Кламатската алга во прехрана на децата
Здравјето на нашите деца е приоритет во светот. Нарушување на нивното здравје ја пореметува човековата рамнотежа. Најголема грижа чувствуваме кога децата често се разболуваат, кога не учат, кога често се лутат или се плачливи... Се обидуваме да го поминеме секој слободен момент со нив, повеќе да разговараме, да ги разбереме нивните проблеми, да ги храниме што поквалитетно, за животот да им биде полесен, порадосен, посреќен...
И покрај сé децата се сé пооптеретени, несфатени и болни. Сé почесто децата, уште за време на доењето, имаат проблем со слаб имунитет, чести инфекции, алергии, подоцна со пореметување на однесувањето, хиперактивност, агресија и слаб успех во училиште.
Направени се многу истражувања со деца кои имале послаб успех во училиште или проблеми во однесувањето. Се открива дека децата со такви проблеми редовно имаат недостаток на некој од важните минерали и витамини во организмот. Значи, дека покрај сите досега познати причинители (генетика, лошо одгледување, траума) голема улога кај таквите проблеми, кои инаку не би се развиле, има исхраната, поточно, - неадекватната исхрана.
Кога тие деца се хранеле со квалитетна храна и со додаток на Кламатската алга резултатите биле забележително подобри: однесувањето било помалку агресивно, оценките во училиште се поправиле, децата биле помалку склони на настинки и други болести.
Познато е дека храната е загадена со пестициди и хербициди, третирана со хормони и антибиотици, а земјата е исцрпена во својот состав, што значи дека храната која ја јадеме не содржи доволно нутритивни елементи кои би требало да ги задоволат зголемените потреби на децата во раст и развој. Од друга страна, и децата се под постојан стрес, со сé поголемите емоционални и психички оптеретувања. Сето тоа засилено ги троши нутриентите кои ги внесуваме во нашиот организам или кои веќе се вградени во нашето тело. Затоа сé почесто посегнуваме по додатоци во исхраната во облик на витаминско - минерални додатоци кои обилно ни се нудат на рафтовите во аптеките и продавниците. Но, често тие вештачки комбинации нашиот организам тешко ги препознава па поголемиот дел од сето тоа се излачува од нашиот организам несварено и неискористено.
И затоа е вистинско освежување појавата на модрозелената Кламатска алга на нашиот пазар.
< Поракaта ја уредил Mila na mama -- 18.3.2010 22:47:29 >