cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Колку сте одлучни?

clock-img

16.03.2010, 00:39

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461

Постојано се соочуваме со ситуации и се наоѓаме пред лавиринтите кои ни' ги покажува животот, не знаеме кој е вистинскиот правец во конкретниот момент. Убаво е кога се има избор во животот, лошо е кога немаме. Некогаш бираме меѓу 3 и повеќе нешта. Колку повеќе алтернативи ни' стојат на располагање толку повеќе се двоумиме, размислуваме, не можеме да се одлучиме. Некогаш и меѓу 2 варијатни долго сме пред дилемата - 1 или 2, ДА или НЕ user posted image Често 1-ДА (НЕ) знае да не' однесе во сосема погрешен правец и долго време да се преиспитуваме, прекоруваме ... зошто така сме решиле, зошто веднаш сме одлучиле, сме избрзале, не сме послушале друг ... Јас сум од оние кои многу размислуваат, анализираат, се премислуваат, слушаат секого, но одлучуваат сами.

Колку брзо донесувате одлука?
Дали потпаѓате под нечие влијание?
Дали сте биле манипулирани од некого и дали тоа ви се случува често?
Дали секогаш за се' имате свој став и цврсто стоите до него, без оглед на се'?


_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

16.03.2010, 00:41

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461

Дали ја применувате стратегијата на добри и лоши страни (предности и негативности) кога одлучувате за нешто/некој (предмет/услуга/личност) ?

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

20.03.2010, 22:36

clock-img

lukas

pencil-img

2148

voopsto ne sum odlucna ama i sepak zavisi za so...

clock-img

20.03.2010, 22:47

clock-img

Bile

pencil-img

440

Voopsto ne sum odlucna od pricina sto se cuvstvuvam kako da ja imam  izgubeno samodoverbata i se plasam da odlucam sama sekogas cekam drug da odluci mesto mene. Ovaa karakteristika ne mi se dopaga, cesto mi se slucuva da bidam vo situacija da treba vednas i sama da odlucam.

_____________________________

Gorana i Stefani

clock-img

21.03.2010, 14:32

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461

Биле сите сме се почувствувале така во даден момент, но лошо е кога тоа се повторува, кога за многу нешта во животот бараме помош и совет од друг и остануваме друг да одлучи наместо нас. Јас на почетокот од врската со мојот сакан - дечкото само слушав, се прифаќав и од него и од неговите т.н. другари (брачен пар без деца) кои беа секогаш со нас. Излегувавме, дечкото и "другарите" кажуваа каде ќе одиме, колку ќе седиме, што ќе правиме ..., се ! Јас само молчев и "морав" да се сложам со се. Како резултат на тоа ја изгубив мојата личност, го изгубив своето "јас", станав послушна, без мислење и став, како сенка меѓу тројцата. Поминав низ многу тешки работи, станав нервозна, ги зголемив килограмите (од пречестото одење по ресторани по наредба на друг/и)... едноставно не бев таа јас, не се познавав ... За среќа, издржав. Кога не можев веќе да трпам, сфатив дека ја загубив сопственат личност и не можам да живеам без своето "јас", почна полека се да се средува, со дечкото повече се разбиравме... "Другарите" на дечкото го видоа тоа, не беше по нивно се, не им годеше тоа... Помина време, се случија многу работи, дојде момент - т.н. негови другари се покажаа во вистинско светло и пред дечкото, конечно го виде тоа - му се отворија очите (иако и претходно почнуваше да гледа што и како е), се тргнавме од нив. Јас бев повторно таа од порано, а дечкото - со разбирање, друга - нова личност. После дождот изгреа сонце.

Се е лекција во животот. Никогаш пред никој не треба да потклекнуваме и да дозволуваме да бидеме манипулирани од други лица, да не вртат како сакаат. Секако, има ситуации кога "мораме" (се мора само да се умре, се друго е релативно, но сепак ...) да слушаме, без разлика дали мислиме дека сме во право, дека ни се скратени правата, не е почитувано нашето мислење: на работа, на факултет, во брак и сл. Но, не секогаш, не по секоја цена. Помина времето на патријархатот, сега сме еднакви со мажите и многу поспособни од нив, жално е да им се потчинуваме.


_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

21.03.2010, 23:21

clock-img

Bogdancanka

pencil-img

5422

зависи за што се работи али во моментот ако одлучам нешто веднаш извршувам зашто ако оставам за друг ден се предомислувамuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

clock-img

04.05.2010, 00:44

clock-img

Bitolcanka

pencil-img

2461


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka

Дали ја применувате стратегијата на добри и лоши страни (предности и негативности) кога одлучувате за нешто/некој (предмет/услуга/личност) ?



Јас сум ја применила кога сум сакала да видам што би ми било од корист ако се решам да направам некаков чекор - напред или да прескокнам нешто. А вие?
Во последно време сум се' поодлучна. Помислувам да направам нешто добро за мене, било да е тоа: вежбање, посета на козметичар, прошетка ... дејствувам веднаш. Можеби и пролетта ме поттикнува, помина периодот на студ, мрзоволност, депресија, несигурснот ...

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

clock-img

04.05.2010, 08:26

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

ич не сум одлучна, лелееее...ичuser posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

28.11.2014, 20:57

clock-img

scared RR

pencil-img

1349

Ич не сум одлучна, секогаш се предомислувам па дури и за најмала ситница user posted image

clock-img

28.11.2014, 22:57

clock-img

Ki4iko

pencil-img

438

Јас сум доста одлучна, многу често ме бараат да одлучам за битни работи моите блиски,едноставно такава сум по карактер user posted image

clock-img

28.11.2014, 23:42

clock-img

caciana

pencil-img

863

Jas sum Mnogu odlucna, sto ke resam toa pravam,nekogas znaam DA utnam ama toa e...user posted image

clock-img

28.11.2014, 23:50

clock-img

mamicki

pencil-img

1111

Многу, дури отсечна. Криво, право, брзо донесувам одлуки и веднаш се обидувам да ги реализирам.

Последни статии

article-img