задоволува
35% од дневните потреби за калциум. Се користи како средство за намалување на крвниот притисок, како и за намалување на холестеролот и триглицеридите во организмот.

Калциумот се апсорбира од желудникот со помош на масните киселини и жолчната киселина. Се смета дека е неопходно само 1 г маснотија за да се оствари успешна апсорпција на 10-15 мг калциум. Според тоа, вишокот или недостатокот на маснотија ја влошува апсорпцијата на калциум. Апсорпцијата на калциумот се влошува и при недостаток на протеини (белки), но и при недостатокот на витамин D.

Најдобар сооднос меѓу калциумот и магнезиумот е 1 : 0,6. Ваков е соодносот на овие два елементи кај сардините, црниот патлиџан, краставиците, зелената салата, лукот, гравот, крушата, јаболкото, грозјето, малините.Многу близок до овој сооднос има во урдата, краставицата, лукот, грозјето. Во некои продукти, како на пример сирењето, млекото, свинското, говедското или кокошкиното месо соодносот на калциум и фосфор не одговара на потребите на организмот па токму затоа, за надополнување, потребно е овие продукти да се конзумираат во комбинации како леб со сирење, месо со зеленчук и.т.н.

Калциум има и во:Афион, Кравјо млеко ,Сусам,Урда ,Коприва,Риба ,Сардина во масло,Леб со трици,Шипинки, Месо,Бадем, Цвекло ,Лешник,Сушена соја


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

18.07.2013, 23:21

clock-img

Martins mom

pencil-img

3342

Леле,што ми се случува??! Само што ги исчитав јадењава погоре,добив нагон за повраќањеМене луѓе,стварно ништо не ми се јади и ептен слабо јадам,а сум здебелена...ни сама не знам од што?!user posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

clock-img

31.12.2013, 10:42

clock-img

Evzemina

pencil-img

1

Здраво на сите, јас сум нова на форумов и нова трудница user posted image
Сакам да прашам дали има некој искуство со пиење воден кефир (јапонски кристали) во текот на бременоста?
Фала ви однапред на одговорите

clock-img

03.01.2014, 21:59

clock-img

Mimi33

pencil-img

79

Јас немам консумирано такво нешто user posted image а инаку обилно овошје,зеленчук,спанаќ,цвекло и многу течности мислам дека е идеално за добра здрава исхрана за идните мамички user posted image

clock-img

02.12.2014, 13:35

clock-img

caciana

pencil-img

863

Ke vi nabrojam nekoi namrnici koi sto sekoja bremena zzena treba da gi konzumira.
Mleko, sirenje jogurt.. Zatoa sto se bogati so kalcium koj sto e dosta vazen za vreme na bremenosta.
Ovosje i zelencuk vo golemi kolicini, integralni zitarki.
Meso, pilesko, riba, jajca, mesunki, - zatoa sto e hrana bogata so proteini i so zelezo.
Rastitelnite vlakna se neophodni za vreme na bremenosta , zatoa sto ja sprecuvaat pojavata na opstipacija. Rastitelnite vlakna gi ima vo integralniot leb, ovosje , zelencuk i integralen oriz.

clock-img

02.12.2014, 14:19

clock-img

scared RR

pencil-img

1349

Млекото и не е баш добар избор за возрасен човек, за деца во раст и развој да, ама за возрасна особа не, посебно во тетрапак. Калциумот може да се надомести со јогурт или со суплементи.

Малку офф топик, гледам на почетоков на темава имаш пишувано во твое име, како да си бремена, се збунив сега нели немаше деца ти user posted image

< Поракaта ја уредил scared -- 2.12.2014 14:21:00 >

clock-img

02.12.2014, 14:26

clock-img

caciana

pencil-img

863

Tuka pisuvav vo ime na moja drugarka. Koja sto ima deca no ne e logirana na forumov.. a jas seuste ne bev diplomiran nutricionist za da mozam da ja zapoznaam so nacinot na zdrava ishrana. Inaku sega sum tuka za da im pomognam na idnite mamicki kako nutricionist.
Od edna strana nemam deca zatoa sto ne sum mazena.. No od druga strana imam 3 vnucinja koi sto se i moi deca mnogu normalno!
TETKATA E VTORA MAJKA user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил caciana -- 2.12.2014 14:27:21 >

clock-img

02.12.2014, 14:32

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

Млеко воопшто не е здрава храна, освен за деца. Ниту пак млечните производи имаат којзнае колку кациум па да е неопходно да се пие, и напротив, има повеќе штетни ефекти. Ако е за калциум, него стопати повеќе го има во листести зеленчуци (кељ, спанаќ, зелка...), житарки, брокула, мешунки, овошје...

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

02.12.2014, 14:39

clock-img

caciana

pencil-img

863

Mlekoto ne e zdrava hrana??? Lele luge ova go slusam prv pat od vas.. Sea normalno ako zburuvate za mleko od tetrapak koe ima rok na traenje 2 meseci..e toa ne e zdravo ni za decinjata. No dokolku se potrudite da najdete mleko od farma ..presno izmolzeno i so trajnost od nekolku dena togas ke go znaete zdravstveniot efekt na mlekoto user posted image
I plus toa mlekoto ne sodrzi samo kalcium!
Mlekoto sodrzi laktoza(mlecen seker),proteini ( kazein, surtkini proteini), mineralni materii(mikro i makro elementi) , vitamini, enzimi.

