за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Ајде овде да напишеме некои игри за на улица, на отворено, лето фати, децава секако се надвор по цел ден. Еве неколку што ми текнаа:
Грабни стапче Потреби: Стапче од 10-20 сантиметри и слободна улица за трчање. Требаат минимум пет деца за играта да има смисла.
Правила: Децата се делат во две еднакви групи. Секој од членовите во групата има свој број. Стапчето се става на средина со иста раздалеченост од базите на двете екипи, нешто како 20 чекори од секоја група. Има едно дете што е судија и не ги знае точните броеви на членовите од групите. Така тоа кажува број од 1 до 10 во зависност од тоа колку играчи има. Сите се на штрек и тој што ќе си го слушне бројот истрчува кон стапчето...е сега финтата е кој е побрз и има подобри рефлекси! Ако некој успее да го земе стапчето и да стигне до својата група тогаш таа група добива поен. Доколку другата група прва не успее да го фати стапчето, може да го брка натпреварувачот со стапчето и ако го фати тогаш поенот оди за спротивната група. Е сега, ако ни едниот ни другиот не се осмелуваат да го земат стапчето (бидејќи ако го земе едниот а другиот го фати губат поен) тогаш судијата чека некое време, па кажува друг број и истрчува уште по еден натпреварувач од двете групи со кажаниот број. Новите натпреварувачи им помагаат на првите двајца како во рагби, односно може да си го подаваат стапчето додека не стигнат до нивната база. Поен добива тој што ќе го грабне стапчето. Или тој што го фатил оној кој бегал со стапчето. Натпреварувачите не смеат да се допираат додека не го земат стапчето, а ако некој некого пипне предходно губи поен. Затоа треба судија кој е цело време блиску до играчите и ја води играта која завршува кога едната група ќе стигне до 11 или до 21 поен (по договор).
< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 23.6.2015 16:17:31 >
23.06.2015, 16:18
vezilka RR
4931
Сакате ли војна Потреби: Се што треба е слободна пространа улица и што повеќе деца за играта да биде повозбудлива.
Правила: Се делат децата на две еднакви групи, со тоа што два капитена наизменично си бираат членови. Потоа се раздалечуваат на 10 метри од прилика, секоја група се шири по ширината на улицата фатени за раце и извикува "Сакате ли војнаааа? Дааааа! Од кого?" Се кажува "име од спротивната група". Тоа дете бира помеѓу кои двајца ќе помине, се затрчува и пробува да ги растури фатените раце. Доколку му успее, победничката група прибира еден член од спротивната група. И така најизменично се менуваат, додека едната група остане без членови.
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
23.06.2015, 16:25
vezilka RR
4931
Горенка (Во средина) Потреби: На бетон, асфалт или земја се црта правоаголно поле во кое ќе стојат децата во средина. Потребно е да се има било каква топка со средна тежина. Правила: Во оваа игра двајца си ја додаваат топката, а помеѓу нив стојат другите деца. Притоа двајцата се обидуваат при додавањето на топката да погодат некое од децата во средината, при што истото отпаѓа од играта и стои настрана. Меѓутоа, доколку едно од децата кои се во средина успее да ја фати и задржи топката, си фатил „лепче" при што може да го даде на дете кое е погодено т.е. излезено од играта за пак да се врати назад, или да си го чува за себе, како бонус доколку евентуално биде „изгорено" со топката. Се игра додека не останат само две деца во средина, со што тие стануваат „стативите".
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
23.06.2015, 17:24
sandriana RR
2924
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR
Горенка (Во средина) Потреби: На бетон, асфалт или земја се црта правоаголно поле во кое ќе стојат децата во средина. Потребно е да се има било каква топка со средна тежина. Правила: Во оваа игра двајца си ја додаваат топката, а помеѓу нив стојат другите деца. Притоа двајцата се обидуваат при додавањето на топката да погодат некое од децата во средината, при што истото отпаѓа од играта и стои настрана. Меѓутоа, доколку едно од децата кои се во средина успее да ја фати и задржи топката, си фатил „лепче" при што може да го даде на дете кое е погодено т.е. излезено од играта за пак да се врати назад, или да си го чува за себе, како бонус доколку евентуално биде „изгорено" со топката. Се игра додека не останат само две деца во средина, со што тие стануваат „стативите".
Оваа игра мислам дека во маало кај мене се викаше „Народна„
На отворено се игра и школка - плочка (школица). Потребни се најмалку 2ца играчи. Потребно е да се исцрта со креда на асфалт или со стапче на земја соодветна скица за скокање - полиња со бројки од 1 до 10. Потоа од одредена далечина се фрла рамно камче -плочка редоследно на секое поле, почнувајки од 1, и се скокаат полињата на една нога, освен 4 и 5, и 7 и 8, кои се полиња за одмор и се застанува со 2 нозе. Се зема плочката од соодветното поле и се враќа скокајки назад. Победник е оној кој најбрзо и безгрешно ќе ги помине сите полиња редоследно, погодени со плочката и скокнати без губење рамнотежа и газење во поле со друг број.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
25.06.2015, 13:52
Felly RR
7977
ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR
Горенка (Во средина) Потреби: На бетон, асфалт или земја се црта правоаголно поле во кое ќе стојат децата во средина. Потребно е да се има било каква топка со средна тежина. Правила: Во оваа игра двајца си ја додаваат топката, а помеѓу нив стојат другите деца. Притоа двајцата се обидуваат при додавањето на топката да погодат некое од децата во средината, при што истото отпаѓа од играта и стои настрана. Меѓутоа, доколку едно од децата кои се во средина успее да ја фати и задржи топката, си фатил „лепче" при што може да го даде на дете кое е погодено т.е. излезено од играта за пак да се врати назад, или да си го чува за себе, како бонус доколку евентуално биде „изгорено" со топката. Се игра додека не останат само две деца во средина, со што тие стануваат „стативите".
Оваа игра мислам дека во маало кај мене се викаше „Народна„
Јас пак народна и лепчиња/горенка ги памтам како различни игри. Ова горе од Везилка е лепчиња, а народна се игра во два тима, па се цртаат и две правоаголни полиња, едниот тим си подава, а при тоа гледа да ги погоди/изгори со топката членовите на др тим. Додека пак др тим гледа да ја фати топката без да биде изгорен.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
25.06.2015, 13:58
Felly RR
7977
Др игра што мене ми беше омилена - План.
Два тима, едниот треба да смисли план како да избега, и да се врати на почетната точка без да биде фатен од др тим, при тоа го црта планот - рутата на земја, и за да победи тој тим, мора да стигне според нацртаниот план до почетната точка и да го избрише планот. Др тим мижи додека првите се договараат, и потоа се обидуваат да откријат по која рута тргнале, и да ги начекаат од каде би можеле да дојдат, и ако ги видат тие им го бришат планот и се победници. Лелеееееее, ама објаснив, ама се надевам дека сте ја играле, и дека ќе ме разберете.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.