за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Doaga prolet,ubavo vreme.Site imame zelba da izlezeme od urbaniziraniot del da odime vo priroda da ni se razbistri umot,da ni se rascistat mislite,da izbegame od sekojdnevieto.Koja e vasa destinacija?
< Поракaта ја уредил Elena -- 22.3.2009 20:54:46 >
22.03.2009, 19:16
mis.
3845
Jas na site bi go preporacal ribnikot sto se naoga vo blizina na krivopalaneckoto selo Ginovci.Restoran so odlicna hrana,pokraj ezerce a ako najdes mesto i na splav so mini zooloska gradina.kako pogodeno za deca.Ne odete bez da rezervirate ima premnogu guzva.Rezervacija po telefon.
< Поракaта ја уредил Elena -- 22.3.2009 20:55:05 >
22.03.2009, 21:48
Julie1
2354
Mis a ke moze telefon za rezetrvacija..
_____________________________
And this is my beautiful life ...
22.03.2009, 23:07
mis.
3845
Restoran Park 031.383.033 075.381.873 Ako odis pisi kako si pomina.Pozdrav
22.05.2009, 14:47
mami
8680
ајде д а наброиме што повеќе места каде што може да се отиде на излет, викенд... ЈАс сум за Матка, Пантелејмон, Водно, Бродец, Велешко езеро, Маврово, Дојран, ..тоа се места кеде што сум била, а многу сакам да одам на нови местенца, па предложете нешто
29.05.2009, 12:23
natasha
430
toplo vi go preporacuvam seloto Veljusa-strumicko,preubava priroda,a uste koga bi gi posetile Smolarskite vodopadi bi go doziveale rajot narecen CUDO NA PRIRODATA
29.05.2009, 12:26
mami
8680
e сега ме погоди и таму сакам да одам...здравје некој викенд летово обавезно..исто и Трескавец манастирот во прилеп знам дека е многу убаво место да се посети
29.05.2009, 12:44
Еца
6692
Еве а јас морам да ви го препорачам Рибникот кај Злетово,нешто преубаво и за разлика од Гиновци рибата е повкусна бидејќи водата во која ја чуваат рибата е од река и е истечна, доколку во Гиновци рибникот, рибата сепак си има некој мирис, бидејќи е како езерце.Сепак за природата не правам муабет, ајде баш ќе побарам слики и ке поставам
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
29.05.2009, 13:06
Mammy
337
Еве и јас да се вклучам на темава.. Откако прошетав малку повеќе низ Хрватска, тешко ми е да одвојам топ 5 места во Македонија. Многу сме далеку ние од Плитвичките езера, Растоке, цела Истра - Грожњан, Мотовун, парковите низ Загреб, езерата во Загреб, Зоолошката градина и сл. Е тоа се места за излет..
А нашава Македонија, убава ни е, ама не ја чуваме воопшто.. Како да не ја сакаме нашата земја..насекаде нечистотии..
Еве сепак, неколку убави места за излет и кај нас- с. Вруток, Гостивар ( неколку рибни ресторани со супер пастрмка ), Галичник, Галичица, Крушево - патот кој води кон манастирот..., Езерото Треска, Матка и многу убави прекрасни места околу Струмица, на Беласица и Огражден...
22.07.2009, 18:59
mami
8680
Да ви кажам викендов сакавме да правиме излет на Марков манастир и можам само да кажам дека ние луѓето сме штеточини невидени. Беше преполно со ѓубре и не личеше на она што го видов лани во април, беше многу полошо, мислам дека од ланскиот први мај уште стоеше ѓубрето..ужас..отидовме до таму, се згрозивме од глетката и завршивме на средно водно, таму е колку толку барем почисто
10.10.2009, 09:06
mami
8680
ние за некое време одиме во парк, ако има некој кандидат за со нас бујрум
14.05.2010, 18:27
baby mama
679
Ми се оди на излет некаде покрај река. Има многу убаво ресторанче-рибник и тоа покрај Треска во с.Манастирец(Мак.Брод).Ете таму ми се оди Тој крај е преубав, полн со зеленило.Природата е недопрена.
< Поракaта ја уредил baby mama -- 14.5.2010 18:28:14 >
_____________________________
Always kiss your children goodnight - even if they''re already asleep.
14.05.2010, 18:38
Rossana
1239
uffffff na mene mi se odi na smolarskite vodopadi, prekrasno mesto lani cesto odev tamu so mm... aj ako mozam ovoj vikend da ja ostavam Sara kaj majkami ako nema rabota ke mozam da se prosetkam na tamu.
