cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Казни

  
clock-img

30.07.2009, 09:57

clock-img

mami

pencil-img

8680

ајде тука да запишеме видови на казни кои може да се применат кај детето како воспитна мерка. Значи не го тепаме и шамараме кога не слуша туку му воведуваме казна. И од кога реално почнуваат да "палат" казните?

< Поракaта ја уредил Pepelaska RR -- 10.4.2013 13:52:35 >

clock-img

30.07.2009, 10:11

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Јас не сум за казни, да живее слободата на децата user posted image  user posted image

Сериозно, никогаш не сум била казнета и никогаш не сум казнила. И не сметам дека децата ќе бидат повоспитани ако се казнуваат. Едноставно се решаваме со разговор, не сум за такви методи, што не значи дека сум многу попустлива и дека се дозволувам.


< Поракaта ја уредил Pepelaska RR -- 10.4.2013 13:53:05 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

30.07.2009, 10:16

clock-img

mami

pencil-img

8680

па добро ама што ако не работи разговорот? Еве имаш проста ситуација- кумчето мие многу немирно дете и не секогаш се разбира со разговор и најнова казна му е- неколку дена без компјутер- значи удираат по она што му е омилено, после тоа е лут зошто го казниле, но си ја почитува казната и знае дека ако почне да ја оспорува само ке му биде зголемена

< Поракaта ја уредил Pepelaska RR -- 10.4.2013 13:53:34 >

clock-img

30.07.2009, 10:24

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Мами, ова го говорам бидејќи знам дека и казната престанува да работи, случај со децата на девер ми.
Сега се поголеми и жива сила не може да ги задржи да издржуваат казна. А на метод разговор не се навикнати. И што сега? Сега јадат ќотек на кој во скоро време ќе станат имуни. Кој е следен метод?
Јас се грозам кога гледам како се сите нервозни и агресивни, и децата и родителите.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

30.07.2009, 10:38

clock-img

mami

pencil-img

8680

па добро јас мислев на некое казнување додека уште не рабира комплетно се, што знам до кај 3-4 години а потоа разговор, а тоа знам дека децата бргу се навикнуваат на се и после нема веќе со што да ги сопреш

clock-img

30.07.2009, 11:12

clock-img

Tanja K.

pencil-img

563

Mislam deka najgolema i najbezbolna kazna e zabrana za crtan,kompjuter ,nekoja omilena igracka.Kaj mene toa pali,nema kompj.denes ili nekoja serija detska sto ja saka i rezultatot go imasuser posted image user posted image user posted image

clock-img

30.07.2009, 11:18

clock-img

mami

pencil-img

8680

А сте слушнале за тајм аут? Тоа му доага како исклучување на детето од се на некое кратко време. Една пријателка вели дека кога ке направи некоја беља малото му вика- е добро значи бидејќи си лош сега малку тајм аут и го носи во спална, каде нема ништо интересно за него и го става во креветче и излегува од собата. Додека било мало го оставала по една минута, подоцна по две- три, и задолжително кога ке влезела да го земе му објаснувала уште еднаш зошто е казнето. Е сега, казната функционирала се до моментот кога малото не открило дека и таму може да му биде интересно особено ако почне да скока по креветотuser posted image user posted image

clock-img

30.07.2009, 11:23

clock-img

Tanja K.

pencil-img

563

So takvo ostavanje samo dete vo soba,mozes da napravis kontra efekt.Nedaj boze se biva.Dete od strav moze da zajde placejki,pistejki,da pocne da dtka,da pocne da mokri nokno vreme vo krevet,da place nokeska,i red drugi raboti.Zatoa kazna da,ama umerena.

