за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Веќе знаеме за еден куп игри на компјутер за дечињата, кои се вели дека се едукативни... но сепак освен тие игри мислам дека не треба да ги забораваме игрите со кои ние растевме како деца... Па ако не по дома можеби и ког а ќе отидете некаде на пат или на место каде нема компјутер, дали знаете да си поиграте со дечињата: на буквата на буквата, расипан телефон и слични игри или пак колку самите ваши дечиња ги играат овие игри.... Ајде споделете со нас, опишете ни некоја игра, дајте предлог како да се помине времето забавно и едукативно со децата...
_____________________________
And this is my beautiful life ...
17.08.2010, 14:11
blue_blue
893
Јас со моиве деца многу често играм Кај си, кај се криеш? Чудно колку некоја таква банална игра им е интересна, се газат од смеење и играат подолго време. Се кријат низ дома (ја седам во ходник) они се во дневна. Кога ќе ги изгубам од видно поле викам - кај си, не те гледам? Дали некој ја видел? и они ќутат, и после цели среќни трчаат накај мене..Ова е за помали деца (моите имаат 2 години), со постаро дете не верувам дека ќе му е интересно
17.08.2010, 14:22
Julie1
2354
супер игричка за помали дечиња, ми излегува пред мене сега како се смеат малите дечиња баш на оваа игра
Ајде и останатите родители споделете и опишете ни ги игрите што ги играте со дечињата или сте ги играле вие како деца, наведете правила на игра колку што се сеќавате!
_____________________________
And this is my beautiful life ...
17.08.2010, 15:09
mama26
3977
sve im e na decata interesno ako imame i nie trpenie so niv.ali pak kolku poveke igras poveke i te teraat da igras.primer denes ako planiram eden saat da poigram od eden saat ke stanat 3.ali na deca nikogas dosta.krienka igravme i nie i sega dodeka imase 3 godini.pred nedela dena gi napravi 4 i pak igram krienka.kaj si te nema ,da ne go zemala meckata .ne bre silen e toj kakva mecka nego ne go zima koga napolni 4 godini mu kupiv nelutise covece.i eve sekoj den igrame toa. slikicki lepime od slikovnici bukvi imame da gi ucime iako rano e ama neka si znae po nesto od sve.
17.08.2010, 21:12
Felly RR
7977
Моето е уште мало за вакви игри, ама еве една што децата ја обожаваат а не ти треба ништо посебно. Јас ја играм со моите ученици и многу се радуваат. Тоа е Топло-ладно : еден ќе скрие некој предмет, а др го бара. Тој што го скрил му кажува топло ако е близу, ладно ако е далеку од местото каде е скриен, или жешко кога ептен ќе се доближи, и тогаш играта е најинтересна- кога е жешко а тој што бара никако да открие каде е скриениот предмет
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
17.08.2010, 22:00
mama26
3977
felly jas ja znam ovaa igra ama do sega ne mi teknalo da ja igrame.posto kaj mene doma se cesto prisutni deca od 5 godini i 6 [ hhehe moevo e 4 ] nejke pomali pa ke ja igrame i ovaa igra od utre natamu.falati mnogu sto me potseti.
17.08.2010, 22:01
suzeto
1297
i nie si igrame krienka jas go baram a toj se krie na isto mesto stalno a toj pak navecer ja gasni strujata i me plasi i jas moram da se uplasam
18.08.2010, 00:20
Maca25
7558
и ние си играме криенка по дома. Нина бега во спална и се крие меѓу перници,а ние ко бајаги не можеме да ја најдеме и ја бараме насекаде. не додржува да ја најдеме,сама излегува и не плаши. за други игри мислам дека е мала.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
18.08.2010, 15:00
penelopa
3419
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly
Моето е уште мало за вакви игри, ама еве една што децата ја обожаваат а не ти треба ништо посебно. Јас ја играм со моите ученици и многу се радуваат. Тоа е Топло-ладно : еден ќе скрие некој предмет, а др го бара. Тој што го скрил му кажува топло ако е близу, ладно ако е далеку од местото каде е скриен, или жешко кога ептен ќе се доближи, и тогаш играта е најинтересна- кога е жешко а тој што бара никако да открие каде е скриениот предмет
Супер игра ептен сме ја играле ко деца, посебно со дедо ми. Во врска со муабетов ми текна на играта На буквата, на буквата- се кажува првата буква на предмет кој се наоѓа во просторијата во која се наоѓаат играчите и се погодува....ехе времиња беа тоа
_____________________________
"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu
03.01.2011, 17:48
Maca25
7558
Пред некој ден почнавме да играме продавница. Јас опкружена со еден куп играчки сум продавачката, а таа доаѓа да купи од кај мене. Дури имаме направено и парички, од стари картончиња за на лекар, па исецкани и ставени во новчаник. Многу е смешно што нина многу се срами од продавачката и тивко кажува што сака да купи. Потоа јас и барам една паричка а таа внимателно вади и плаќа. Е вака по цел ден можеме да си играме.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
04.01.2011, 09:59
mama26
3977
momentalno najinteresna igra mu e karate odnosno se tepame saka da go ucam demek jas pak znam
i po nekoja minuta bukvi brojki i crtanje na tablata .poveke se razbira e po karateto
_____________________________
СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.
29.12.2011, 13:50
AnnaMolly RR
6409
Моментално играме криенка. Обожава јас да се кријам, а тој да ме бара. И секогаш ме тера на исто место да се кријам, а него најинтересно му е кога ќе ме најде веднаш трча кај татко му и се смее на цел глас. На пример ако сакам да се сокријам на друго место, тој ми вика „Мамо, тука“ и ме носи на старото место, па се враќа во другата соба, а кога ќе му речам „Каде сум?“ трча да ме најде, па кога ќе ме види право кај татко му! И вака цел ден може да си игра.
