cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Карма

clock-img

14.03.2013, 11:35

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Карма (санскрит: कर्म, kárma (помош·инфо) (kárman, „чин, дејство, труд“); пали: kamma) е збор од индиската философска и религиска традција, која го означува секој чин кој без исклучок почнува одредени причинско-последични сили, па во својата најстрога смисла, во хиндуизмот и будизмот, има универзално значење на збир од дела (агрегат) кои во потполност го одредуват човековиот сегашен и иден живот.
Карма означува труд кој ја обликува судбината на суштествата и во крајна линија резултира со повторно раѓање. Овој труд се одвива во 3 области: телесна, говорна и мисловна. Карма не означува едноставно некоја однапред одредена судбина, како што се често верува, туку таа е ознака за принцип на акција и реакција - човекот (суштество) пати од сопствените дела.
Поради ова во будизмот, кога се зборува за карма, особено се истакнува етичкиот момент, бидејќи со него во потполност се одредува исходот од напорот да се прекине шатењето.
Трудот може да биде двоен: здрав и нездрав; последици или плодови на тие трудови созреваат во текот на овој, следниот или наредните животи.
Според Буда, три причини за нездрави кармички дејствија се алчноста, омразата и измамата; а здрави се несебичноста, доборнамерноста и искреноста кон себе (знаењето).
Ослободувањето од кармата, односно од последиците на (неисправното) делување е можно само преку освестување (paticcasamuppāda – „зависно потекло“), односно увид (vipassanā). „Зависно потекло“ е кумулативен збир на работи чие дејство може да се разреши единствено преку освестување ви сегашниот момент и превзенање на исправни (здрави) дела кои веднаш остваруваат резултат (плод), чии последици можат да се чуствуваат во неопределената иднина (во наредните животи).

Извор: Википедиа


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

14.03.2013, 11:37

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Или накратко ако правиш добро ќе ти се враќа со добро, ако правиш лошо ќе ти се враќа со лошо.
Дали верувате во карма?

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

14.03.2013, 11:39

clock-img

Ikana

pencil-img

3780

Да верувам дека постои карма или некој причинско последичен однос помеќу енергијата која ја даваме и примаме од другите

clock-img

14.03.2013, 11:41

clock-img

niki

pencil-img

4299

veruvam vo karma
veruvam deka nosime karma od prethodni zivoti isto taka


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

Последни статии

article-img