cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Исхраната кај вработени бремени жени

  
clock-img

30.09.2009, 11:07

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

Бременоста е еден од најубавите периоди во животот на секоја жена и таа состојба бара и посебен режим на исхрана. Во оваа статија ќе се обидеме да дадеме одговор на неколку важни прашања кои се јавуваат кај секоја бремена жена во врска со начинот на исхрана.

Дали храната влијае на мојата ефикасност на работа?
За да бидете во состојба да дадете сѐ од себе на работното место, неопходно е да ја прилагодите својата исхрана согласно вашите работни обврски. Вашиот нутриционист, при одредување на адекватна исхрана, ќе појде од три битни фактори: вашата здравствена состојба, здравјето на вашето бебе и видот на работа која ја вршите.

Премногу сум уморна по работата. Дали постои можност со исхрана да го намалам заморот и стресот?
Секако дека е можно. Најважно е во текот на денот да внесувате продукти кои имаат нутритивна вредност. Свежо овошје, сирење и кекс ќе ви помогнат да ја добиете потребната енергија. Избегнувајте слатки и масни јадења кои сигурно ќе ви донесат дремка. Од стресот постепено ќе почнат да ве ослободуваат продукти кои имаат магнезиум (житарки, зеленчук, лешници, бадеми), како и витамини од Б комплексот (особено суво овошје).

Како да ја организирам исхраната на работното место?
• носете ги со себе продуктите кои ги планирате како ооброк на работа. Пластичен вакуумски сад ќе собере салата од свеж зеленчук, месо, леб или кифли, компот;
• додека јадете, не извршувајте други работи бидејќи на тој начин несвесно ќе изедете многу повеќе отколку што ви е потребно;
• одредете час во кој секој ден ќе го започнувате својот оброк;
• јадете споро и долго џвакајте ја храната;
• пред да заминете на работа, без исклучок мора да појадувате;
• пијте најмногу до 2 мали шолји кафе на ден.

Дали е дозволено понекогаш да ручам во ресторан?
Дозволено е, но, мора да внимавате што нарачувате.
• во италијански ресторан изберете тестенини со шампињони или зеленчук, а избегнувајте ги јадењата со сосови и путер;
• кинескиот ресторан е секогаш добар избор, поради малкуте маснотии (јадењата најчесто се подготвуваат со пилешко месо и морски плодови). Но, избегнувајте ги масните супи и ориз со многу калорични додатоци;
• во фаст фуд ресторан свртете со кон сендвичи со пилешко месо и без кашкавал;
• кога ќе нарачувате десерт, нека биде тоа пудинг или овошен колач.

Мојата работа е главно канцелариска. Како да се хранам, а да не ја зголемам тежината?
Со секој оброк потребно е да внесете свеж зеленчук или овошје. На тој начин ќе го поттикнете работењето на дигестивниот систем и ќе го елиминирате вишокот на течности во организмот, а со тоа ќе спречите и проблеми со циркулацијата, проширени вени и зголемена тежина.

Како да ги спречам нападите на глад?
Направете распоред – 3 оброка на работното место (на секои 2.5 или 3 часа). Тоа ќе ве држи сити и нема да дозволи кога ќе дојдете дома фрижидерот да ви е најдобриот пријател.

Што да јадам за појадок или вечера ако имам обилен ручек?

Појадокот во таков случај треба да биде лесен: чаша млеко со корнфлекс, 1 овошје и 1 шолја кафе. За вечера (ако сте имале, на пример, тестенини за ручек) земете салата од зеленук или варен зелечук со парче свежо кравјо сирење.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

01.10.2009, 23:35

clock-img

bordan

pencil-img

96

uste koga doznav deka sum bremena odluciv mnogu pozdravo da se hranam t.e poveke ovosje (oti zelencuk poveke sakam )a inaku jadev se sto ke mi se jadese i koga ke mi se jadese ne pazev mnogu na kg bitno mi bese da e se vo red so bebusot.Na poragaj otidov so 26kg popravenauser posted image ( od 54kg do 80) a sega sum 57kg.taka da jadete si se sto ke vi se jade oti podocna koga se doi poveke se vnimava so ishranata poradi grceviteuser posted image na bebeto.

clock-img

15.01.2010, 01:01

clock-img

MACKITA

pencil-img

24

Jas od koga ostanav bremena navlecene sum samo na mlecni proizbodi i salati.Drugo nisto ne mozam da jadam i oslabena sum 2 kg.Posebno na rabota mi pretstavuva problem ishranata.

clock-img

15.01.2010, 08:24

clock-img

arh_diz

pencil-img

7198

Na rabota mozes da si zemes sendvic ovosje ili pak ako ima nekoj restoran vo tvoja blizina mozes da odis . Jas isto sum vrabotena mlecni proizvodi nesakam da vidam ni porano ne gi sakav edinstveno sto jadam e kiselo mleko i jogurt.A bez salata nemozam da zivejam sakav i porano sakam i sega no mislam na salati koi se posni bez majonez.
Na rabota so mene sekogas imam ovosje i priroden sok koj go cedam sekoe utro

_____________________________

Биди тоа што си

clock-img

15.01.2010, 08:26

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

МАЦКИТА.а која недела си ??? и јас на почетокот од бременоста имав многу мачнини и многу повраќав па затоа неможев ич да јадам и ослабнев.но ако напредува бебчето немај гајле.потоа ќе надокнадиш.