clock-img

30.07.2009, 11:30

clock-img

mami

pencil-img

8680

Додека било мало го оставала по една минута, подоцна по две- три,


значи не станува збор за затварање по цел ден во темна просторија и сигурно дека ако почне да плаче ке влезе да го земе

clock-img

30.07.2009, 12:24

clock-img

niki

pencil-img

4299

Nie imame dve i pol godini i seuste ne sme vovele kazni, se ucime so zboruvanje, mnogu zboruvanje i povtoruvanje, neznam ponataka kako ke bide ama mislam deka ke im bideme skarani na kaznite, sega imam prilika da ja gledam svekrva mi kako ja cuva i za senesto sto taa smeta deka ne e vo red ili ja ucenuva ili se obiduva nekako da ja kazni so nedozvoluvanje na nesto i toa mene iskreno ne mi se dopaga. Ako ne jades nema dda te vodam vo park ili zatoa sto si gi rasfrlala igrackite nema da dobies toa. Mene mi se besmisleni tie raboti i od strana koga gi posmatram mi deluvaat mnogu ruzno, neuspesni obidi od dete koe do skoro bilo bebe da se odnesuva kako vozrasen, pregolemi ocekuvanja. Nemoj da me razberete pogresno, ne vikam deka se treba da im se dozvoli no treba i da se ima merka koi se sposobnostite na deteto i kolku moze da odgovori na nasite ocekuvanja, sepak e malo dete i mnogu palavosti proizleguvaat bas poradi toa sto ne se ni svesni sto pravat i zatoa  e podobro da im se ukaze na greskata namesto da se kaznuvaat.

clock-img

30.07.2009, 12:36

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

Додека било мало го оставала по една минута, подоцна по две- три,


значи не станува збор за затварање по цел ден во темна просторија и сигурно дека ако почне да плаче ке влезе да го земе



Повторно не се согласувам. Знаете ли какви тикови добиваат децата од страв? Знаете ли дека можат да тептаат, да заостанат во психичкиот развој, да трепкаат со очињата?
Протестирам против секакви казни.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

08.12.2009, 13:43

clock-img

mis.

pencil-img

3845

Повеќето родители признаваат дека понекогаш ги удираат своите деца со цел да им укажат дека некоја постапка е грешна. Навистина, таквиот метод за воспитување може да има краткотраен ефект, но тоа не го учи детето на самодисциплина и не го упатува во правилната насока.
Противниците на овој метод сметаат дека удирањето на детето е само излив на лутина од родител кој изгубил контрола врз своето најмило и не знае што друго да направи. Иако некои родители ја одобруваат воспитната шлаканица и сметаат дека е ефективен начин за воспитување на детето, таквиот начин на воспитување им предава на малите деца погрешна порака. Еве неколку причини зошто не треба да ја употребувате силата на вашата рака во воспитувањето.

  1. Го учите детето дека е во ред да се користи насилство. Секогаш кога две дечиња се караат и едното посегне со рака по другото, веднаш ќе слушнете родителски глас кој ќе започне да им објаснува дека не е во ред физичкото насилство.
    Сепак, делата се поважни од зборовите. Ако истиот тој родител по одредено време крене рака на детето, тоа ќе научи погрешна лекција. Детето ќе запамети дека секогаш кога некој друг прави нешто што не му се допаѓа, треба да го удри.
    Насилството почесто се појавува кај оние луѓе кои биле удирани како мали. Повеќето родители кои ја практикуваат воспитната шлаканица, го научиле овој начин на воспитување од своите родители. Истражувањата покажаа дека дури 25% од луѓето кои како мали биле удирани, кога пораснале станале насилни кон својот партнер.
  2. Со секоја шлаканица вие му создавате страв. Воспитниот ќотек може да направи вашето дете да се плаши од вас и не да ве почитува и слуша. Детето исто така може да се чувствува понижено и со тоа да го оттурнете од себе. Доколку тоа се случи, потоа дури и применувањето на воспитен разговор од ваша страна нема да може да придонесе за ефективно воспитување.
  3. Воспитното удирање ја уништува вашата врска со детето. Ако често го удирате своето дете, тоа ќе започне да има силни негативни чувства кон вас. Затоа, треба да применувате понежни и вербални методи за воспитување. Кога детето ќе порасне и ќе биде сè подалеку од вас, единственото нешто преку кое ќе можете да го држите во правилна насока ќе биде вашата врска.
  4. Со секој удар ја намалувате неговата самодовербата. Удирањето предизвикува и физичка и психичка болка. Ниската самодоверба може да придонесе вашето дете подоцна да развие антисоцијално однесување и повлекување во себе.
  5. Шлаканиците не го учат кое однесување е правилно. Доколку по неговото недолично однесување вие решите да употребите воспитна шлаканица, вашето дете ќе сфати (барем краткотрајно) дека тоа што го направило е грешно. Но, на таков начин вие не му кажувате кое однесување е правилно. Вие само му укажувате на грешката, без да му кажете како да ја поправи.
Ако сакате да го казните своето дете поради лошо однесување, можете да му скратите од привилегиите (видео игри, гледање ТВ) или да го задржите некое време во соба каде нема ништо интересно за правење. Постојат многу други начини да успеете да го воспитате вашето дете, па затоа избегнувајте го ќотекот како метод за воспитување.

