writing-img

Им пишувате ли домашни на вашите деца?

clock-img

14.03.2013, 16:00

clock-img

Bilence2

pencil-img

727

Кој најчесто кај вас пишува домашно, децата или вие? Дали некогаш за побрзо сте му ја изработиле домашната задача?
Настојувам моето прваче само да си пишува/црта домашни, но кога е со тато....а јас се туширам...неочекувано домашната е завршена експресно брзо и точно. Ке прашам кој ја напиша домашната и двајцата веке договорени одговараат дека Д. Не ми се допага тоа и му велам на Д ако го праша наставничката кој го напиша домашното да си каже кој дел го има сам направено, а кој дел татко му. Сепак, не ми се бендисува баш ова, ама...ај ке го средам некако.

_____________________________

A baby makes love stronger, the days shorter, the nights longer, savings smaller and a home happier.

clock-img

22.03.2013, 21:43

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Аууу колку ме нервирало тоа. Како не сфаќаат луѓето дека со тоа само лоша услуга им прават на децата. Колку ли само писмени имам апишано за братучеди, комшии, деца на колеги на моите. Домашните, писмените и сите школски задачи се наменети за децта а не за родителите.

clock-img

22.03.2013, 22:24

clock-img

niki

pencil-img

4299

nasive predskolci imaat domasna ednas nedelno, vo petok biraat kniga od skolskata biblioteka i ja nosat doma, ja citame i potoa imaat zadaca da nacrtaat koj del od prikaznata najmnogu im se dopadnal, da go napisat svoeto ime, datum i naslov na knigata, kerka mi sama si go raboti domasnoto, edinstveno i pomagam okolu datumot davam instrukcii a taa sama si go pisuva
inaku se zaprepastiv bidejki posle dve nedeli otkako ja pocnaa akcijava na skolo ucitelkata ne povika na roditelski sostanok da im ukaze na roditelite deka celta na pozajmuvanjeto knigi e decata da ja izrabotat zadacata sami a ne roditelite namesto niv, i imase reakcija od roditeli demek deteto sakalo da nacrta slon pa ne znaelo, se frustriralo pa zatoa roditelot crtal, ko da se ocekuva visoko umetnicko delo sto ke bide zakaceno vo Luvr
nekoi roditeli ednostavno ne im davaat na decata da porasnat

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

22.03.2013, 22:34

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Уф, никој никогаш не ми напишал домашното... а баш сакав некогаш user posted image
Татко ми беше многу строг по тоа прашање, дури и претериваше. Се сеќавам во првото одделение кога имавме да пишуваме тие криви линији, па големи, мали букви, од што не беше задоволен дека се немав потрудено доволно, ми искина цела тетратка и морав да пишувам повторно и повторно user posted image Ама па понатаму во текот на цело школовање, самата си бев одговорна и за домашните и за учењето, и добро ми одеше.

Со син ми не стигнавме уште до тој стадиум, ама познавајќи се себеси мислам дека нема да му пишувам, нема шанси, ама за мм не сум сигурна дека тоа нема да прави. user posted image Или барем да се обиде да прави. Ама веќе знам дека јас ќе бидам таа што ќе биде задолжена за надгледување околу домашното, мм уште сега ме припрема дека сум имала учителски дар, ха! user posted image

clock-img

22.03.2013, 23:39

clock-img

deluxe

pencil-img

2479

Toa e mojata "nesudena"strukauser posted image za zal,inaku koga kerkami pisuva domasna zadaca,ne i visam nad glava,se si raboti sama,jas sum tuka ako nesto ne e jasno,da objasnam,i na kraj da ja pregledam domasnata-- bas si se ponasam profesionalno hehehheeheehehhe sala na strana ne sakam da ceka jas da "naddrobam-taa da zvaka" sakam da si razmisluva so mozoceto,da se aktivira,ne da ceka nagotovouser posted image ,pa i dozvoluvam dduri i da zgresi ,potoa i ja kazuvam greskata,i si izvlekuva tocen odgovor. Samo ednas mi se sluci da nacrtam nesto za nea ,biejki stvarno imam darba da crtam (lav bese) i ucitelkata i pisala na drugata str.od crtezot so crveno penkalo-NE MAMA!!! se zasramiv i odtogas nikako so prst ne mrdam koga crta user posted image user posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

clock-img

29.10.2013, 09:25

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

НЕМА ВЕЌЕ ДОМАШНИ ЗАДАЧИ ЗА РОДИТЕЛИТЕ

Наставниците што предаваат во основните училишта во земјава, од оваа учебна година на учениците не смеат да им даваат домашни задачи што немаат јасни барања, за чие решавање е потребна интервенција од родител, кои бараат пристап до ресурси кои се недостапни во домот, како на пример определена технологија, како и задачи што ќе го оштетат семејниот буџет. Учениците ќе се „спасат“ и од домашни задачи за време на празници, бидејќи тоа време треба да го поминат во опуштена атмосфера, заедно со семејството.

Самостојност на учениците

Бирото за развој на образованието изработи упатство за подготвување и за реализирање на домашните задачи кое е задолжително и ќе биде ставено и во правилник. Весна Хорватовиќ, директорката на Бирото, вели дека целта е помош за наставниците за правилно реализирање на домашните задачи. Објаснува дека во практиката се случувало децата да бидат премногу оптоварени со домашни задачи како и да ги добиваат само како казна и не во функција на наставата.

