ИЗВОРНА ПОРАКА: Боцко
многу интересна тема.
стефан седи на компјутер и знае да работи на него. ама, навистина знае.
Со се останато што пишуваш се сложувам ама ова болдираново толку ми падна во очи па морав да искоментирам. Навистина дека знае се сомневам, во заблуда си. Тоа што ги научил буквите на три години и чита, штрака на тастатура и управува со курсорот дали е вистинско знаење? Дали во случај кога ќе се појави некоја порака на екранот ќе знае како правилно да постапи или занесен во штракањето ќе притисне нешто и ќе ти избрише некои важни документи или некој програм или да ти зезне нешто во системот? Поради тоа сметам дека не треба да им се дозволува бидејќи кога штетата ќе биде направена нема назад, а неможеш детето да го набедуваш.
Дека ќе ги заштитиме од зрачење не ги заштитуваме, бидејки компјутерите ни се дома дали се на пола метар од нив или на два метри зрачењето е тука. На три години од несоодветни содржини не се плашам и да видат и да претпоставиме дека ке прочитаат пак кај нас ќе дојдат да им го појасниме виденото и прочитаното. Паметни се тие нашите деца, ама сепак и нивните сознанија се ограничени, да бидеме реални не сме изродиле ние некои невидени генијалци кои од раѓање разбираат баш се што ќе видат и чујат.
А за учењето, букви и бројки може да научи и ако седнеш со него и на лист хартија му ги пишуваш, ако му ја пушташ да ја гледа Бушава Азбука или со оние коцки сложувалки ги има најразлични, а за сликовници и да не зборуваме колку им се купуваат, зар компјутер им треба за тоа.
Не велам дека нема да користат, ама не е лошо прво да научат сами да се облекуваат, да си ги врзуваат чевлите, да се хранат сами, да пијат млеко од чаша а не од цуцла, да заспиваат без цуцла лажливка, да одржуваат сами лична хигиена, да се качуваат и симнуваат по скали без придржување, да цртаат со дрвени и водени боички, да возат велосипед, да играат монопол, не лути се човече и сл. пред да ги пуштиме во светот на техниката.
Многу ме иритира кога детето и на три и четири години уште носи пелена и за еден куп работи за кои е способно да ги извршува самостојно сеуште ја бара помошта на родителите и зависи од нив, ама затоа пак за компјутери е махер.
< Поракaта ја уредил niki -- 14.11.2009 17:44:04 >
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together