cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Како да ја зголемиме самопочитта на вашето дете

clock-img

21.01.2013, 11:48

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

Како да ја зголемите самопочитта на вашето дете?

Колку поголема е самопочитта на една личност, толку таа поуспешно се справува со предизвиците во животот. Децата кои имаат развиено голема самопочит имаат висока самодоверба, не се плашат од новите искуства и доживувања, знаат да преземат одговорност за своите постапки, лесно склопуваат пријателства и се среќни и полни со оптимизам.


Самопочитта е од суштинско значење за израснувањето на вашето најмило во силна личност која верува во себе, а ваша задача е да ја издигнете на повисоко ниво. Еве како:

1,Давајте му двојно повеќе пофалби од критики. Многу родители ги затрупуваат своите деца со критики кога ќе погрешат нешто или кога ќе постигнат лоши резултати, а забораваат да ги пофалат добрите постапки и да ги наградат успесите. Децата проценуваат колку вредат според вашето мислење за нив, па обидете се почесто да им пренесувате позитивни охрабрувачки пораки како „Браво“, „Одлично се справи“, „Задачата беше тешка, ама ти успеа да ја исполниш“. Упатете пофалби и кога напорно се труди да постигне нешто, а резултатот не е толку добар. На пример, ако изгуби во спортски натпревар, кажете му: „Иако не победи, јас се гордеам со тебе“. Кога вие имате високо мислење за вашето дете, тоа неизбежно ќе се чувствува подобро во својата кожа.

2,Не ги преувеличувајте своите комплименти, тие треба да бидат реални. Преувеличените комплименти како „Ти си најдобриот кошаркар на светот“ или „Попаметна си од сите твои другарки“ можат да бидат контрапродуктивни. Детето може да придобие надуено его, кое ќе влијае негативно врз неговите пријателски односи. Тоа ќе започне да верува дека може да постигне сè и дека никој не е подобар од него, па кога резултатите ќе покажат нешто друго, неговата самодоверба наеднаш може да се сруши.

3,Охрабрете го само да ги решава малите проблеми и да бара алтернативни решенија. Не го спасувајте вашето дете од секоја тешка ситуација во која ќе западне и не му нудете секогаш готови решенија. Високата самопочит се поврзува со способноста за брзо решавање на проблеми. Дајте му шанса да порасне како личност, дозволувајќи му само да најде излез од одредени ситуации. Но, кажете му дека вие ќе бидете покрај него доколку му е потребна помош.

4.Колку што е можно почесто оставајте го да прави свој избор и почитувајте ја неговата одлука. Дозволете му да се чувствува важно и значајно. Нудете му алтернативи и дајте му можност самото да избере што е најдобро за него. На пример, нека одлучи која облека сака да ја носи на училиште – црна или бела блуза, фармерки или панталони, или пак, што сака да јаде за појадок – палачинки или јајца. Донесувањето на мали одлуки од мали нозе ќе го направи вашето дете посамостојно и ќе го подготви самоуверено да се справува со предизвиците со кои ќе се соочува во иднина.

5.Додека разговарате, очите треба да ви се на исто ниво. Независно дали му давате совети или забелешки, кога разговарате со вашето дете треба да се симнете на негово ниво. Седнете заедно на кревет за очите да ви бидат приближно на иста висина. Ако му зборувате од високо (тоа да седи, а вие да сте исправени над него), вие ја убивате неговата самодоверба.

6.Направете вашето дете да се чувствува специјално и ценето. Воопшто не е важно дали ќе одите на пица, ќе возите велосипед или ќе играте компјутерски игри, важно е да одделите барем неколку часа неделно и да му ги посветите целосно на вашето дете. Ако имате повеќе деца, посветете му по малку време одделно на секое. На овој начин не само што ќе се зближите со вашите деца, туку и ќе им покажете дека секое од нив е посебна личност која заслужува време и внимание.

7.Дајте му можност да помага. Децата имаат вродена потреба да помагаат. Секоја постапка со која помагаат ја зголемува нивната самопочит и ги поттикнува позитивните чувства кои ги имаат за себе. Создајте ситуации во кои вашето дете може да помогне – да нахрани бездомно куче, да ѝ помогне на постара личност, да подари дел од својата облека на деца кои имаат потреба од неа итн. Така вашето дете ќе почувствува дека има што да му понуди на светот.

8.Постојано покажувајте му ја вашата безусловна љубов. Не чекајте детето да постигне успех за да му покажете колку многу го сакате. Децата имаат потреба да слушнат колку ги сакате, особено кога мислат дека не го заслужуваат тоа.

9.Спречете ја употребата на негативен јазик во семејството. Поттикнете го вашето малечко да ги исфрли од својот речник негативните реченици како „Колку сум глуп/а“, „Мене никој не ме сака“, „Никогаш нема да научам како да...“ и „Не можам“. Кажете му да користи изрази како „Можам“, „Вредам“ и „Ќе научам...“. Започнете ја промената од себе. Не користете пред вашето дете фрази кои укажуваат на самосожалување или самопотценување. Децата се како сунѓер, тие помнат сè што зборуваат родителите и се обидуваат да ги копираат.

10,Не го споредувајте со другарчиња, браќа или сестри. Употребувањето на коментари како „Зошто не можеш да бидеш како сестра ти“ или „Огледај се малку на Никола“ е сериозна грешка која неминовно ќе придонесе вашето малечко да се чувствува лошо за себе и ќе го поттикне ривалството во вашето семејство. Наместо да употребувате компарации, дајте му до знаење на вашето најмило дека е уникатна личност со свои силни и слаби страни и дека го сакате токму онакво какво што е. На тој начин тоа повеќе ќе се цени себе си.

clock-img

22.01.2013, 14:06

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820

Многу убава тема, иако сме мали се трудам да применам некои од советиве.
Гледам дека ако му се развикам посилно ,сега реагира со лутење и како да се навредува, значи си има создадено некоја своја самопочит колку што би можел да има на 2 год и 4 месеци.

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

22.01.2013, 14:20

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

Jas site ovie soveti gi primenuvam na kerka mi...i ke prodolzam i ponataka se nadevam deka ke imame dobri rezultatiuser posted image user posted image

clock-img

07.02.2016, 23:13

clock-img

marchi

pencil-img

948

nkade procitav deka Ниската самодоверба произлегува од тоа што повеќе му делите совети отколку што го фалите и охрабрувате. sekoj sovet kolu podobruvanje na emociite i karakteristikite e dobredojdena da ja procitame.

Последни статии

article-img