за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Инвестициските фондови претставуваат институции за колективно инвестирање т.е професионално управувани форми на инвестирање, кои се основаат со цел здружување на парични средства од домашни и/или странски физички и/или правни лица, кои потоа се вложуваат на пазарот на капитал во најразлични хартии од вредност: акции, обврзници, записи и сл. Со собраните средства во фондот управува друштво за управување со инвестициски фондови. Имотот на инвестицискиот фонд е во сопственост на неговите членови пропорционално во однос на нивното учество во фондот и истиот е одвоен од друштвото за управување со инвестициски фондови. Во Република Македонија работењето на Инвестициските фондови и Друштвата за управување со инвестициски фондови е регулирано со Законот за инвестициски фондови (Службен весник на РМ бр. 9/2000 и 29/2007). Минималната дефинирана сума за уплата е 1000 денари по закон,сума која го урива митот дека за да бидеш инвеститор треба да се има голем почетен капитал. Кога станува збор за сигурноста на парите инвестирани во фондовите, треба да се има предвид дека друштвата за управување со фондови само ги управуваат, тие не се сопственици на имотот на фондовите, бидејќи имотот припаѓа на сите оние што поседуваат удели. Парите од инвеститорите што друштвата ги собираат и управуваат, всушност, се чуваат во депозитна банка. Тоа значи дека нема ризик парите да бидат злоупотребени или изгубени. Но, тоа не значи дека инвеститорите се заштитени од загуби како резултат на лоши инвестиции. Вложувањето во инвестициските фондови е еден вид долгорочно штедење што може да донесе значително поголеми приноси.
Веќе подолго време размислувам за оваа работа, дали да се одлучам за класично штедење во банка или за оваа варијанта. Што мислите вие за ова? И дали имате искуство со инвестициските фондови?
15.05.2012, 15:12
JovanaJ
911
hmm...pa ne sum imala iskustvo samo poradi toa sto ne sum dovolno informirana za ovie fondovi. Ili da recam ne sum se zainteresirala dovolno za da se informiram poveke. Sega za sega stedime samo vo banka , onaka toa ostanalo kaj nas kako nakoristen nacin na stedenje. A sekako treba da se razmisli poveke i mozebi da se odbere i nesto vakvo, zosto da ne. Ama kako sto rekov za da se odlucam bi mi trebale uste mnogu informacii...
_____________________________
You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!
15.05.2012, 15:14
miana
6152
Ova go imav lani na ispit po bankarska ekonomija.... Da ne go imas od tamu izvadeno???
15.05.2012, 15:16
miana
6152
Ako imas paricki mozes da si kupis akcii vo nekoe jako AD i da si zimas dividenda..A sto se tice za ovie fondovi - nemam iskustvo.
15.05.2012, 15:41
vezilka RR
4931
Хе,хе епа пошто сум „прваче“ на темава, се тики читам по нет, и не знам точно каде го имаше. Јас само собирам информации, ама ми треба мислење и од „прва рака“ некој кој искусил. А добродошло и мислење од стручни лица. Ајде економисти јавете се . Сериозно, имам некоја сума тргнато на страна (их, како напишав, некој ќе си помисли милионче) и си ја чувам дома, двоумејќисе меѓу класично штедење и ова, веќе некое време .
15.05.2012, 22:53
AndreaS
32
Vezilka, moe mislenje e deka vo uslovi vo koi funkcioniraat finansiskite pazari denes vlozuvaneto vo investiciski fondovi ne e bas sigurna varijanta. MIslam dobro, smesno e da se kaze deka e toa sigurno u bilo koe vreme, ali situacijava ne e takva za da nasive fondovi, koi nemat kojznae kakva ekspertiza, ostvarat jaki zarabotki.
Moja preporaka za sigurna zarabotka ti e da vlozis vo drzavni zapisi sto gi izdava sekoja vtora nedela Ministerstvoto za finansii. Ako vlozis vo drzavni zapisi na 3 meseci, si gi dobivas parite nazad plus kamata pa mozes posle povtorno da gi reinvestiras itn. Kamatnata stapka aktuelna na ovie hartii e 4%, znaci vlozeni se na 3 meseci. Iako ako ti pritrebaat parite sekogas postoi moznost da gi prodades na sekundaren pazar, ama pa togas zavisi po koja cena ke ti gi otkupat i moze i da ne zarabotis bas. Kako i da e, ako si gi drzis do kraj zapisite, kamatata ne ti bega. Mozam da ti kazam i kolku ke iznesuva kamatata. Primer ako vlozis 989 evra denes za 3 meseci dobivas 1000 evra (kamata 11 evra za 3 meseci odnosno 44 evra na godisno nivo).
16.05.2012, 09:28
JovanaJ
911
Pa kamatata togas bi bila ista kako i klasicno stedenje vo banka. Duri ako stedenjeto e vo denari moze i povisoka e duri kamatata. Sega moze e posigurno kako drzavni zapisi neznam...ama ne mi zigleda nesto mnogu visoka kamata. Moze gresam...
_____________________________
You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!
16.05.2012, 11:02
vezilka RR
4931
Значи како што израчунав некако ако ги реинвестирам сите пати во текот на годината ќе имам плус 124 евра, хи,хи а може и не израчунав правилно. Стварно не сум паметна за овие работи, што да правам. Ми треба како по филмовине, финансиски советник . Јас сакам да тргам по нешто пари во текот на годините и да имам спремно еднен фонд на пример за школување на детето. И јас читав дека ова со инвестицискиве фондови кај нас и не баш така популарни, дека се уште нема луѓе кои се навистина со експертиза за ова. Јас имам слушнато за неколку фондови кај нас. И некако најекспонирани ми се Илирика и KD Group. Она што најмногу ме заинтересира е тоа што уствари и за не толку голаема сума на пример 300 евра, за десет години тоа ќе бидат 7000 евра. Така некако го објаснуваат со моќта на каматно каматниот ефект. И уствари и да не биде ништо не си изгубил многу пари, а не како Татови, матови и слични глупости што ни се десија, па луѓето ги изгубија сите пари што ги имаат.
„Богатите луѓе не се богати затоа што заработуваат повеќе пари, богатите луѓе се богати затоа што заштедуваат повеќе пари.“
30.04.2013, 00:45
suzeto
1297
da vlozis 300 a da dobies 7000 iljadi ne mi e bas vistinito ????????????????sto znam kamatite se mnogu mali a i ne se 300 evra mnogu sekoj bi gi rizikuval ako bese taka za 10 god da zarabotis 6700 evra nekako mi e mogu?????????????
30.04.2013, 00:49
suzeto
1297
kade gi ima ovie fondovi ??????????????kade moze da se vidi kako e procentot na kamatnata stapka??????????????//poim nemam od ovie raboti ali dobro e da se ispita
< Поракaта ја уредил suzeto -- 30.4.2013 0:51:24 >