НОВИНА ВО МАКЕДОНСКОТО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВО
Систина - прв приватен клинички центар
Новата зграда на Систина се наоѓа на левиот брег на Вардар под Зајчев Рид и се протега на површина од 15.000 метри квадратни. Проектот го изработил стручен тим од Американското архитектонско биро по највисоки екостандарди. Има капацитет од 188 болнички кревети, 10 апартмани, 8 оперативни сали, 12 дијагностички лаборатории, посебни оддели за кардиологија, за хирургија, за интерна медицина, дијагностичка и интервентна радиологија, за анестезија и интензивно лекување, оддел за нуклеарна медицина и одделението за гинекологија и акушерство со асистирана репродукција
Гинеколошко-акушерската клиника Систина прерасна во прв приватен клинички центар во државава. Официјалната гала-промоција на новата зграда на Центарот се случи вчера во присуство на голем број столанственици, бизнисмени, политичари од разни политички партии меѓу кои министерот Михајло Маневски, директорот на УБК Сашо Мијалков со сопругите, поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, Љубчо и Снешка Георгиевски, градоналникот на Охрид, Александар Петревски, првиот човек на Аеродром, Ивица Коневски, Трифун Костовски и многу други познати лица од јавниот живот. Со посебна почит и сеќавање кон идејниот творец на Клиничкиот центар, покојниот Илија Камчев, црвената лента ја пресекоа Ратка Камчева, д-р Срѓан Керим и Димитрис Капос, директор на Џенерал електрик.
Новата зграда на Систина се наоѓа на левиот брег на Вардар под Зајчев Рид и се протега на површина од 15.000 метри квадратни. Проектот го изработил стручен тим од Американското архитектонско биро по највисоки екостандарди. Има капацитет од 188 болнички кревети, 10 апартмани, 8 оперативни сали, 12 дијагностички лаборатории, посебни оддели за кардиологија, за хирургија, за интерна медицина, дијагностичка и интервентна радиологија, за анестезија и интензивно лекување, оддел за нуклеарна медицина и одделението за гинекологија и акушерство со асистирана репродукција. Во Систина ќе бидат ангажирани најпознатите имиња од областата на медицината. Поседува сопствено болничко возило. Целата инвестиција е на Орка холдинг и чини 27 милиони евра.
На отварањето Јордан Камчев истакна дека првиот приватен клинички центар Систина ќе биде достапен за сите граѓани и дека пациентите ќе можат да се лекуваат со сини карони. Првиот привател клинички центар Систина, ќе го покрива целиот регион.
Во рамките на болницата има мала црквичка, чиј патрон е светецот Илија, а има и молитвеник за муслиманите.
< Поракaта ја уредил mother 29 -- 18.4.2010 9:11:05 >
_____________________________
Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.