< Поракaта ја уредил caciana -- 2.12.2014 14:44:05 >

clock-img

02.12.2014, 14:49

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

Фала за лекцијата, знам добро што содржи млекото user posted image Провери повторно и консултирај повеќе извори, посебно ако се декларираш како нутриционист, бидејќи млеко воопшто не се препорачува за возрасни лица.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

02.12.2014, 17:48

clock-img

caciana

pencil-img

863

Voopsto??? hahha sakas da kazis deka e stetno taka? Kako mozi nestovo da e dobro za bebe a stetno za vozrasen? Ako e stetno za vozrasen nema da go pijat najmladite i najneznite.Mlekoto moze da bide stetno dokolu se konzumira vo PREGOLEMI kolicini (toa ne e 1 casa na den) , dokolku e zagadeno so antibiotici, hormoni i ako go konzumiraat luge koi sto ne moze da toleriraat laktoza ili se alergicni na laktoza DA. NO NE POSTOI IZVOR KOJ STO TVRDI DEKA MLEKOTO E STETNO I NE SMEE DA SE PIE!
posto me deklariras kako "nutricionist" spodeli go so nas tvojot izvor da procitame i nie nutricionistite nesto sto ne sme procitale vo 4 godini studiranje.



< Поракaта ја уредил caciana -- 2.12.2014 17:53:18 >

clock-img

02.12.2014, 17:58

clock-img

scared RR

pencil-img

1349

не си ги гледала изгледа рекламиве на владава user posted image колку пати само се зборело и во емисии по телевизиине за тоа како млекото е штетно, еве ти и некои написи пошто линкови не смеам да постирам.

Кога пиеме кравјо млеко, една работа треба да ни е на ум: тоа млеко е прецизно формулирано за животно кое што ќе тежи 900кг и ќе има мозок голем колку половина лубеница.

Природата е многу прецизна во начинот на кој ги создава работите, па затоа пропорциите на калциум кои што се потребни за развојот на телото на едно теле се вклучени во млекото на неговата мајка. Тоа го прави кравјото млеко премногу тешко за човековиот организам. И не само тоа: телето го пие млекото директно од својата мајка, онака како што е природно создадено. Млекото што го пиеме ние е преработено: се загрева до точка на вриење, се пакува и стои во магацините и продавниците по којзнае колку долго, со што тоа има многу мала сличност со она што оригинално потекнува од кравите.
Млекото е наменето за новороденчиња, било да се тоа луѓе или животни. Тоа служи за да им помогне на доенчињата да преминат од раѓањето до одредено ниво на зрелост. Во случајот со животните, по извесен период мајката ги одбива своите доенчиња и тие никогаш повеќе не пијат млеко до крајот на својот живот. Човекот пак е единственото суштество на планетата кој како возрасен пие млеко, и тоа млеко што потекнува од друго животинско суштество.

Направени се студии каде што едно теле е хрането со пастеризирано млеко (преработено во онаква форма во каква што го конзумираме ние луѓето). Друго теле е хрането со млеко директно од својата мајка се додека таа не го одбие. Што мислите, кое од овие две телиња имало поголеми здравствени проблеми? И не само тоа, здравствените проблеми кои што ги имало телето што било хрането со пастеризирано млеко биле многу слични на оние што ги имаат луѓето. Доколку имате премногу калциум во вашиот организам, тој мора да стори нешто со него, и почнува да го таложи на краевите од коските. По некое време тие коски стануваат неисправни, и се формира артритис.

Ова не се случува одеднаш, туку се акумулира со текот на времето. Кога ќе навлезете во своите 30-ти и 40-ти години, полека почнуваат да се појавуваат симптомите. Меѓутоа овие симптоми се на такво ниво на национална епидемија што никој не сфаќа дека тоа се симптоми предизвикани од она што го конзумираме и од нашите лоши навики. Најчесто ќе слушнеме: „Ах, старееш! Тоа е нормално за твоја возраст“. Но не е нормално. Ние самите си го забрзуваме сопствениот процес на стареење.

clock-img

02.12.2014, 18:10

clock-img

caciana

pencil-img

863

Ne sum gi sledela reklamite od vladata..zatoa sto tie reklami gi pusti vladata a vo niv ne e priklucen nutricionist..Moze da zabelezete deka Premierot zboruva za zdrava hrana (ekonomist e inaku) a glumci gotvat na TV . Inaku vo red ti e postov i go pocituvam da ...Jas sum protiv pasterizirano mleko ... vidi pogore go pisav istoto. I sto mislis kolku mleko pie edno tele??? Sporedi ja taa kolicina so onaa sto covekot moze da ja ispie i ke razberes.. Ne veruvam na nekoi statii koi sto ste gi citale po internetov,, jas kazuvam nesto sto e zapisano vo LITERATURA !

