Уживате да патувате со своите пријатели? Го правите тоа за да бидете интересни или пак затоа што ви дава длабока духовна сатисфакција? Постојат повеќе видови на туристи. Откријте во која група спаѓате вие.
1.Духовен турист
За овој турист патувањето е потрага по самиот себе. Тој ги истражува локалните обичаи и времето го користи на читање книга за будизмот, јогата, шаманизмот и слично. Изморен од материјализмот, овој човек е во потрга по мир и поврзување со природата и нејзината суштина. Овој тип на туристи најчесто може да се најдат во Индија, Јужна Америка или Азија.
2.Хипи турист
Вообичаено се облечени во шарено, со долга коса и имаат многу беџови. Хипи туристот користи јавен превоз, јаде локална храна и дискутира за културниот империјализам. Обично избегнуваат да посетуваат места во кои има големи активности или пак се премногу комерцијални. Најчесто може да се најдат во земји во развој.
3.Фрик за забави Фрикот за забави носи спортски очила за сонце и кратки панталони. Тој поминува најголем дел од своето време пиејќи и забавувајќи се до зори. Затоа оди од едно до друго место, во потрага по најлудите забави кои што може да се најдат. Овие туристи најчесто може да се најдат во Прага, Барселона, Тајланд и Амстердам.
4.Пар туристи Овие туристи се едни од најмирните што може да ги сретнете. Обично го поминуваат своето време во разгледување на се и сешто, бидејќи жената сака да се шета, а мажот треба да ја следи. Сепак, нештата не се така ложи бидејќи кога патувате во пар, секогаш можете да најдете некое интересно место за секс.
5. Flashpacker- е турист кој секогаш гледа каде има пристап за интернет. Со себе носи лаптоп, камера, фотоапарат и друга електронска опрема. Буџетот му е огромен, па затоа многу патува, но никогаш нема да го видите како спие во соба со повеќе луѓе. Тој едноставно е премногу фенси.
извор:ИДИВИДИ
< Поракaта ја уредил profesorica -- 13.11.2009 15:14:26 >
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))