ИЗВОРНА ПОРАКА: mami
да чуканм во дрво сега засега сме супер..кога му правеа анализа на крвта рекоа дека е одлично, освен некоја малечка кашлица зимово поминавме топ... не го штедам многу, не го пренатрупувам со алишта, го изнесував надвор на снег и кога беше најстудено(по некоја минута, не го оставав да смрзне) и мислам дека тоа е клучно во развојот на едно дете,на тој начин се јакне имунитетот, а ако го затворам дома, во соба со 30 степени што? ке трчам по болници нон стоп.
ИЗВОРНА ПОРАКА: biljanaM
јас имам едно прашање, вчера мокрачата на Воислав му беше розеникава, се загрижив, два дена цело време пиеше сок од цвекло си помислив од тоа да не е, ама зошто би било од тоа......
Денес не му давав цвекло и мокрачата му е нормална како порано. Утре ке го носам на лекар.....
ИЗВОРНА ПОРАКА: Боцко
цвекло. дефинитивно. без грижи. и мене ми се случува по салата од цвекло, а камоли сок.
ИЗВОРНА ПОРАКА: biljanaM
Бед бој само да знаеш колку ми олесна, навистина е така?.....уф...цело време мислам на тоа.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца
Билјана сигурно е од цвеклото, а може да ја има и таа боја доколку не испил доволно течности, значи ништо страшно, но ако сакаш една контрола не ти штети, за секој случај ако го посетиш педијатарот ајде те молам пиши ни што таа ти кажала.
ИЗВОРНА ПОРАКА: biljanaM
Значи бевме на лекар и д-рката ми го рече истото дека дефинитивно е од цвеклото направивме анализа на крвта поради друга причина за да ја видиме вредноста на алкалната фосфатаза , бидејќи Воислав многу плачеше земавме кеса за мокрача за дома....
. А многу се исплашив тогаш бидејќи незнаев за вакво нешто. Фала ви многу