за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
vo kakva sostojba se naodja zoo gradina, sakam denovive da gi vodam decata, vredi li P.S. ne sum od sk
< Поракaта ја уредил profesorica -- 23.9.2009 13:54:32 >
23.09.2009, 11:24
big_mama817
1331
spored mene ne bidejki e vo nikakva da ne kazam mizerna sostojba toa e moe mislenje za zal
< Поракaта ја уредил profesorica -- 23.9.2009 13:54:47 >
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
23.09.2009, 11:25
profesorica
5709
Ние бевме пред некоја недела со Дамјан, почнале да ја реновираат но далеку е од средена.
< Поракaта ја уредил profesorica -- 23.9.2009 13:55:00 >
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
23.09.2009, 11:27
mami
8680
не вреди да тепаш пат до тука за ужасна смрдеа и измачени животни..едноставно не вреди..
< Поракaта ја уредил profesorica -- 23.9.2009 13:55:13 >
04.11.2009, 15:20
profesorica
5709
кој бил во скоро време во нашата зоолошка? дали ја средија нешто повеќе или пак си е по старо???
< Поракaта ја уредил Julie -- 5.11.2009 20:55:58 >
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
04.11.2009, 15:59
mami
8680
се си е по старо...
< Поракaта ја уредил Julie -- 5.11.2009 20:56:10 >
04.11.2009, 16:10
mis.
3845
Одамна немаме отидено во зоолошката градина.Еден период постојано бевме таму па сега одмараме. Ај некој потопол ден ќе прошетаме да видиме старо,ново.
< Поракaта ја уредил Julie -- 5.11.2009 20:56:27 >
05.11.2009, 14:30
zami
574
Nie redovno odime vo zooloska. Ima novi lulaski i po nekoja klupa i kanta za gubre plus. Ima i novi zivealista, no zivotnite seuste ne se preseleni.
Ne se soglasuvam deka ne vredi da se tepa pat, pa kako inaku decata bi videla lav vo zivo ili majmun ili mecka ili nilski konj.
Malku se moram da priznaam, ama interesot na lugeto mozebi ke gi natera nadleznite da se angaziraat povere.
Inaku nemame kamila, umre pred edna nedela bidejki se zadusila od najlonsko kese frleno od posetiteli.
Sin mi i lani i ovaa kogina gi nosea od gradinka vo ZOO i super si pominuvaa.
A ovaa godina prv pat bevme i vo prirodonaucniot muzej (vednmas do zooloska), i tamu ima sto da vidat i naucat decata, ama malku pogolemi. Sin mi ima 5g. i bese vooduseven od muzejot, go zborese dobri dve nedeli dodeka ne otidoa so tatkomu povtorno.
Vlezot vo ZOO e 50 den. a za deca pod 3 godini ne se naplaka. Vlezot vo Muzejot e 20 den.
Ako najdete poevtina, a edukativna zaba za decata ve molam javetemi.
< Поракaта ја уредил Julie -- 5.11.2009 20:56:40 >
05.11.2009, 14:41
profesorica
5709
браво зами па така сакам да ве чујам.Инаку и ние сакавме да тркнеме до музејот ама мали сме
< Поракaта ја уредил Julie -- 5.11.2009 20:56:53 >
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
05.11.2009, 20:53
mis.
3845
Зами како починала камилата?Имаше две а сега ниту една ли не остана? А со се останато потполно те подржувам и се согласувам.
< Поракaта ја уредил Julie -- 5.11.2009 20:57:06 >
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
22.03.2010, 00:23
Еца
6692
Денес дечињата од домот беа во посета на ЗОО, па утре ќе слушнеме како си поминале. Инаку последен пат кога бевме навистина наголемо се работи, се подготвуваат нови живеалишта, и тоа е за пофалба. Добро е што конечно се тргна од некаде. Мис вие денес бевте во ЗОО и твое гледиште, како е?
