writing-img

Интерес за посвојување

clock-img

11.07.2010, 22:18

clock-img

agnes77

pencil-img

1959

http://www.makdenes.org/content/article/2088568.html

Интерес за посвојување

04.07.2010

Горазд Чомовски
Во Македонија има расчекор меѓу барањата за посвојување и бројот на децата кои би можеле да најдат свој дом. Годинава тој сооднос е тројца баратели наспроти едно дете.
Млади и амбициозни родители, пред се мајки, не се решаваат да раѓаат. Образовани двојки ја претпочитаат кариерата, а родителството го оставаат за биолошки поризичните години за пород. Зголемена е и просечната возраст кога младите со 29 години стапуваат во брак. Во една третина од македонските општини стагнира природниот прираст или веќе се во фаза на таканаречена негативна демографија, бела чума, која ги опфаќа пред се пелагонискиот и вардарскиот регион. Повеќе од 12 проценти од новородените се вонбрачни деца, кои мајките ги оставаат во породилиштата или социјалните центри за згрижување.

,,Откако ќе се исцрпат сите ресурси во работата со мајката, односно ќе се утврди дека мајката не покажува интерес да го задржи детето тогаш таквата информација ние ја предаваме до надлежниот Центар за социјална работа."

Вели Наташа Младеновска Лазаревска од домот за доенчиња во Битола. Во домот во Битола кој се грижи за децата од сите 27 центри во земјава кои останале без мајчина љубов и родителска грижа, а други привремено се сместени, оти родителите биле болни, во затвор или пак немале пари да ги издржуваат.

,,Деца кои што се дадени на посвојување, биолошките родители не се имаат појавено, да побараат или да прашаат каде се."

Објаснува Виолета Гаџовска директор на битолскиот Центар за социјална работа. Во Македонија има расчекор меѓу барањата за посвојување и бројот на децата кои би можеле да најдат свој дом. Годинава тој сооднос е тројца баратели наспроти едно дете:
,,Во Центарот за социјална работа во Битола во моментот нема ниту едно дете коешто е спремно за посвојување, многу родители чекаат за посвојување и ние мораме да ја почитуваме изјавата на родителите и да им дадеме дете какво што тие бараат."

,,Посвојувањето како облик е најсоодветниот облик што постои секаде во светот. На тој начин ние создаваме односи за тие деца како да се родени по биолошки пат, со сите наследни права."

Изјавија Виолета Гаџовска и Душко Миновски, државен советник во министерството за социјална политика. Миновски посочува дека 25 проценти од напуштените деца имаат здравствени проблеми или се со вродени аномалии. За нив повеќе интерес имаат посвоителите од странство, но не и македонските државјани, кај кои често пати има скриен расизам.

,,Најголем дел преку 50% од дечињата ни се ромчиња и здрави и сето тоа, меѓутоа се од ромска националност и веќе таа предрасуда доаѓа во предвид. Што се однесува до странците нема проблем, тие ги посвојуваат, особено во Словенија, Италија."

Од година во година расте бројот на потенцијални посвоители на деца, па поради тоа барателите најчесто чекаат меѓу четири и пет години за да посвојат дете.

,,Меѓутоа ,,проблемот,, е само во тоа што имаме голем број на потенцијални посвоители, а помал број на деца."

Во еден период се појавија информации за наводен канал за поткуп во брзината на посвојувањето и изборот на детето. Од тие причини Министерството за труд и социјала најави и таканаречен електронски избор, што сеуште не може да се имлементира.
 

Последни статии

article-img