cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Информации за посвојување!

clock-img

16.05.2009, 16:07

clock-img

Julie1

pencil-img

2354

Има ли некој информации за постапките за посвојување на деца и со тоа да им помогне на родителите кои сакаат да посвојат дете и им се потребни тие информации?

Кои се установите или друштвата кои се работат на тоа?


_____________________________

And this is my beautiful life ...

clock-img

16.05.2009, 17:16

clock-img

agnes77

pencil-img

1959

Evo neke koristne informacije http://www.uslugi.gov.mk/UslugaDetali.aspx?UslugaID=9723FC4B7D804275B519F041EE0F3DF7

i još nešto:

Барање за посвојување  http://www.uslugi.gov.mk/UslugaOpis.aspx?UslugaID=9723fc4b-7d80-4275-b519-f041ee0f3df7

УСЛОВИ ЗА ПОСВОЈУВАЊЕ И ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

           Согласно Законот за семејството-Пречистен текст ( Службен весник на Р.Македонија бр. 83/04)  посвоител по правило  може да биде државјанин на Р. Македонија, а по исклучок како посвоител може да се јави и лице кое е странски државјанин.

           Посвојувањето од странски државјани може да се заснова само со согласност на Комисијата за засновање на посвојување, а по предлог на Центарот за социјална работа. Оваа согласност ќе се издаде само ако детето не може да биде посвоено на територијата на Р.Македонија.

           Согласно одредбите на Законот за семејството посвоител може да биде лице кое е деловно способно ,кое има лични својства за успешно вршење на родителските права и да не е постаро од 45 години.

Посвоиотел може да биде лице најмалку 18 години постаро од посвоеникот.

По исклучок, како посвоител може да се јави и лице кое е постаро од 45 години, но старосната граница меѓу посвоителот и посвоеникот не смее да биде поголема од 45 години.

Брачни другари можат да се јават како посвоители ако еден од нив не ја надминува горната старосна граница.

Целокупната постапка околу посвојувањето ја води Комисијата за засновање на посвојување.

           Лицето кое сака да посвои дете, поднесува барање до Комисијата за засновање на посвојување приМинистерствотозатрудисоцијалнаполитика.Конбарањетосеприложуваатследниведокументи:


државјанство - МВР;
извод од матичната книга на родените - МВР;
извод од матичната книга на венчаните - МВР;
лекарско уверение за здравстваната и психофизичката состојба на двајцата брачни другари;
уверение дека не се лишени од родителски права - Основен суд;
уверение дека не се осудувани - Основен суд;
уверение дека не ви е одземена деловната способност - Основен суд и Центар за социјални работи;
уверение за материјалната состојба - Управа за јавни приходи;
доказ за сопственост на стан;
потврда за степен на образование-фотокопија заверена кај нотар;
документ за месечните примања и други приходи со кои располагаат; и
социјален извештај од надлежната служба во кој треба да биде содржана и согласноста на земјата, соодветните лица да можат да посвојат дете од нашата земја.
Сите документи треба да се однесуваат на двата брачни другари и треба да бидат доставани во оригинал и со судски заверен превод.

Важноста на документите е една година.

По приемот на барањето со документите, Комисијата врши проверка на документите и откако ќе констатира дека се исполнети условите, копија на целокупниот предмет го доставува до центарот за социјална работа надлежен според местото на живеење на подносителите на барањето.

Центарот за социјална работа до кого е препратено барањето врши процена за подобноста на посвоителите и за мотивите на посвојувањето, преку континуирано следење на потенцијалните посвоители, најмалку 6 месеци но не повеќе од 1 година и врз основа на наодот и мислењето на стручниот тим изготвува предлог за упис во регистарот на можни посвоители.

Согласно Законот за семејството предвиден е задолжителен период на сместување на малолетното дете во семејството на можните посвоители во траење од 2 до 3 месеци.


< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 13.3.2013 20:37:42 >

clock-img

16.05.2009, 19:37

clock-img

Еца

pencil-img

6692

user posted image user posted image user posted image Агнес голема благодарност за информациите,навистина се надеваме дека на многумина им помогна околу ова прашање.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

26.06.2009, 16:18

clock-img

agnes77

pencil-img

1959

посвојуванје википедија

Vikipedia

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 13.3.2013 20:38:55 >

clock-img

05.07.2009, 14:06

clock-img

biljanaM

pencil-img

662

Агнес...браво, си ја ставила мојата статија што ми е објавена на википедија во врска со посвојувањето...не да одземаше време ова уредувањето, ставањето слики...и ете ми беше мило кога видов дека некој ја прочитал и ја дал како пример мојата статија преведена од англиски....поздрав

_____________________________

Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....

clock-img

05.07.2009, 14:08

clock-img

Еца

pencil-img

6692

user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image Секоја чест Биле!user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

01.08.2009, 16:44

clock-img

milijana

pencil-img

323

veke pet godini kako cekame da staneme posvoiteli.Od koga ni pristigna pismo od Skopje.Sega samo treba da se najde..nekoj da rodi..a ne da abortira.lele kolku se raduvam da mi zazvoni sega tel..da me vikant deka ima bebence.Aj..belki ke se usrekime.Pozzz

clock-img

18.11.2009, 12:10

clock-img

mami

pencil-img

8680

Милијана...некаде напиша дека бебнце има, треба да го земете- што стана? го зедовте ли?

