за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Каква свадба имавте? Традиционална, македонска, галичка...итн....? Дали вашата свадба беше голема или мала и дали ги следевте сите обичаи со земање невеста и останатите?
02.09.2013, 16:07
Snow Queen
302
Најубава за мене...многу адети немавме буквално најосновните. Си дојде музика кај него играа пееа, изиграа кај него на улица, дојдоа кај мене пред зграда, јас го гледав низ прстен, на врата китенки, плаќаа кај мене на врата, дарување сведоци само, деверот врзување машна, давање ташна и кондури.....нашите кршеа погача разменија шише со ракија, тато ме изнесе од дома, надвор игравме пред зграда 3 ора...потоа матично и црква, во ресторан започна свадбата со танго, неколку 7/8 ора наменети нели (инаку нарачки немаше,така им кажавме на музикантите), прекрасни македонски песни се свиреа, потоа дојдоа трубачи, па имаше и 1 саат лудница забавен дел....се си беше тип топ.
_____________________________
07.04.2006........до ден денес со саканиот сме лудо вљубени
29.11.2013, 16:45
deluxe
2479
Македонска,традиционална,опа иха стил Со мноогу луѓе и гужви,мислам цел град ми беше на свадба.
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
30.11.2013, 08:30
Mihaela 2010
4230
Svadba so 95% mladi,drusto ,kolegi prijateli,i super pominavme,bidejki maldite si ja pravat svadbata neli gosti imavme nekoi 165,svadba ko svadba,so zurli i tapani posle rucekot,za toa mi se napravi epten kejfot,Ferus isto ni svirese bas napravi atmosfera i taka oroto go zapocnav jas,pa prodolzi mm,nemavme od ona ajde sega kumot,starosvat i takvi redenja
_____________________________
Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.
20.05.2014, 09:18
Defne90 RR
1991
Традиционална македонска со сите адети и обичаи.Беше преубаво затоа што имаше многу млади луѓе кои го направија расположението и цело време играа.Дури и јас иако бев четврти месец бремена не седнав.Мајка ми и свекрва ми цело време ми викаа да седнам малку и да одморам,ама како да седнам па еднаш се прави свадба нели.Се седнува ли тогаш.Инаку имавме околу 200 гости.Се на се убаво и весело. Е само единствениот миг кога заплачев и бев онака тажна беше кога дојоа по мене младоженецот со аватовите и почнаа да ја свират Цреша се од корен корнеше.Мислам дека во тие мигови и од моето срце се откинуваше некој дел кога ја напуштив мојата родена куќа.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
17.09.2014, 01:07
Dilina
533
баш онаква каква што несакав да имам, имаше млади луѓе но повеќето беа стари и финтата беше еве да се покажеме ние свадба правиме..... не дека не се радував, весела бев и т н но не беше по наш вкус ни 20%
26.11.2014, 16:30
Anne^
220
Здраво рр, имам едно прашање до сите вас. Кажете ми да чини венчавка во црква во тек на божиќните пости? Едни викаат може зошто да не а други викаат дека не чини.. А пак трети лица велат не чини само во последната недела од постите.
_____________________________
Биди тоа што си и живеј си го животот како ти што сакаш, а не како што им одговара на другите!
26.11.2014, 16:46
AneLav RR
1110
ИЗВОРНА ПОРАКА: Anne^
Здраво рр, имам едно прашање до сите вас. Кажете ми да чини венчавка во црква во тек на божиќните пости? Едни викаат може зошто да не а други викаат дека не чини.. А пак трети лица велат не чини само во последната недела од постите.
Најубаво за тоа е да си прашаш поп во црква.
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
26.11.2014, 17:04
Anne^
220
Попот вели може ама 500 денари плус :) Меѓутоа ако работата е само за пари не би сакала да направиме грев. Ако чини во ред и 1000 денари ќе му платиме плус.
_____________________________
Биди тоа што си и живеј си го животот како ти што сакаш, а не како што им одговара на другите!
26.11.2014, 20:51
scared RR
1349
Za mene najubava imavme svadba so samo osnovnite interesni obicai, bese onaka kako sto imav odsekogas zamisluvano
02.11.2015, 14:59
Sunshine88
73
Свадбата беше целосно како што ние си ја замисливме. Кај мм дома музика, играње..после кај мене..немам обичаи освен на врата, ме купија со пиво, чоколадо, кафетин, рибарски конец(кој си има своја приказна во целава ситуација) и по некоја ситна метална паричка. Ние сакавме штосно..и така беше. За китење беџови имав, со сликичка од младоженец и невесте и на нив пишување..кум, кум итн...ме изнесе од дома еден куќен пријател...заедно сме растени..и толку.
10.03.2020, 08:22
laurap
1
Тоа беше како сон. Тоа нè чинеше многу, иако не зедовме никаков кредит, заштедивме доволно пари со instaforex. Станува збор за трговија. Значи, ако ве интересира или обидувате да заштедите пари, еве ги коментарите https://www.instaforex.com/reviews_forex_traders. Тие исто така нудат убави упатства и бесплатна демо верзија.