за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Ние со Мартина навистина имавме проблеми околу алергијата, па со оглед на тоа дека завршувавме на хитна, и јас и маж ми по ова прашање сме катастрофа. Поледниот пат кога качи температура(зимата и тоа втор пат за овие три години),ние во 1 по полноќ ја носевме на хитна, и утредента исто, бидејќи и даваме сируп за температурата, а таа по краток преиод качува уште.... и така и двајцата сме паничари, но ме интересита и искуството ваше и на вашите мажи?
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
03.06.2009, 10:00
mami
8680
За разлика од мене, што знам некогаш д испаничам, он е мнооооогу посмирен од мене...ретко му се случува да испаничи, и сега со Лука, секогаш е смирен и полека ги тера работите- можеби во себе паничи ко луд ама ништо од тоа не покажува
03.06.2009, 10:16
biba
50
Mojot Elena e ko tvojot, jas sum posmirena, a toj samo da kivnat i odma, ajde, ajde vo bolnica
03.06.2009, 20:27
Боцко
806
Еве изворно од еден татко, знам дека тука ме чекавте ама вака стојат работите. Додека жм паничи ко распаметена, јас сум тогаш во многу чудна состојба. Иако имам живци ко сајли, морам да смирувам двајца. Значи, ако нешто се случува со Стефан, се обидувам прво да ја смирам жм и да ја убедам дека се е ОК. Понатаму, се обидувам да видам што се случува со Стефан. Ако жм доволно се смири, обично консултирам неколку онлајн извори за да видам дали за таквата состојба има безболно решение и дали на лекар мора да се оди веднаш. Ако треба, се спремаме и одиме. Ако не, применуваме некоја од дадените методи додека нештото не се смири. Накратко, ништо подобро од студена глава. Состојбата на паника е најголем непријател на се па и на одгледувањето деца. Често пати, од паника и страв уште повеќе ги влошуваме работите токму ние самите.
_____________________________
Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.
30.06.2009, 14:17
mami
8680
леле Боцко, јас додека чекам тоа да се провери ке пукнам..јас едно нешто и одма и се јавувам на докторката па она ми кажува дали да доаѓам или не
30.06.2009, 14:35
Iva
626
Во принцип јас сум таа која во одредини ситуации сум сталожена и смирена, а мм е тој кој паничи и тоа на моменти претерано. Никогаш нема да заборавам кога требаше да се пораѓам со Михајло. Мене ми пукна дома водењакот сабајлето, а немав никакви болки. Бидејќи претходно одев на предпородилни вежби, бев запознаена како да се постапи во такви ситуации. Јас мртва ладна влегов да се истуширам, да се средам, скоро помина еден саат додека да отидеме во болница. ММ дома полуде мислам за тоа време додека се спремав. Дури не беше ни во состопјба да вози, па моравме такси да викаме.
30.06.2009, 14:39
mami
8680
хахах баш добар стрес си му направила мене да ми пукнеше дома водењакот ке трчав до болница од што паничам
04.09.2009, 15:48
profesorica
5709
Јас многу паничам а мм воопшто, многу е смирен и се со убаво решава и по смирен пат.Му се восхитувам ама јас не можам така.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
04.09.2009, 15:59
mother 29
4405
jas za kakva i da e rabota odma i se javuvam na dr.ma bilo nedela ,praznik...seedno... gi imam site tel.broevi-ziva panicarka sum.mm obratno od mene
04.09.2009, 16:12
arh_diz
7198
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica
Јас многу паничам а мм воопшто, многу е смирен и се со убаво решава и по смирен пат.Му се восхитувам ама јас не можам така.
01.12.2009, 21:03
mami
8680
Имаме едно чудо нови бебиња на форумот, па ме интересира, како се снаоѓаат новите татковци? Паничат или?
02.12.2009, 10:36
big_mama817
1331
мм е како ладен шприцер воопшто не паничи додека јас сум паничар и тоа гооолемммммм
< Поракaта ја уредил big_mama817 -- 2.12.2009 10:37:18 >
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
02.12.2009, 11:20
mother 29
4405
е така е тоа со татковците,по default и мојот мм е таков..убаво сте ги објасниле претходно,се држи место!
