за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Какаото е всушност овошје. Се зачудивте, зар не? Тоа е едно најздравите овошја кои човекот ги консумира.
Какото содржи антиоксиданси за 2 пати повеќе од црвеното вино и 3 пати повеќе од зелениот чај. Овие вредности се однесуваат на сировото какао (дел од нив губи при подготовката, а претходно и при неговата преработка за да се добие како краен продукт односно прашок).
Водачот Кортес на Шпанците кога пристигнал во Мексико веднаш напишал писмо до царот Карло дека шолја од овој необичен пијалак на војникот му дава доволно сила да може цел ден да маршира. Зрната какао дури служеле и како замена за пари за плаќање на државните даноци
Во 19-тиот век холанѓанецот Van Hoten на какаото успеал да му ја отстрани мрснотијата, а да го задржи неговиот најдрагоцен дел, теоброминот. Теоброминот пријатно го возбудува човекот и му ја враќа силата, а личи на теинот од чајот и кофеинот од кафето.
Оттогаш со додавање на млеко и шеќер започнало производството на чоколадо. Како најздрави и најквалитетни се сметаат чоколадите кои содржат поголемо количество на какао во нивниот состав, но колку повеќе какао толку погорчлив вкус.
Полезно дејство
Какаото може да го наречеме и супер храна бидејќи е богато со есенцијални витамини, минерали и антиоксиданси. Содржи големи количини железо затоа се препорачува да го внесуваат луѓето кои се анемични. Какаото содржи железо дури повеќе од спанаќот и покрај за лечење на анемичноста, помага и при намалување на крвниот притисок. Исто така помага да не дојде до згрутчување во крвта
Извор:нотформен
< Поракaта ја уредил Pepelaska RR -- 21.10.2012 22:22:07 >
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
21.10.2012, 22:21
Pepelaska *
3820
Пиевме сируп за железо, сега ке прверуваме крвна слика пак. Добив совет дека какаово има многу железо да му давам на Мартин или во млеко или така.Се мислев да не е мал
има некој искуство?
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
21.10.2012, 22:26
Kockicka
302
Pepelaska mislam deka ne ste mali za kakao bidejki i mene mi kazaa da i davam a nie imame samo 10 meseci no jas seuste nemam dadeno a rezultat od sirup tesko pievme legofer i ferum lek i nemamvme nikakvo podobruvanje sega pieme florodix po prvoto sise imase pokacuvanje sega sme na vtoroto.
21.10.2012, 22:59
Felly RR
7977
Па за да му даваш така само какао, не знам, ама во млеко, зошто да не? Па многу производи што содржат какао ги даваме од 8-10 месеци. Најпрво чоколиното е со какао, а и несквик во млекото ако ставаш, и тоа содржи голем процент на какао, освен што содржи и шеќер. Ама па и чисто какао да му ставаш во млекото, мора да му додадеш и шеќер.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
25.10.2012, 18:10
Maca25
7558
Ееее како не ми текнало до сега на какао. Ем јас го сакам, ем подобро какао него сите оние чоколадни прашаци со шеќер. Јас додуша пробувам да ја научам Н. да пие ладно бело млеко или пак млако, ама од време на време сака чоколадно млеко. Башка и што прочитав сега дека е здраво....сигурно ќе и дадам деновиве.
Пепелашке за ова!!!
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
30.10.2012, 16:05
dostickage
2181
Kakao e zakon rabota za dete. Obicno svareno so seker. Jas na V lani redovno mu davav.Sega odamna ne sum mu svarila , nekako se prefrliv na svezi sokovi od Power Juicer-ot a i uste bese toplo za kakao. Za seker moja preporaka e da se stavi kolku da ne mu gorci,ne premnogu ama pa ne i bez ic zasto ako se zgadi kje bide interesno. I nie doma site pieme kakao,jas od koga znam za sebe.
30.10.2012, 17:14
Fiao
771
Апсолутно се согласувам дека какаото може да се вброи во супер храна и дека е многу здраво - единствено кога не би го конзумирале со кравјо млеко и бел шеќер . Пробајте какао со вода и наместо шеќер засладете со мед
30.10.2012, 19:44
Maca25
7558
Фиао, не мислиш дека би било премногу јако без млеко?!?! Јас без млеко не би дала на мало дете искрено.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
30.10.2012, 20:02
suzeto
1297
se iznenadiv za kakaoto .....a vo mleko kako go davate neli vareno so voda ili????????????