14.05.2010, 18:49
Rossana
1239
ИЗВОРНА ПОРАКА: natasha
toplo vi go preporacuvam seloto Veljusa-strumicko,preubava priroda,a uste koga bi gi posetile Smolarskite vodopadi bi go doziveale rajot narecen CUDO NA PRIRODATA
Викендов бевме на Водно. Се качивме до Крстот, Никола кога ја воде жичарата, кога почна да вика, топки, топки, целиот кефои беше. Убаво се прошетавме горе, скоро цел ден си седевме и ептен убаво си поминавме.
03.05.2012, 15:09
mami2
417
Неколку викенди по ред одиме на Пеленица во близина на Драчево. Сме оделе неколку пати таму пред да имаме деца, онака класично со скари...Откога се родија децава првпат отидовме годинава. Па таму за со мали деца било супер. Местото е оградено, тревата искосена, ливадата огромна и рамна, има клупи, летниковци, вода, веце. Си носиме топки и реквизити за во песок и буквално сите сме на мозок пасење. За разлика од градски парк, Водно, и урбаниве излетнички места со ресторани и езерца, овдека нема точаци, мотори, пуштени кучиња, и други пропратни елементи. Единствено како затоплува времево се повеќе посетители има, ама не пречи, голем е просторот. Местово не за шемаџии и кафепијачи, треба да се понесе се. Се враќаме дома во два на пладне, децава се уморни, туш и спиење по неколку саати.
04.05.2012, 12:49
vezilka RR
4931
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami2
Неколку викенди по ред одиме на Пеленица во близина на Драчево.
mami2 каде е поточно ова место, интересно звучи..
04.05.2012, 22:35
mami2
417
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR каде е поточно ова место, интересно звучи..
Кога од центар се оди во Драчево се продолжува кон бензиската, кај гробиштата се врти десно. Тие се одминуваат и самиот пат води кон Пеленица. Тоа е место каде што има мала црква, Руса е народно име, а местото и на Google го има како Пеленица. Патот продолжува кон Китка и селата во тој регион.
12.02.2013, 11:46
vezilka RR
4931
Во неделата тргнавме на Водно, рековме убаво време, ќе шетаме. Арно ама кога не фати една гужва невидена на Средно, и ни кажаа и дека жичарата не работи, и фино лепо си се вративме и завршивме во Парк. Значи ми се иде некаде на друго место на шетање, не сакам веќе во Парк а немам идеја каде да одиме
12.02.2013, 12:04
sandriana RR
2924
Ако е баш за излет - Марков Манастир, Катланово, Велешко Езеро.... Ние од пролет до есен најчесто сме на Велешко. Едвај го чекам времево да се подзатопли, да отвориме сезона
12.02.2013, 23:54
kuklicka26
220
Би сакала да одам повторно Манастирец,навистина е преубаво..
< Поракaта ја уредил kuklicka26 -- 12.2.2013 23:57:53 >
30.06.2014, 08:12
Tanjat7880
1256
Ovaa nedela bevme vo Katlanovo vo sportskiot kompleks Ej-Bi-Si,ubavo I cisto bazence,sredena okolina,ima treva,lezalki,ljuljashki,tereni za Ping-Pong koj se iznakmuvaat za 50 denari pola cas,mesto za pravenje skara no I spremena hrana od niv,pita so sirenje za 50 denari,nes kafe 50 denari,vlez vo kompleksot 150denari,se na se relativno eftino I vredi za sekoja para,na 30km od Skopje a drug vozduh e!Toplo vi go preporacuvam
30.06.2014, 10:03
AneLav RR
1110
Да ти кажам штом ќе отидам во Скопје ќе го посетам пушти некоја слика да видиме
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
30.06.2014, 10:40
sandriana RR
2924
ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR
Ако е баш за излет - Марков Манастир, Катланово, Велешко Езеро.... Ние од пролет до есен најчесто сме на Велешко. Едвај го чекам времево да се подзатопли, да отвориме сезона
Оваа година сезоната задоцни, ама свечено ја отворивме вчера - на Велешко Езеро .
Морам да забележам една специфика: која е шемата за на Велешко - прво се оди на кафе и бањање во базен во Романтик, па на мезе и ручек и жива музика во мотелот на Лозар (поефтино е каде -каде).
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
30.06.2014, 13:48
Carrie RR
326
ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR
Ако е баш за излет - Марков Манастир, Катланово, Велешко Езеро.... Ние од пролет до есен најчесто сме на Велешко. Едвај го чекам времево да се подзатопли, да отвориме сезона
Оваа година сезоната задоцни, ама свечено ја отворивме вчера - на Велешко Езеро .
Морам да забележам една специфика: која е шемата за на Велешко - прво се оди на кафе и бањање во базен во Романтик, па на мезе и ручек и жива музика во мотелот на Лозар (поефтино е каде -каде).
Ама убаво си објаснила, таман сега викендов се токмам за натака. За бањање убаво е, така ми се гледа, тоа ми е најбитно и фино што кажа за мотелов, Романтик е доста скап за ручече