Inaku temava e hrana za vreme na bremenost ako sakate da diskutirame za mleko odete na mleko i mlecni proizvodi user posted image

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 3.12.2014 14:31:43 >

clock-img

02.12.2014, 18:21

clock-img

Hopeful RR

pencil-img

2349

Ц ц ц... не гледам потреба од дрскост, цинизам и детско однесување, и затоа немам намера да ја продолжам оваа дискусија.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

clock-img

02.12.2014, 18:30

clock-img

scared RR

pencil-img

1349

user posted image Па си требала да се пријавиш ти за нутриционист, сигурно сега немаше да остане млеко по полициве во продавнициве user posted image
Поентата на тексот доколку не ја сфати е дека млекото е потребно на бебињата додека не се развијат, а тоа го прават со мајчино млеко, исто како што телето пие кравјо за него мајчино млеко. После тоа нема никаква поента од пиење на млеко, калциумот може да се прима и преку други намирници споменати погоре.А и превише калциум може да биде штетен. Кажи ти каква е користа од возрасен човек да пие кравјо млеко? Ама баш никаква. Ајде еве бидејќи ние не знаеме и да не читаме од интернет, просветли не со некој извадок во врска со млекото од твоите нутриционистички книги user posted image
Пс. Употреба на големи букви во пишана коресподенција е еднакво на викање (дерење) нас не научија на ова на факултет ама вас изгледа не

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 3.12.2014 14:32:25 >

clock-img

02.12.2014, 18:43

clock-img

caciana

pencil-img

863

haha ne ni planirav da vikam ili da se deram ( toa ne e moja priroda) Sakav da ti Potenciram deka tamu nekade postoi soodvetna tema . pozz od mene user posted image

clock-img

02.12.2014, 18:54

clock-img

tincule

pencil-img

183

Јас додека бев бремена најискрено си јадев се како што си јадев и претходно само некој оброк плус user posted image Обавезно цеден портокал со лимон во текот на денот си пиев, свеж зеленчук (салата), јогурт обавезно зашто млеко не пијам неможам да го пијам после цел ден ми е мака во стомак, а јогуртот ми помагаше за да не ми крварат непцата, зашто имав таков проблем на почетокот. Газирано не пиев кока кола конзумирав со лимон само кога премногу ме болеше главата тоа беа околу некои 3-4 пати во цела бременост и не ми се веруваше дека помага за главоболка затоа што не пиев никакви апчиња, а и несакав да се трујам ни себе ни детето. Фолна киселина ме тераа преку апчиња ама јас конзумирав се што можеше да содржи фолна киселина, исто и железо, накратко гледав сите потребни витамини да си ги внесувам само преку храна без апчиња и без јадење со сила нешто што не сум го јадела ни пред да останам трудна. Првите четири месеци јадев по кило банани како лудаuser posted image user posted image user posted image а не добив ни запек, немав никакви киселини, вртоглавици, повраќања можам да кажам дека јас не ја осетив бременоста ама доста пешачев и тоа до 9 месец е после веќе ми стана тешко, си заспивав накај 20 и станував во 06 сабајле за на работа свежа одморена, пиев многу вода и сокови природни, нејадев многу солено, не отекував и качив само 14 кила кога се породив си ја вратив линијата за месец дена, немам стомак ни стрии фала на кремата од ДМ user posted image И да не се фалам доста беше, тоа беше мое искуство и од мене толку поззuser posted image user posted image user posted image

clock-img

03.12.2014, 14:29

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

Во секое време може да се прочитаат Општи услови за користење на форумот=ТУКА

Насловот е Здрава исхрана за време на бременост, за кого што е здраво е личен избор.Тема за млеко и млечни производи има но во Форумот Бебе,а овде се однесува на бремени жени.. Ако сакате да дискутирате за млекото и производите отворете тема на пример во Семејно здравје

Да се задржи нивото на дискусијаuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

10.01.2015, 16:50

clock-img

sonc90

pencil-img

267

zdrava ishrana e raznovidnata ishrana...znaci od se po malce...ne sega da zemete-ej jas sum trudna pa kupuvaj specijalna hrana...znaci ako znaete kako obrocite da gi isplanirate ke si stvorite sami zdrava ishrana...obidete se dnevno da vnesuvate vitamini i minerali preku ovosjeto i zelencukot,kalcium preku mlekoto i mlecnite proizvodi,proteini preku jajcata i mesoto,itn itn...znaci ne vi trebaat nekoi posebni sostojki ili licen nutricionist tuku mesanje na proizvodite...i zadrzete se malce na mandzi za da imate ubava stolica a ne tvrda...i da, se da bide vo umereni kolicini a ne preterano...

clock-img

12.01.2015, 15:18

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

Дел од денешните новости user posted image

Сите бремени жени од средината на март ќе добиваат бесплатно таблети фолна киселина и јод, заради правилен развој на плодот и намалување на ризикот од понатамошни здравствени нарушувања на новороденчињата.

Овие суплементи на трудниците дома бесплатно ќе им ги доставува патронажна сестра, која при своите посети ќе им дава и совети на трудниците за здрава исхрана и животни навики во текот на бременоста.

Извор:Курир.мк

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

Последни статии

article-img