31.10.2012, 10:35
Calypso
1386
Какаото е навистина супер, но кога би знаеле дали она што се продава во маркетите е чисто какао. Јас го претпочитам какаото на Краш, ама 100% какао никаде не се продава. Инаку, јас си го варам со вода, исто како кафе, без шеќер, порано мајка ми го вареше со млеко. Бидејќи сум слабокрвна, го користам како додаток на исхраната кој е богат со железо. Од течности син ми единствено пие вода и јогурт, а друго ништо, меѓутоа, си сркнува по две три голтки од моето, кога пијам јас. Повеќе не сака, но можеби кога ќе потпорасне малку повеќе, ќе го засака.
_____________________________
All that is gold does not glitter, Not all those who wander are lost; The old that is strong does not wither, Deep roots are not reached by the frost.
31.10.2012, 10:37
dostickage
2181
ИЗВОРНА ПОРАКА: suzeto
se iznenadiv za kakaoto .....a vo mleko kako go davate neli vareno so voda ili????????????
Jas go varam klasicno so voda kako kafe
05.11.2012, 11:04
mosa
546
Пиевме сируп за железо, сега ке прверуваме крвна слика пак. Добив совет дека какаово има многу железо да му давам на Мартин или во млеко или така.Се мислев да не е мал
има некој искуство?
Jas uste koga bev bremena dobiv sover da pijam kakao deka bilo dobro za koskite na .Pa i na mali deca da se dava ne e stetno,no do sega ne sum mu dala na V da pie.Obicno mu ona cokoladnoto za vo mleko so vitamini i minerali pa so toa pie i vika piel kafe
_____________________________
BRAKOT vsusnost e fensi zbor za posvojuvanje vozrasno masko dete koe ne e sposobno da se grizi samoto za sebe!!!
05.11.2012, 11:08
miana
6152
Jas pak imam slusnato deka e stetno za srceto i ne pijam ,a nitu pak im davam na decava... Im davam milka ,kras expres ama kakao - ne
05.11.2012, 15:33
dostickage
2181
Naprotiv,kakaoto e zdravo za srceto bidejki megju drugoto sodrzi kalium. Kaliumot e neophoden za srceviot impuls i pozelno e da se konzumira kakao. Ova mi go ima kazano doktor od brza pomos.
10.09.2013, 16:27
vezilka RR
4931
Деновиве почнав да варам какао привечер. Решив наместо кафе, да пијам какао. И Никола шмркнува по некоја голка од моето. Не сум сварила за него специјално, оти не знам дали цело ќе го пие. Ама голтка, голтка, нека шмрка дете..
21.02.2014, 01:37
Defne90 RR
1991
Откога М проба какао пред еден месец постојано бара да му варам и ептен му се допаѓа.Обично вечер ќе си побара и целото ќе си го испие.А со него почнавме да пиеме и јас и мм ептен го бевме забаталиле само кафе се долевавме. На помалото уште му немам давано мислам дека е уште рано.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
21.02.2014, 09:27
Tanjat7880
1256
Dobro me potsetivte,kakao I jas odamna ne sum svarila,porano mnogu go pievme,posebno koga G imashe ROTA virus,bilo korisno I za crevata a posebno e korisno za NERVITE! A kako go spremate,go varite so mleko ili poinaku?Mene mi rekoa deka treba da se vari so voda I potoa po zelba da mu se dodade malku mleko.
21.02.2014, 10:34
Melanija RR
7052
Воопшто какаото е особено здраво и извор на железо ,затоа се пие направено исклучиво со вода доколку се сака да се подобри железото во крвта ,а ако е како напиток тогаш со млеко. Ова е кај возрасните па исто и за децата, негледам зошто би било поинаку. Значи железо + калциум (млечни производи) ,никако
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
21.02.2014, 10:59
princessa
1056
I jas mnogu go sakam kakaoto i obavezno pijam po edno. E sega temata e kakoto na decata. N go pie veke edna godina ne mnogu cesto tuku koga dusata ke i pobara. I stavam po mnogu malku mlekce vo nego za da i se razladi zasto ne moze da poceka i kafeav seker. I sto e cudo gi jade cokoladite so isklucivo golem procent na kako vo niv so minimum 72%. Ima navika posle rucek, zasto taka ja naviknal mm. Nie samo takvi cokoladi kupuvame za nas, napocetokot mi bea gorclivi ama sega so zadovolstvo gi jadam.
< Поракaта ја уредил princessa -- 21.2.2014 11:02:50 >
22.02.2014, 23:59
Snowhite RR
5042
И јас од скоро почнав да му правам какао на М и си пие, порано го имав нудено не сакаше, а сега брзо со свекрва ми решивме место кафе да пиеме какао и тогаш и на М му сварив и од тогаш бара скоро секој ден. Јас го варам со вода, пошто млеко не пие
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away