Рендгенот најголем научен изум
Јавноста го прогласи рендгенот за најдобар изум, пред капсулата на Аполо 11 и ракетата Stephenson. Од вкупно 50 000 гласови, еден во пет луѓе мислат дека рендген машината оставила најголем печат врз минатото, сегашноста и иднината.
Со гласањето се избрани најважните десет изуми од областа на науката, инженерингот, технологијата и медицината. По рендгенските зраци на листата следат откритието на пеницилинот и двојната спирала на ДНК.
Податоците за сите изуми може да се најдат во музејот за наука во Лондон.
Кураторот на музејот, Кети Мегс, мисли дека рендгенската машина која што е избрана за најзначаен изум на светот, може да послужи за инспирација на многу ентузијастички аматери, кои допрва ќе откријат нешто ново.
Инаку првата машина за рендген зраци во суштина била „направи сам “ експеримент на татко и син, инспирирани од откривањето на зраците, кои ја составиле машината во својот дом.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))