за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Струмичкиот карневал е годишен карневал што се одржува во Струмица и е еден од најзначајните обичаи и традиции од таков вид во Македонија, којшто отишол можеби најдалеку во својата трансформација од сите традиционални игри под маски, како по времето на одржување, така и по својата цел и функција. Струмичкиот карневал се одржува традиционално секоја година во рамките на тримерските денови, односно на почетокот на големиот Велигденски пост, а и самото име „карневал“, (лат.c a r n e – месо и v a l i – збогум, односно „збогум месо“), нѝ асоцира на почеток на пост, а во овој случај тоа е Велигденскиот пост. За карневалот во Струмица се смета дека е многу долга традиција. Тој бил споменат од страна на познатиот отомански патеписецот Евлија Челебија уште во 1670 година. Тој, минувајќи низ Уструмџа, запишал: ...Дојдов во еден град, расположен во полите на еден висок баир и видов како таа ноќ маскирани луѓе претрчуваа од куќа во куќа, низ смеа писок и песна... што јасно укажува на можноста дека се работи за тримерските карневалски свечености во Струмица.. Порано главната вечер на карневалот беше традиционално во вторник, а од лани е сменето и сега главната вечер е во сабота, а детскиот карневал е во недела.
Сега се наближува, на 16ти Март е главната вечер.
Сте биле некогаш наши гости? Планирате да дојдете оваа година?
< Поракaта ја уредил kikicka RR -- 13.3.2013 17:55:20 >
13.03.2013, 08:34
babyhope
548
Леле од овие избориве човек заборава на овие убави настани..blond фала на потсетувањето , јас и мм кога имаме можност одиме. Се надевам дека и оваа година нема да го стават во некоја смена па се гледаме во Струмица
13.03.2013, 08:36
Mihaela 2010
4230
bas bi sakala da idam....prekrasno e navistina
13.03.2013, 08:37
Tanjicka
475
ne sum bila nikogas do sega, a bas bi odela , no samo da gledam ne i da se maskiram
13.03.2013, 08:41
Gardenia
682
Никогаш не сум била,а сакам да отидам,ама се баш тогаш ми излегуваат непредвидени работи
< Поракaта ја уредил kikicka RR -- 13.3.2013 17:55:42 >