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
22.03.2010, 09:27
caci20
1049
Nie bevme pred dve nedeli i zoloskata e edno golemo gradiliste. Citav vo vesnik za planovite pa ako napravat kako sto vetuvaat ke bide super. Imase i za moznosta za proslava na rodenden. Posle april se ocekuvaat i novi zivotni do togas ne odime.
_____________________________
Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...
22.03.2010, 12:16
Saturn
208
Зоолошката градина стварно сега изгледа многу лошо, како градилиште е, но се надевам дека за неколку месеци конечно ќе завршат градителстките работи и дека ќе заличи на пристојна Зоолошка градина. Но затоа Музејот е одличен. секогаш кога ќе се спомне Зоо се мисли на зоолошката градина и некако не ни текнува на Музејот. Внате е добро и едукативно за нашите најмили. Ќерка ми има 2,5 години и многу сака да оди во тој музеј, таму ем ги има сите растителни и животински примероци од нашата држава ем има по нешто и напишано за нив. Значи, ДА НЕ ГО ЗАБОРАВИМЕ МУЗЕЈОТ
22.03.2010, 12:21
jovanka
1745
Moze da se organizirame nekade vo maj koga ke donesat i nekolku novi zivotni da napravime edno druzenje.
_____________________________
Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
22.03.2010, 14:06
mis.
3845
Да зоо е право градилиште,животните се разместени но ако не се почни со правење никогаш и нема да се направи.Голема подршка за реновирањето,секоја чест.Се надевам ќе се добрижиме до зоо каква што заслужува ск.Ме одушеви идејата лавот,тигарот,леопардот,пантерот,рисот да се извадат од занданите и што им се направи живеалиште надвор во природа.Живеалиштата му се заштитени со струја со висок напон Треба уште работа но мора да донесат и други животни.
24.03.2010, 10:39
Мачиња
21
Прво морам да кажам едно големо БРАВО за тоа што е спомнат проф. др. Станко Караман. Денешниве македонски професори едноставно го заборавија овој светски познат и признат научник!
И уште една Браво за Рингераја што им овозможи на тие дечиња да ја посетат зоолошката.
Да нашава зоолошка не може ни да се помисли да се спореди со останатите зоолошки градини во светот, но тоа не би го земала за причина да не се однесат децата таму. Секое дете сака да посети зоолошка градина!
01.04.2010, 09:48
TRANSTAR
23
sekoja sabota ZOO sekoja nedela Vodno
01.04.2010, 12:23
jovanka
1745
Da im posakame dobrodojde na novite ziteli koi ke bidat vistinska atrakcija -Kengurite
_____________________________
Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.
10.04.2010, 15:47
caci20
1049
Denes bevme vo zooloska i prijatno se iznenadivme od izgledot i sodrzinite. A ne sme bile samo eden mesec. Samo napred i koga ke odime sleden pat da se iznenadime poveke
_____________________________
Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...
10.04.2010, 16:34
mis.
3845
A оваа за кенгурите вистина има или е првоаприлска шега?
10.04.2010, 18:04
caci20
1049
Ima kenguri da
_____________________________
Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...
10.04.2010, 18:11
mis.
3845
секоја чест на новитетите во нашата зоо.
06.05.2010, 12:30
zami
574
ЗОО ПОСЕТИ
Со цел да го прослават новиот лик на Зоолошката градина со своите клиенти Стопанска банка АД – Скопје обезбеди влезници за саботни посети на ЗОО Скопје во периодот од 24.04. – 24.07.2010 година. Влезниците може да се подигнуваат секој петок и сабота од филијалите Младина на кеј, Кисела вода, Веро 2, Порта Влае и Јане Сандански, а да се употребуваат во една од саботите во назначениот период.
Покрај ова, во кругот на ЗОО Скопје секоја сабота се случуваат и дополнителни настани кои ќе бидат најпримамливи за децата како: боење на лицата, едукативни тури со водич, фотографирање, игри и многу други возбудливи содржини и изненадувања за сите посетители.
06.05.2010, 14:18
profesorica
5709
овие влезници што ги обезбедила стопанска банка се бесплатни????
и ај да се собереме еден викенд рр во зоо???а?
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))