за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Вчера и денес, за двајца арогантни типови, од двајца различни луѓе, на прашањето зошто се такви, добив иста дефиниција, како мали никој не ги играл, и во прв момент кога дошле на позиција стануваат такви.
Хе, хе што мислите вие, зошто луѓето стануваат арогантни. Сигурно не е вродена особина, епа како ја добиваме, на што се должи?
14.08.2013, 14:35
Bethany
4534
Не е вродена особина, ама човекот си има слободна волја, да избира што и каков ќе стане. Мислам многу различни фактори играат улога, сепак пресудно е тоа нешто за што човекот ќе се одлучи да постане. Има една изрека, ќе ја парафразирам, не знам точно како оди, отприлика вика: во секој еден од нас живеат двете особи, добра и лоша, која повеќе ја храниш, таа повеќе управува со тебе. Арогантни личности во животот тежнеат повеќе и повеќе кон неблагородни особини, освен ако нешто во животот не им се случи, што ќе ги продрма и освести и потсети "од каде паднале", обично одат кон полошо.
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
14.08.2013, 14:48
vezilka RR
4931
А што е ароганцијата? Преголема доза на самодоверба или само одбранбен механизам?
14.08.2013, 16:12
Martins mom
3342
И едното и другото И уште многу дефиниции за ароганцијата. Има разни безобразни типови и подтипови на истата. - Немаат муабет во нив, па затоа се со кренат нос и затворена уста - Дрски, оти знаат нели се’ - Занесеност поради ситуираноста на мама и тато и никој ништо не им може - Комплекс на виша вредност поради недоволна едукација
и ќе си ја продолжам класификацијата, детето ми вреска на уво и ме деконцентрира
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
14.08.2013, 16:42
Bethany
4534
Мислам дека ароганција е всушност недостиг на самодовербата, онаа вистинската, да се прифатат такви какви што се. Значи всушност произлегува од некој комплекс, од повреди кои му створиле тој комплекс.
Арогантни луѓе се кријат позади таа маска која им дава лажно чувство на сигурност, на авторитет, се чувствуваат дека имаат моќ. А всушност никој не ја почитува ароганцијата, дури ни самите тие.
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
14.08.2013, 17:21
vezilka RR
4931
И јас се повеќе си мислам дека е недостиг на самодоверба, па со ароганцијата сакаат тоа да го прикријат. И обично ако на ароганцијата одговориш со уште поголема ароганција, тогаш имаш тотален шифт, арогантниот се претвора во ептен пријателски настроен човек. Арогантниот ги поштува поарогантните од себе, а ги гази другите.
14.08.2013, 17:47
Палешка РР
7505
Ароганцијата е ѕид или бариера зад која се крие страв, несигурност, недостаток на самодоверба. Незнам точно да ја дефинирам, но така ја сфаќам.
Мислам дека ако најдеме начин да му пријдеме на арогантен човек и ако го омекнеме, ќе запознаеме сосема друга личност, која може дури и пријател да ни стане. Ароганцијата е одбрамбен механизам.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
14.08.2013, 17:49
Bethany
4534
Можеби ја "почитува" поголема функција која ја има тој другиот арогантниот (бидејќи јас колку што сретнав, арогантни луѓе всушност тежнеат кон повисоко котирани опшествени позиции), ама вистинска почит помеѓу луѓето, која донесува сигурност и доверба во односот, сигурно не доаѓа од ароганцијата. Арогантна особа обично нема да и довери некоја важна лична работа на друга арогантна особа, бидејќи нема доверба во неа. На тој начин мислев всушност ни самиот не ја почитува ароганцијата,(зборувам од оно што јас имам сретнато). Ароганција носи само натпревар во негативна смисла. Ама секој има својот личен стандард и мерило што очекува и како се прикажува во односот со луѓето, така да вероватно тие арогантните би мислиле поинаку од мене. Уф ала исфилозофирав
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
14.08.2013, 18:15
deluxe
2479
Arogancijata e eden vid maska zad koja se krie uplaseno vrapce Ima luge koi stanale arogantni blagodarenie na drugi arogantni lige(bliski,pretpostaveni itn.)samo za da se zastitat od nivnoto odmesuvanje t.e se pretopile,sto za zal denes arogancijata se siri kako epidemija megu lugeto.Mozam da kazam deka eden period I kaj mene kako da premina taa zaraza,bev sekojdnevno na "udar" od edna arogantna locnost sto kaj mene bukvalno kako da se prenese toa odnesuvanje mozebi bese odbranben mehanizam.Kako I da e gi uvidov losite stani na arogancijata koga se svrtiv okolu mene I vidov deka go povredivam nedolznite luge(namesto taa sto mene me povreduvase) Se vrati togas coveckoto vo mene ,sto nekoj uspea da go trgne ,no ne I da go ubie .Toa e nakratko moeto iskustvo so arogancijata VO I NA moja koza
< Поракaта ја уредил deluxe RR -- 14.8.2013 18:19:40 >
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
30.11.2014, 19:16
caciana
863
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany
Мислам дека ароганција е всушност недостиг на самодовербата, онаа вистинската, да се прифатат такви какви што се. Значи всушност произлегува од некој комплекс, од повреди кои му створиле тој комплекс.
Арогантни луѓе се кријат позади таа маска која им дава лажно чувство на сигурност, на авторитет, се чувствуваат дека имаат моќ. А всушност никој не ја почитува ароганцијата, дури ни самите тие.
Se soglasuvam so tebe. Jas iskreno mrazam arogantni iskompleksirani lica
30.11.2014, 19:18
scared RR
1349
Или е вродена ароганцијата но досега успешно ја прикривале, или пак поради некоја промена во животот луѓето стануваат арогантни, сметам дека голем дел од нив не сакаат да се такви, ама ете нешто ги натерало.