_____________________________
Live and let live
29.12.2011, 14:17
arh_diz
7198
Nie igravme krienka , a sega igrame topka interesno mu e da ja frla topkata da ja sutira
_____________________________
Биди тоа што си
29.02.2012, 11:39
vezilka RR
4931
Ех колку им е интересно на децата кога си играме со нив. Мислам дека секоја игра им е интересна. Ние играме неколку игри. Играме криенка, ама тој се крие и ни прави „ѕе’. Неколку дена веќе како се научивме да криеме некоја од играчките и потоа треба јас да ја барам и кога ќе јанајдам се кине од сеење. И нормлно со топка и тоа фрлање во вис. Многу му е смешно да ја фрламе топката во вис. И обожава да му пееме, понекогаш кога ќе ни снема од детскиот репертор преминуваме во други жанрови, ама не е битно, битно да му пееме.
29.02.2012, 19:38
Snowhite RR
5042
Ние исто играме криенка на сабајле уште додека сме в кревет, М ми се крие под ќебе и јас викам Кај е Михаил? а тој го трга ќебето и вика Еве сум и така пак и пак, потоа сака да редиме коцки или слагалици, па со топка си подаваме, а најмногу играме на музика, пуштаме и играме и пееме
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
29.02.2012, 23:23
Felly RR
7977
Со топка кога играме и на Матеа и е интересно да ја фрла во вис. А друго сега што играме најмногу - продавачки. Земаме кесата со пари (сликчиња) и одиме да пазариме. Потоа им правиме кашички на бебињата, ги заспиваме, преслекуваме - и најчесто сите се голи Влегува во кутијата со коцките, и јас ја капам. Па една коцка ни е сапунче, друга шампон, па со чаше се потураме со коцките = водичката, и така.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
29.02.2012, 23:26
Felly RR
7977
Друго сега што се сетив - одиме на работа заедно. Па седнуваме и работиме нешто, па ја задевам, а таа ми бега, па јас ја викам - колешке, дојди имаме уште работа. А таа мене ми вика - мамо колешке
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
01.03.2012, 08:50
Maca25
7558
Ние најчесто си играме продавачки заедно. Јас сум секогаш продавачка, а Н. купува од мене и стално ми бара парички да и дадам да си имала за лепче Играме и фудбал дома, имаме мало голче и се менуваме, еднаш јас сум голман, еднаш таа. фризерски салон некогаш...е тука Н. е секогаш фризерка.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
01.03.2012, 10:43
Emanuelapp
200
Ринге ринге јаја дошол чичо Паја и донео јаја едно јајце муч сите деца чуч е ова го играме ние оти сме многу мали (1год)
20.06.2013, 19:17
Bethany
4534
Најомилена игра ни е криенка, бркање низ дома и сл. Тоа може цел ден на ова жешково да прави, да трча и да трча без престан. И ако седнам да одморам, тој доаѓа и ме влече да сум станала, па ми покажува каде да одам, што да правам. Смешки. А да, исто така пееме рингераја, фатени за рачиња, па се вртиме (мене ми се сврти веднаш ), па чучнуваме, па се смее кој не знам што да е. Или пееме песнички што тој ги знае со кореографија, со покрети на рацете и тој се обидува да имитира. Исто со топка... тој ја зема топката во раце па ми ја фрла, а јас демек од што е силно фрлање паѓам на земјата, па тој се смее и така во недоглед. Ќе видиме што игри ќе имаме кога ќе бидеме поголеми. Деца се срцки, само да се пеело, скокало, трчало, да го некој закача и така, весело во секој случај.
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
20.06.2013, 19:26
rina13
1147
Моментално хит ни е танцување на песни од YouTube гледа и имитира а и јас заедно со неа.Криенка ни е секогаш ин,а лази буба лази не расположува во секој момент.
20.06.2013, 22:50
sandriana RR
2924
Заедно играме и ние Ринге-рингераја, и Т ја знае цела песничка,па не собира по дома кого стигне (дали мене, татко и, баба-кај ќе и упали ), и се вртиме во круг,и на крај завршуваме на под, валкајки се Играме и "цицај, цицај зајаче" , па си подаваме топка, и многу сака да јава на грбот од татко и.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
21.06.2013, 12:19
Палешка РР
7505
Сека најинтересно ни е криенка-миженка и продавачки на сладолед. Таа се качува на перница го отвора пенџерето и е продавачка, а јас во ходникот стојам и купувам и тоа пари ми бара, со оние од монопол играта не признава
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
03.07.2013, 16:12
Felly RR
7977
Играме криена, и јас ја барам. И прашувам - Кај е ова детево? Кај е скриено? - Во кујнатааа. Или игра со татко и, и доаѓа кај мене да се скрие,а после иди мм и таа одма вика - Мамо кажи му дека не сум тука. Или трета ситуација - го гледа каде е ама се прави дека не го гледа и ме прашува - Мамо кај е тато скриен?
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
29.08.2013, 18:13
mommy_angels RR
1543
криенка ни е хит сега,ние се криеме,таа не бара или пак обратно,ама како и да е се смее и вришти на цел глас.... а ги обожава и оние што прават балончиња и така може да си дуваме по цел саат а таа си трчка по соба и ги лови...а најнова игра од кај баба и дедо-вадење на сите тенџериња ,тави и се што е метално и лупање по нив