clock-img

08.12.2009, 14:11

clock-img

arh_diz

pencil-img

7198

Detero treba da se vospituva a roditelite treba da se kaznuvaat. Imam komsika koja od normalno dete napravi invalid so kazni .Devojceto sega ne zboruva ubavo a ponekogas i treperi celoto

clock-img

08.12.2009, 15:25

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Многу ме интересира вашето мислење за ова: Дали ќе му наштетам на моето дете ако доколку влеземе во продавница и таа ми бара нешто, јас само и речам, не може денес не ме послуша тоа и тоа. (Значи ова е една моја казна)Верувајте дека на почетокот протестираше, јас ќе излезев таа, ќе потрчаше по мене кога ке видеше дека тоа што заплаче не ме предомислува и сега ниту прави драми, ниту плаче... Отворено кажете го мислењето. Можеби според мене е ова правилно, но еве како вие гледате на ова од страна?

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

08.12.2009, 15:29

clock-img

Bogdancanka

pencil-img

5422

ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz

Detero treba da se vospituva a roditelite treba da se kaznuvaat. Imam komsika koja od normalno dete napravi invalid so kazni .Devojceto sega ne zboruva ubavo a ponekogas i treperi celoto



потполно ист случај имам гледано еве  детето не збори чисто и на секоја белја што ќе ја направи дете како дете целото се тресе го имам приметено многу пати.И знаеш колку пати на мм му викам какви родители се тие јас се нервирам.

clock-img

08.12.2009, 15:32

clock-img

arh_diz

pencil-img

7198

Eca jas iako nemam deca no mislam deka mnogu pravilno postavuvas . Ti mu akzuvas na dobar nacin nitu go tepas nitu histericno mu vikas

clock-img

08.12.2009, 21:48

clock-img

mis.

pencil-img

3845

мислам дека еца на тој начин нема да погрешиш дури подобро е изјавата,Може но кога ќе послушаш во таа и таа ситуација(пр.кога нема да растураш по дома,нема да викаш и тн)Тоа може е битен момент.Значи детето знае дека тоа е дозволено но за да го добие потребно е тој да задоволи некое однесување,да ги почитува нормите на родителите.

clock-img

08.12.2009, 22:03

clock-img

ananikol

pencil-img

1568

Jas sum takva majka sto zboruva mnogu t.e. go posocuvam moeto dete da uci na tugi greski.Mnogu pati  mu posocuvam za nekoj od okolinata deka nee vo red toa sto go pravi i tn i tn...
Ama sakam da go imam pod kontrola i ako popusti na skolo vo odreden period znam da go kaznam,vednas udiram po dzeparacot, PC,treningot,playstation,izleguvanjeto ili nesto drugo i deluvauser posted image .

clock-img

09.12.2009, 08:36

clock-img

mami

pencil-img

8680

ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

Многу ме интересира вашето мислење за ова: Дали ќе му наштетам на моето дете ако доколку влеземе во продавница и таа ми бара нешто, јас само и речам, не може денес не ме послуша тоа и тоа. (Значи ова е една моја казна)Верувајте дека на почетокот протестираше, јас ќе излезев таа, ќе потрчаше по мене кога ке видеше дека тоа што заплаче не ме предомислува и сега ниту прави драми, ниту плаче... Отворено кажете го мислењето. Можеби според мене е ова правилно, но еве како вие гледате на ова од страна?