clock-img

27.11.2009, 13:33

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

дали сама (singl) жена може да посвои дете?што вели законот?
знае некој?

clock-img

16.05.2010, 10:17

clock-img

agnes77

pencil-img

1959

ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

дали сама (singl) жена може да посвои дете?што вели законот?
знае некој?



mislam deka vaš zakon veli, da može, ali mislam da u praksi to nije tako jednostavno

clock-img

04.07.2010, 20:23

clock-img

agnes77

pencil-img

1959

 
http://www.mtsp.gov.mk/default.asp?ItemID=0C5D07BAB8FEBD4A817DB69A66AEB27F

Постапка за посвојување
Со посвојувањето се создаваат односи какви што настануваат со раѓањето (потполно посвојување) или само односи што постојат меѓу родители и деца (непотполно посвојување).
Каков однос ќе се создаде со посвојувањето зависи од волјата на посвоителот, на родителите на детето кое се посвојува, односно на неговиот старател и на самото дете ако е постаро од дванаесет години.

Само малолетно лице може да биде посвоено. Посвојувањето може да се заснова само ако е во согласност со најдобриот интерес на малолетникот.Посвојувањето се засновува пред Комисијата. Комисијата е составеа од пет члена именувани од министерот за труд и социјална политика. Посвоител може да биде лице кое е деловно способно, кое има лични својства за успешно вршење на родителските права и да не е постаро од 45 години.Посвоител може да биде лице најмалку 18 години постаро од посвоеникот. По исклучок, како посвоител може да се јави и лице кое е постаро од 45 години, но старосната граница меѓу посвоителот и посвоеникот не смее да биде поголема од 45 години. Брачни другари можат да се јават како посвоители ако еден од нив не ја надминува горната старосна граница. Не може да се посвои сродник во права линија ниту брат ниту сестра.

Лицето кое сака да посвои дете, поднесува барање потпишано од двата брачни другари до Комисијата за засновање на посвојување при Министерството за труд и социјална политика.

Кон барањето се приложуваат следниве документи:

  • државјанство;
  • извод од матичната книга на родените;
  • извод од матичната книга на венчаните;
  • лекарско уверение за здравстваната и психофизичката состојба на двајцата брачни другари;
  • уверение дека не се лишени од родителски права-од Суд;
  • уверение дека не се осудувани -од Суд;
  • уверение дека не ви е одземена деловната способност-од Суд;
  • уверение за материјалната состојба-од Управа за јавни приходи;
  • доказ за сопственост на стан;
  • потврда за степен на образование-фотокопија заверена кај нотар;
  • документ за месечните примања и други приходи со кои располагаат и
  • фотокопија на лична карта.

Доколку подносителите на барањето се странски државјани потребно е покрај овие документи да достават и социјален извештај од надлежната служба во кој треба да биде содржана и согласноста на земјата, соодветните лица да можат да посвојат дете од нашата земја.

Сите документи треба да се однесуваат на двата брачни другари и треба да бидат доставани во оригинал и со судски заверен превод.

Важноста на документите е една година.

< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 13.3.2013 20:39:33 >

clock-img

04.07.2010, 23:38

clock-img

mama26

pencil-img

3977

moja drugarka sakase da posvoi,gi ispolnuvase site uslovi ama deka nebila mazena padna sve vo voda.ne i dozvolija.sirota postara e do mene 8 godini odnosno ima 38.a sama.sramota e ova.ne sekoj ima sreka da se omazi.

clock-img

13.03.2013, 20:08

clock-img

Bilence2

pencil-img

727

e mi e jasna ovaa rabota. Imame dom za siracinja a velite deka e tesko da se dojde do dete i pokraj toa sto se ispolneti uslovite. Zolva mi saka da posvoi no i velat deka se cekalo 5-7 godini. Zosto e toa taka ne mi e jasno.

_____________________________

A baby makes love stronger, the days shorter, the nights longer, savings smaller and a home happier.

clock-img

13.03.2013, 20:31

clock-img

Lacrymosa

pencil-img

255

Затоа што има многу парови кои сакаат да посвојат а малку дечиња... Повеќето парови сакаат да посвојат што помало здраво дете и за околу 300-400 парови кои сакаат да посвојат дете има околу 70 тина мали здрави бебиња. Ретко кој сака да посвои болно беебе или дете кое е веќе потпораснато... барем јас така мислам

clock-img

13.03.2013, 20:34

clock-img

Bilence2

pencil-img

727

Pretpostavuvam si vo pravo, no ovie decinja porasnale vo donmot, bile nekogas bebinja.

_____________________________

A baby makes love stronger, the days shorter, the nights longer, savings smaller and a home happier.

clock-img

13.03.2013, 20:36

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

Baska pomal e brojot na makedoncinja a pogolem na romcinja pa taka potencijalnite posvoiteli be sakaat da zemat deca od druga nacionalnost pa zatoa se ceka tolku dolgo

clock-img

13.03.2013, 20:41

clock-img

Lacrymosa

pencil-img

255

Можебе имале здравствени проблеми или пак во дом се дојдени подоцна: поради одземено родителско право, починати родители или што знам...

Последни статии

article-img