обавезно свежо овошје и зеленчук, природни сокови конзумирај.


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

19.01.2010, 01:59

clock-img

MACKITA

pencil-img

24

сега сум 10 недела ама апетит нула можам цел ден да гладувам и дури некаде кај 10 вечерта ке ми текни дека ништо не сум јадена

clock-img

19.01.2010, 15:26

clock-img

BILE.F

pencil-img

670

И јас до трети месец не можев ништо да јадам, ослабнав 3кг, јадев само плазма бисквити, зденка со малку двопек, варен компир и супа без многу зачини.Сега сум 6месец, ми се нормализира исхраната, ама пак не можам да јадам благо(што не сум го ни сакала многу и пред тоа), и избегнувам мрсна храна, повеќе варено, овошје,зеленчук,млечни производи.

clock-img

19.01.2010, 21:44

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Јас за втората бременост првите месеци одев на работа и секојдневно си купував овошни јогуртчиња. Јадев бонжита и често си правве сендвичиња од дома со крем сирење.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

24.06.2010, 17:07

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

хи,хи..добро е што во канцеларија си имаме и фрижидер и можам буквално да си се хранам онака како кога би била дома. Овошје и млеко и црно лепче купувам секој ден, и понеделнички си купувам и некаков зеленчук, маслинки, сирење и тоа си јадам. Колешкиве ми се благодарни оти со тој ниет и тие се хранат поздраво..нема више сендвичи и буреци user posted image user posted image user posted image

clock-img

24.06.2010, 17:22

clock-img

amelbebe

pencil-img

1105

dodeka bev bremena mnogu nezdravo se hranev pa i koleskite gi hranev so sendvici uste kakvi ne glupostiuser posted image  burek sekoj den jadev ne znam zosto ama toj period  po cetvrt dnevno morav da izedamuser posted image

clock-img

11.09.2010, 00:45

clock-img

Magnolija

pencil-img

3

Od koga doznav deka sum bremena, pazam na se sto jadam! porano trcav i bev poaktivna, i znaev deka ako imam izedeno nesto na polnok ( sendvic od 7ca:)- sledniot den-ke go istrcam:)))
sega, salati, supi, ovosni jogurti,kornfleksi, crno lepce, maslinki, peceni pecurki, telesko vareno ( njam njam:)))) se na se- sega poveke ja cenam zdravata hrana- znam deka e dobra i za mene i za bebeto:)

clock-img

12.10.2010, 22:09

clock-img

Natuska85

pencil-img

3613

И јас сум си 8 недела и се трудам што поздраво да се хранам.житарици со млеко или јогурт и многу овошје и зеленчук задолжително на работа.Најсрекна сум што не ми се јаде благо ама ич,а пред бременоста бев чокохоликuser posted image .Сакам да продолжам со здрава храна до крај на бременоста па ќе видиме....user posted image

clock-img

12.10.2010, 22:58

clock-img

misticia

pencil-img

213

На втората бременост два и пол месеци не бев свесна дека сум трудна, во рамстор маркетот работев - го изедов пола рамстор платата не ми стигаше за сите глупости што ги купував :)

clock-img

12.10.2010, 23:26

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka

хи,хи..добро е што во канцеларија си имаме и фрижидер и можам буквално да си се хранам онака како кога би била дома. Овошје и млеко и црно лепче купувам секој ден, и понеделнички си купувам и некаков зеленчук, маслинки, сирење и тоа си јадам. Колешкиве ми се благодарни оти со тој ниет и тие се хранат поздраво..нема више сендвичи и буреци user posted image user posted image user posted image



хи,хи..читам што сум пишала и морам да кажам дека веќе не се држам толку строго до тоа..почнав да забушавам со исхраната. Ах, ќотек за за мене..морам да пазам..

clock-img

31.10.2010, 17:55

clock-img

LOVEBABY

pencil-img

1

A sto da kazam jas uzivam da jadam brza hrana i salati...
rabotata ne mi dozvoluva da mozam da si prigotvam sama nesto zdravo za jadenje...

clock-img

07.11.2010, 22:33

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Под зградата кај што работам има Жито Лукс. Да не претерам, ама 70 % од цела бременост за појадок купував едно ѓеврече и павлака. Колку ми беше слатко!