сосема правилно, зошто да не..и јас не сакам да го учат се да му се купува само за да седи мирно или само затоа што тој посакал..знам кога ке отидеме во продавницаод мерак да му купам нешто, ама и знам кога немам пари дека неможе тоа да го има па самонастапувам со- аааа не, не, си имаме ние такво дома, друг пат ке го купиме ова и продолжувам...се случува да заплаче ама му го вртиме вниманието на нешто друго и нема гајле

clock-img

09.12.2009, 09:09

clock-img

big_mama817

pencil-img

1331

јас се трудам повеќе да му зборувам додека мм сака и да го плесне по газето некогаш што не го оправдувам бидејќи сега е поголем нели и повеќе разбира па пред да одиме во продавница му кажувам да не се фаќа за се бидејќи немам пари или дека дома има таква играчка на пр.сега за сега успева ќе видиме понатака

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

clock-img

09.12.2009, 09:21

clock-img

Iva

pencil-img

626

Да се надоврзам на Еца и нејзината изјава.
Ситуација вчера: Игравме со Михајло на компјутер и сметав дека веќе е доста и го исклучивме. Станав да јадам, бев мнооогу гладна. Таман да седнам, на мИхајло му текна дека сакал да ја слика фармата на ФБ. Му викам почекај да јадам па ќе ти пуштам, он вика СЕГА и тоа со еден наредбодавен глас. Јас пак му викам да почека малку, тој пак упорно вика сега, сега. Јас не станувам си продолжувам да јадам, а тој веќе почна како расипана плоча да вика и почна да кенка. Јас не го приметувам и си продолжувам. Едно 5 мин беше таков. Да го видите после, покрај тоа што се смири, после едно 10 мин дури и убаво културно ме прашуваше: Мама готово. Значи можело да се причека.

Така да Еца тоа е и мојот начин на однесување во одредени ситуации.

clock-img

09.12.2009, 09:40

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

до сега не сум применила казни.кога Дамјан прави нешто што несмее само ќе му викнам не!!! отсечно и горе-долу пали.но ќе видиме за понатаму.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

17.02.2010, 15:01

clock-img

zami

pencil-img

574

Minatata nedela sekoj den od gradinka se zalea deka ne bil umen, ne vnimaval koga ucele, se karal duri i udril edno devojce po grbot,sakajki da se oddolzi za nejziniot brat.
I na seto toa doma na glava se kacuva, ne igra so igracki, samo sak da gleda crtani ili kompjuter.

najprvo sto napraviv e mu zabraniv i TV i kompjuter.

ama bidejki i pokraj toa besneese niz doma i posle nekolku opomeni butna sise so sok (sreka zatvoreno), jas mu svikav, go naterav da raskrene se niz sobata i potoa go sednav na masata da razgleduva knigi, so kazna da ne stane od tamu.

E sega mm koga dojde, ne se slozi so mene, demek nemozam da go cuvam kako vo zatvor, da ne mrdnel nigde i da bidne najlosoto vlegovme vo ubav duel okolu toa pred deteto.

I sega neznam sto da pravam i kako da go kaznam (poucam) a da im ugodam na site okolu.

A za zborenje, pena mi faka ustata, sekoj pogoden moment go koristam da na ubav nacin mu ukazam na razni raboti, ama se e toa so kratok vek.

clock-img

17.02.2010, 15:17

clock-img

Tanja K.

pencil-img

563

Во однос на казните,и јас како зами правам рестрикција на ком.и што пали сега на шехерезада.Инаку и кај мене е така,доколку јас викам или казнувам мм секогаш е од страна на Елена.Но тоа нечини.Ако некој казнува,другиот или нека молчи или нека подржи.Детето гледа дека додека дојде тато или мама(оној што попушта)веке добива сила и се прави се по старо.

clock-img

17.02.2010, 15:20

clock-img

topce

pencil-img

523

ако еден попушта ,а другиот е строгиот тешко дека ќе излезете на крај.
ние сме мали и сега за сега реагира на строгого НЕ или повишен глас.
кога не и е по кеф ќе се расплаче ама не го прави и ќе дојде да се гушне.
ама интересно е што не заборава и знае да проба пак истото ама тоа е деца се.

Последни статии

article-img