- Со ова упатство реализирањето на домашните задачи ќе биде унифицирано и конкретно формулирано. Имавме случаи кога родителите беа премногу ангажирани со домашните задачи бидејќи децата не можат да ги решат самостојно, што е основна функција на задачите. Упатството не ги исклучува целосно од процесот, но повеќе се ментори, набљудувачи, а учениците ќе треба сами да ги решат задачите. Наставниците треба да им даваат задачи соодветни за нивната возраст што ќе ги поттикнат да размислуваат. Исто така се препорачува да не се даваат домашни што бараат финансиски издатоци или такви за кои се потребни ресурси што ги немаат дома, како интернет, печатач, тешко достапни списанија - вели Хорватовиќ.


ДО ТРЕТО ОДДЕЛЕНИЕ НАЈМНОГУ 30 МИНУТИ ЗА ДОМАШНИ ЗАДАЧИ

Во Упатството е нагласено дека наставникот мора да води сметка и за тоа колку време ќе му треба на просечниот ученик да ја изработи домашната задача. Во согласност со возраста на учениците, треба да се има предвидено максимално време за изработка.

За првиот период, од прво до трето одделение децата треба да поминат од 10 до 30 минути во решавање на домашни задачи. Во првите години од предметна настава, пак, се препорачуваат до 90 минути, а во завршните години од основното образование, најмногу до 120 минути на ден.

извор:дневник


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

02.11.2013, 11:01

clock-img

niki

pencil-img

4299

mene me interesira, koga pisuvate domasni?
dali decata toa go svakaat kako svoja obvrska i sami go pravat ili im treba potsetuvanje?

kerka mi bidejki e vo celodnevna site domasni tamu gi zavrsuva
no nie uste od pocetok dobivme nasoki od ucitelkata deka osven domasnite, koi se oskudni (po polovina strana za grcki i dva pati nedelno po strana po matematika) po doma treba i dodatno da vezbaat
ova vezbanjevo ni e problematicno, kerka mi postojano odlozuva se nesto drugo e pointeresno i toa bi da go preskokne, ako ne spomnam ke pomine denot i nema nisto da povezba i malku pocnuvam da sizam, mi zdosadi sekojdnevnoto ubeduvanje i objasnuvanje zosto treba da se vezba

me interesira i kade vo domot gi pisuvaat domasnite i ucat i vo kakvi uslovi?
nie opremivme edno biro za taa cel vo dnevna, za da ja imame na oko dodeka se naviknuva na novava obvrska i da ne ni se izgubat knigite pomegu igrackite vo detskatauser posted image , ne znam dali pravilno postapivme, bidejki tuka postojano nesto ili nekoj ja dekoncentrira i postojano ima nesto da prasa sto nema nikakva vrska so vezbanjeto




_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

17.10.2014, 09:46

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Вчера ја имавме првата вистинска домашна задача - во тетратката за почетно пишување, имаа задача да напишат една цела страна со прави линии. Јас бев попладне на работа, па кога си дојдов имаа веќе направено 1/3 од домашната. Па ајде седна и со мене да пишува, напиша уште 1/3 и и се смачи. И морам да признаам дека неколку пати паднав во искушение да и го земам моливот и јас да напишам барем два реда од тетратката, ама некако се стрпив и пробавме со мал одмор, па потоа пак да пишуваме. Ама и навистина мислам дека беше многу, како за прв пат, да ја пишуваат цела страна, и воопшто не и посочив некаде кај што имаше малку искривени линии, мислам дека уште дополнително ќе ја исфрустрирав, ако ја терав да препишува зошто не и биле баш прави линиите, или дека секаде немаше оставено исто простор меѓу нив. Што мислите - требаше да ја поправам, или со тек на време кога ќе се навикне да пишува, ќе биде полесно да внимаваме и на уредноста?
Инаку за оние што не знаат, се работи за домашна од градника и имаме 4 г. 10 месеци.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

17.10.2014, 21:59

clock-img

niki

pencil-img

4299

lele Feli cela strana pa uste i da ja popravas, 4 godini ima deteto,
sto tolku se zanesuvaat pa tie vo gradinka kaj vas
ovde duri ni sega vo vtoro oddelenie nemaat za domasno cela strana da ispisat a se vezba i ortografija koja ne e nimalku lesna
ucitelkata sekoj den im dava edna recenica koja se pisuva vo 2 eventualno 3 reda i toa samo 3 pati da prepisat, znaci 6 do 8 reda pisuvanje
normalno sama si pisuva domasno, jas samo proveruvam i posocuvam ako ima greski
doma provezbuvame uste nekolku pati istoto vo vezbanka i toa obicno ke napise uste 3 pati pa potoa proverka bez gledanje i ako se tocno napise ne ja maltretiram da pisuva poveke, uste ne ni se slucilo da ispolnime cela strana vo tetratka

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

17.10.2014, 22:02

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Felly во нашата група сеуште не дале домашна user posted image

Инаку се надевам дека нема да и пишувам. На Марио никогаш не му пишував во првите одделенија. Од петто натаму му пишував состави по македонскии до крај на гимназија, ама тој си ги препишуваше во тетратка. user posted image
Во средно повеќе му помагав отколку во основно, проекти многу им даваа, тој многу зафатен беше со женски и шетање, немаше време user posted image

Незнам со Миа како ќе биде...многу тешка програма имаат user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

13.11.2014, 12:14

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Ние имавме уште неколку домашни откако пишав, па третата веќе „со песна“ ја напишавме. Прво пак почна со мубаетот дека е многу и нема да стигне. Па ајде ја замолив да ми покаже во неколку реда што треба да напише (закосени линии) и почна напиша 3 реда, виде дека и оди брзо, па сама рече дека цела ќе ја напише, за да може после да си игра. user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

Последни статии

article-img