cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Игра на улоги

clock-img

28.03.2014, 22:01

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Психолозите кажуваат дека кај децата се раѓа интерес за идната професија околу четвртата – петтата година, но сепак е тоа индивидуално. На таа возраст децата почнуваат да играат разни улоги.

Сигурно сте виделе прекрасни девојчиња како невешто одат во чевли и штикли имитирајќи ја својата мајка, или божем готват ручек. Колку има момчиња на кои столчето им служи како возило, или со пластичен чекан поправаат нешто во домот. Улогата на мајката и таткото е прва со која децата се идентификуваат, а потоа следат професии кои им се познати. Тоа се повторно оние со кои се занимаваат нивните родители.

ПОВЕЌЕ


Во која улога најчесто го гледате вашето дете?



< Поракaта ја уредил Палешка РР -- 28.3.2014 22:02:09 >

clock-img

28.03.2014, 22:07

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Ќерка ми најчесто е невеста user posted image

Облекува моја бела блуза (која малку е широчка и чипкаста), става голема розова пуфка на косата, зема розово шаторче, се шминка и невеста е. И обавезно си бара принц, тоа сме или јас или брат и user posted image
Принцот мора да има чалма на главата user posted image

Е денес има нова улога, денес невестава е бремена user posted image
Си ставила кукла под блузата и си ја гали преку блуза (а нема видено скоро бремена жена). Па после го изваде бебето од под блуза, па зеде го приближува накај градите да цицало user posted image user posted image
Потоа го заспа и пак под блуза го пикна да му бидело топло. Па едно време го фрли оти ја нервирало.

Многу ми е смешна user posted image user posted image user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

28.03.2014, 23:23

clock-img

Defne90 RR

pencil-img

1991

Да навистиона децата на таа возраст играат најразлични улоги и тоа можам да кажам ептен им е интересно и забавно.Ете мојот син го гледам дека многу често си игра и тој е полицаец.Така ќе го земе пиштолот и ќе пука и ќе почне да не апси сите по дома.Тоа најчесто си игара,но понекогаш пак си го зема детскиот алат и се преправа дека демек е механичар и ги поправа автомобилите.Исто така една од поомилените улоги што ги игра е таа да се преправа дека демек е готвач и дека прави ручек за цело семејство.Најчесто пече кокошки и потоа ги дели на сите и не прашува дали ни се допадна јадењето.Ха ха ха живи смешки е навистина да се гледа како се внесува во улогата што ја игра.И ептен ми е интересен и со задоволство му се приклучувам и јас во неговата детска игра.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

clock-img

31.03.2014, 10:04

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

На Т најактуелна за сега и е улогата за докторка или учителка.
Има сет играчки - докторски инструменти, па по дома си наоѓа "жртви" да бидат пациенти, да им става инекции и сл.
Кока е во филм на учителка, се однесува како воспитувачките и негувателките од јасли - ги ниша и храни куклите, им пее или ги кара - зависи колку ја слушаат user posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

clock-img

31.03.2014, 13:30

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Најново играње улоги ни е маж и жена. Ќе донесе две играчки, на пример едно кафеаво и едно црвено коњче. Едното е маж, другото жена. Па прават свадба, па си раѓаат дете :) На сите играчки дома свадби им правевме :)

_____________________________

Live and let live

clock-img

07.02.2016, 23:19

clock-img

marchi

pencil-img

948

stefan ima nepolni 3 godini i ne ja svakja igrata na ulogi,probav da mu objasnam toj da bide mama jas stefan i da pravam onaka kako sto pravi toj a toj da pravi kako jas i mi vika jas ne sum mama jas sum samo stefanuser posted image

clock-img

08.02.2016, 11:14

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

Со големата веќе навикнав на "филмање" - од докторки, учителки, сега стигна до штикли и шминки, и фризури (мене лично ме вади од такт, не е мој стил тоа однесување, ама е резултат од дружбите во градинка со другите девојчиња, што веројатно е нормална фаза). А да- и свадбите, спознавањето машко-женски односи, хит и е муабетот кој со кој ќе се жени (за децата од градинка). Се трудам да разговарам на таа тема - да не и биде табу, да и ја приближам некако соодветно на возраста.
Малото е прав глумец, ама во вистинска смисла - копира до детали. И она, со 17 месеци, се става во улога на учителка и мајка- храни кукли, ги прише и преслекува, ги кара или успива. Успешно ги имитира и Пепа прасе и Џорџ user posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

clock-img

09.02.2016, 09:22

clock-img

deluxe

pencil-img

2479

Ф моментално игра улога на мајстор,поправа коли,мотори,се нешто тропа со чеканuser posted image
Потоа ги имитира Маша и медвед(нормално јас сум Медвед ,тој Машаuser posted image )

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

clock-img

10.02.2016, 15:12

clock-img

mommy_angels RR

pencil-img

1543

Кај нас моментално главен хит е невеста user posted image ,ама некако не и е јасен моментот со младоженецот user posted image ,дека и тој постои во целата приказна user posted image .Нејзе и е важно да има долг фустан(ќебе,чаршав или било што друго врзано на неа user posted image ) и тоа мора да се влече по земја.Секој ден по стопати ми кажува дека ќе ручала,па ќе одела на школо и ќе станела невеста

clock-img

10.02.2016, 15:41

clock-img

lukajana RR

pencil-img

1481

Л моментално е војник user posted image предходно беше доктор , свирач ,механичар и што уште не .
Најзабавно ни беше кога тропаше на тапан и тоа вистински ,мене тапан ми беше главата и фала богу го батали user posted image
А Ј цел ден готви ,вари чај и после ние јадеме пиеме многу забавно user posted image

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

clock-img

14.02.2016, 14:37

clock-img

marchi

pencil-img

948

deneska stefan stanuva i vo vagja jaziceto mu vikam aman sramota e ke te boli jaziceto mi odgovara jas sum kuce ,me iznasmea user posted image denes negovata uloga e kuce user posted image

Последни статии

article-img