cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Кањон Матка

clock-img

02.06.2010, 12:43

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Кањонот Матка е најпознатото излетничко место кое се наоѓа на 15 км. југозападно од Скопје.
Тука се наоѓа вештачко езеро кое е добиено со преградување на реката  Треска во кањонот Матка по што езерото добило исто име Матка. Водите од езерото се користат како акумулација на хидроцентралата како и за наводнување на земјиштето во околина на езерото. Езерото Матка е порибено и често се користи за спортски риболов, додека реката Треска се користи за натпревар со кану на брзи води.
Кањонот Матка е прогласен за Споменик на природата. Опфаќа околу 5 000 хектари со почетокот од селото Здуње и се тече кроз планинската клисура со должина од околу 30 километри до браната на хидроцентралата Матка. Тука се наоѓа и пештерата Врело која се смета дека е е адна од најдлабоките пештери во Европа. 
На ова подрачје се наоѓа голем број на цркви и манастири меѓу кои најпознати се Св.Андреа и црквата Св.Богородица.кои се наоѓаат на брегот на езеротои секогаш се отворени за посетителите.

user posted image
user posted image

user posted image


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

02.06.2010, 12:48

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Кога бев дете со моите родители секоја сабота бевме на Матка. Уживав во природата! Тоа ми беа едни од најубавите денови од детството! Потоа се појавија меѓуетничките проблеми во македонија и престанавме да одиме ( од некој страв изгледа).
Сега многу ретко ја посетуваме Матка и многу ми е жал поради тоа, но немаме кола, а не ни е баш блискуuser posted image . Пред 2-3 дена видов реклама на ТВ за кањонот Матка и се воодушевив од убавините.
Дали одите и колку често одите на Матка?



_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

16.06.2010, 13:42

clock-img

penelopa

pencil-img

3419

Матка е едно од најубавите места во Скопје. Многу често сум го посетувала, на лето сигурно неколку пати месечно најчесто со пријатели. Одлично место за релаксација. Последен пат бев лани, само тогаш немаше многу вода во езеротоuser posted image Ми се допаѓа што отвориле по културен ресторан-кафич па може да се руча и да се ужива. Препорачувам на сите- појдете супер еuser posted image

_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

clock-img

16.06.2010, 13:44

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Преубаво е!! Да можам секој викенд би одела на Матка. И ќе се прошетаме на чист воздух и преубава природа, и ручече во ресторанот и одмор од скопската бучава.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

28.05.2011, 11:04

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Ние бевме минатата недела на Матка, прекрасно е! Се воодушевив од убавините на природата, а и од тоа колку е одржано и чисто.
Личи на оаза надвор од скопската џунгла user posted image




_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

28.05.2011, 11:39

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Дали некој знае да ми каже дали има автобус до матка?


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

28.05.2011, 14:02

clock-img

Natuska85

pencil-img

3613

Маца види на страната на јсп,мислам дека има од тие по селата автобусите што се.Инаку и јас едвај чекам да го однесеме Кристијан на Матка да поуживаме малку,ама ќе почекаме уште некоја недела да попораснеме

_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

Последни статии

article-img