_____________________________

Live and let live

clock-img

08.11.2010, 11:02

clock-img

strelec 8

pencil-img

420

za prvata bremenost mnogu mi bese slatko da jadam pavlaka i krastavica.abe sekoj den jadev i nemozev da se iznajadam.a za vtorata bremenost oti bev mnogu oslabena ne pazev sto jadev.ali kolku blago sum jadela,na mm koga ke mu kazev odi kupi mi tolumba ili toblerone.ednas dinja go terev da mi kupi.mnogu blago jadev.lelelel koga ke mi tekne kolku

clock-img

07.05.2012, 19:26

clock-img

pepuska

pencil-img

126

Значи на работа храната ми е најголем проблем зашто фрижидер нема , а и нема место каде да се чува освен во ташна очигледно газдите не смислиле место на јадење честопати јадам надвор пред врата . Тоа ме условува сега со топлово време ништо да не можам сендвич или сл да си стаам во ташна а топло овошје ме нервира така дам идоажа да пукнам додека сум на работа

clock-img

08.05.2012, 12:37

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820

Кога одев на работа на сабајле јадев гевреќ ако бев прва смена, и секкао благоооо, си правев промет де од сникерсите и киткетот user posted image , а втора ко ке одев си ручав дома и си носев едно огромно пластично со сечкано овошје

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

08.05.2012, 13:15

clock-img

temjana

pencil-img

1159

Мене да ви кажам се ми е слатко ништо не одбивам се си кркамuser posted image Јас во животов мој никогаш не сум била по сладоледот всушност воопшто по благото ама еве дојде момент кога ми е убавоuser posted image Инаку гледам да се хранам здраво од сабајле задолжително имам порција овошје па потоа јадам ѓеврече со јогурт или кисело млеко и зеленчукова салата накај 14 часот. Ова ми е на работа јадењето значи до кај 16 часот. Дома кога ќе си дојдам ручаме обично некоја манџа, ручекот ни е околу 17 часот и толку не вечерам или многу ретко, евентуално можам да се почастам со порција сладоледuser posted image

clock-img

24.05.2012, 15:42

clock-img

Veronika 78

pencil-img

39

Denot go pocnuvam so banana popat nakaj rabota,tamu obicno jadam gevrek ili kifla so jogurt a nekogas edenas vo dve nedele znam da se pocastam so simit.Doma obicno jadam salata sopska i eventualno nekoe mevce ili supa.Navecer pijam mleko so med i musli a vo meguvreme moze da jadam ovosje ili sladoled.Nikogas ne sum bila gurman taka da edinstveniot problem koga ostanav bremena bese da ne zaboravam da jadamuser posted image
Sepak na krvnata slika koja otsekogas mi bila top mi se pojavija zgolemeni leukociti i malku toa me zagrizuva inaku jas bev ekstremno slaba za moja visina a vo bremenost imam kaceno dosega 15kg imam uste dva meseci pa so gospod napred,samo da e vo red se souser posted image drugo nisto ne mi e bitno

clock-img

02.07.2012, 15:32

clock-img

jagotce

pencil-img

6

Veke sum vo 12 nedela i imam dosta apetit,nautro dodeka sum na rabota zadolzitelno mora pojadokot da e nekoja kifla/gevrek i sl.so jogurt ,za razlika od prethodno kolku pomalku jadev,kafe celosno isfrliv i sokovi otkako ostanav trudna ne mozam da gi zamislam.Strav mi e da ne se zdebelam mnogu.Drugarka koja e 4 nedeli pred mene celo vreme povrakase i gi namali kilogramite sto ne e slucaj kaj mene pa moze i zatoa sum zagrizena a dosega sum kacila samo 1kg.user posted image

clock-img

27.11.2012, 22:50

clock-img

ilic

pencil-img

25

ne sporeduvaj so drugi trudnici vikaat ako mnogu povrakash nema da pokacis vo kilaza a moze duri i da oslabnes a ako voopsto ne povrakas togas sigurno ke pokacis kilaza jas naprimer sum 5 mesec i do sega voopsto ne povrakam nitu ednaska, pa se zdebeliv 3 kila do sega vazno e da jades pocesto no po malku

clock-img

08.09.2014, 10:35

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

E jas od utre trgam na rabota , kancelariska rabota i mnogu se mislam sto da jadam.so prvata bremenost se zdebeliv 24 kg sega planiram da vnimavam i da ne preteruvam.ovosje sekako ke si nosam jogurt i nekoe gevrece i orevcinja za izmegu .iznakupyvav integralni kolacinja ako me fati kriza za blago pa ke vidam do 17 h kako ke izdrzuvam

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

clock-img

08.09.2014, 15:49

clock-img

Dilina

pencil-img

533

Јас додека бев бремена мн јадев на работа, па и последните два месеца иако ги работв по 4 саати... јадев геврек, јогурт, а најчесто си носев зготвена храна од дома.. мевце компирче итн.. покрај тоа јадев секој ден по 100 грама милка чоколадо а и викаат трудници кои јадат мн чоколадо раѓаат весели деца user posted image еве ја мојава само се кези по цел ден.....user posted image

Оревчиња, бадеми, лешници, мн суво овошје се ем многу здрави ем држат ситост.. ама не се лишев ни од чипсови и грицки, само не претерано, качив 22 кг (62) а бев 40... па сега сум 52 и се надевам нема да идам надолу user posted image

Последни статии

article-img