02.12.2009, 15:30
ananikol
1568
Ne panicam za nisto drugo osven za sinceto, a mm e smiren,stalozen i vladee so situacijata.Sosem razlicno od mene i dobro e sto e taka,eden mora da e trezven
06.06.2010, 22:54
Martins mom
3342
Јас сум смирена, сталожена, а тој во критични ситуации е најголемиот паничар, немам видено поголем, а тоа страшно ме нервира...наместо да се сконцентирам и да мислам за решавање на ситуацијата, јас морам да трошам време на негово смирување Лоша работа ти е паниката...едноставно немаш никаква корист од неа, чиста деструктивност...
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
06.06.2010, 22:59
Rossana
1239
iiiiiii mm e golem panicar samo koga se raboti za Sara. A jas za se si panicam, nema pogolem panicar od mene
06.06.2010, 23:21
niki
4299
Колку е паничар мм кога се работи за детото, тоа е просто неподносливо. Пред некој ден таа падна и си го одра малку лакотот. Му се јавувам на работа да на враќање помине во аптека и да земе накоја маст, бидејки за такви ситуации дома ни алхохол немав. Тој толку се испаничи што не ме ни дослуша што му зборувам, ми спушти слушалка, остаил работа и ете ти го за 10 минути дома со спреј, да види да не му загинало детето. И кога виде дека не и е ништо ми глумеше смиреност, демек еј уште колку ќе паѓала. А јас ваква му превртувам очи. Кога прв пат си ја удри главата, мала беше едвај проодена и џумка и излезе, тој главата од ѕид си ја чукаше, буквално, наместо да се спрема да ја носиме на лекар. Што вели Мартинс мом, прво него треба да го спаструвам и смирувам и вразумувам, па после детето уф
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
06.06.2010, 23:32
Maca25
7558
Мм за се е смирен, освен кога се работи за неговата принцеза. Еве беш пред неколку мин. му кажував како сум ја ставила нина сама на вртелешка денес, а тој одма направи некоја фаца и ми рече како сум можела да ја оставам самам да се вози и како не ми било страв. Едноставно јас за такви работи не паничарам. јас сум паничар кога се работи на пр. за температура, болест, храна. Добро е што паничиме за различни работи па секогаш има кој да го смири другиот
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
17.01.2011, 11:41
penelopa
3419
Маж ми е ужасен паничар, ама ептен ужасен. Се што е поврзано со син ми од здравствен аспект он мора да се кунсултира со неговите па уште со неколку други педијатри, мора да прочита на нет. Мене тоа ужасно ме нервира бидејќи многу често од мува прави слон
_____________________________
"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu
17.01.2011, 11:45
arh_diz
7198
Penelopa ova kako jas da sum go pisuvala sto go pisa. Jas go zezam maz mi cesto mu vikam cela Moskva i Belgrad znaat koga Marko prdnal
_____________________________
Биди тоа што си
17.01.2011, 11:49
penelopa
3419
леле ме спобудалува начисто....
_____________________________
"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu
17.01.2011, 13:49
Viktori
5329
Кај нас тато не е паничар! Чисти рани со јод, прави преврски.. јас тоа не можам ... Додека за настинки, кашлања ми вика да ги носам на лекар, да пијат сируп некој за полесно да им е.. јас не трзам ако немаат температура и ако ми изгледа дека не е нешто екстремно...
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
17.01.2011, 14:30
strelec 8
420
aaaaa golem panicar e.za prvoto bese nepodnosliv.vidi kasla,se pokakalo,kiva,pazi ke padne,lele sto napravi,ti si kriva,fati go ,mi idese da go aknam edna.a za vtototo dali takvo bebe mi se pogodi glas nema od nea i ze sea ne se zamara nogo za nea.
18.01.2011, 12:08
mama26
3977
ne e panicar ama uopste i koga se poragjav pred nego sve gledase mu vikam trgnise bre da ne ti se odmili posle zena da gledas za nastinki znae da kaze samo da vnimavam od temperatura .
_____________________________
СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.
03.10.2011, 14:34
Mihaela 2010
4230
Mm e goooolem panicar,duri ne mi se veruva kolku mnogu.da mi kazuvase nekoj deka ke panici i ke se pritresuva tolku nemase da veruvam.Da pocne kerka mi da kiva odma panici,lele sto i e ,da ja nosime na lekar.Ete vcera pocna da kiva i da i tece noseto,odma denes moralo na lekar da ja nosime.Detevo zivo veselo,vikam ne panici da ne ja maltretirame taka napravi i prosliot pat pa i iskoci zapce,celo vreme buta race vo usta i najverojatno toa ke da e.Mnogu e panicar duri ponekogas me nervira negovata serioznost,doveduva da se zasekiram premnogu i jas.