за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Колку сте јаки и силни кога нешто очекувате,се радувате,а доаѓа еден момент кога сето тоа се става под знак прашалник? Како реагирате кога кулата од карти ќе ви се сруши само во еден миг?
Во моментот се чувствувам многу тажно,немоќно,и сакав малку да си ја искажам болката преку разговор и разменување на мислења.Се уште не знам дали до темел ми се сруши кулата,но како и да е животот навистина е непредвидлив,понекогаш толку нестварен...и што да кажам освен дека ништо никогаш не е сигурно во животот....
Во принцип сум многу јака,знам гордо и стоечки да поднесам пораз,исто како што со гордост и крената глава се радувам на секој успех,но некогаш едноставно животот не фрла на колена.....
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
14.05.2009, 23:00
Боцко
806
Веројатно си и посилна отколку што мислиш, што во еден ваков тежок миг за тебе наоѓаш сили да седнеш и да напишеш нешто. Се разбира, чувството дека си помеѓу свои луѓе, те јакне уште повеќе. Со оглед на тоа што не знам што ти се случило, не можам конкретно да те охрабрам, како што ти често знаеш да ги храбриш другите на порталов. Знам само дека големината на човекот не се гледа во падот, туку во способноста да стане и да продолжи понатаму. Мене животот ме исправал пред безброј искушенија. Еден ден, многу скоро, ќе проговорам повеќе за тие нешта. Оној кој те повредил, пак, треба да знае дека ништо, ама баш ништо, не останува ненаплатено. Затоа, треба да правиме само добро зашто добро и ќе ни се враќа. Не заборавај дека секој е самиот одговорен за се што му се случува. Додека го сфатив вистинското значење на таа реченица ми требаа три години менување на себеси за да научам да се сакам. Ти посакувам многу успех и истрајност. Боцко и другарчињата се секогаш тука за тебе...
14.05.2009, 23:05
Еца
6692
Фала Боцко,твоите зборови нависитина ми значат како и оние што ќе ми ги дадат останатите рингерајовци,но овој пат судбината ќе го има последниот збор.Знете,пишував дека Мартина лежеше шарлах,кој не е опасен за возрасните,но ете за мене,поточно за плодот може да биде фатален.Утре одам на детални испитувања и некако цел ден се трудам да не мислам на тоа,но веќе треба да си легнам и барам причини да останам подолго будна,залажувајќи се дека ќе ги оддолжам работите....Како и да е ништо не зависи од мене,од нас,...
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
14.05.2009, 23:09
Боцко
806
Пре да си легнеш, последната мисла нека ти биде дека се ќе биде во ред и дека испитувањата ќе поминат одлично затоа што јас знам дека ќе биде така. Ти ја пуштам сета позитивна енергија. И тоа како зависи од нас. Убави соништа и се читаме утре, ведри и расположени...
15.05.2009, 00:05
hristijana
98
Elena se ke bide vo red veruvaj od srce ti posakuvam utre za dobro utro da ne izraduvas i da ni kazes deka bebenceto sto go ocekuvas e dobro.stiskam palci za tebe .poz
15.05.2009, 01:30
biljanaM
662
Елена и јас ти ја пуштам сета топлина и се надевам дека се ќе биде во ред т.е. ќе биде, верувај. Нормално е човек понекогаш да се изнервира, да мисли дека цел свет е против него, но сето тоа има некоја причина, во твојот случај причината е здравјето на Мартина (шарлахот), што е нормално кај сите родители, но гледаш дека се испадна во ред исто ќе биде и утре, и јас така се чувствувам кога одам по болници.....во последно време се повеќе и повеќе се одлучувам за часови по медитација, па ќе видиме. Се читкаме, поздравче
_____________________________
Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....
15.05.2009, 08:26
mami
8680
Еленче, само храбро...се ќе биде во ред..тоа мало бебенце е стопати посилно отколку што мислиме сите ние и нема да дозволи нешто да го спречи да ја здогледа светлината на денот...мисли позитивно и ке видиш, ке биде се во ред
15.05.2009, 08:32
Julie1
2354
Еленче, имаш поддршка и од мене. Знам дека си јака и зрачиш со позитивна енергија, која заедно со нашата енергија ќе помогне сите работи со бебенцето да одат на добро. Очекуваме и знаеме дека скоро ќе славиме на Рингераја за едно здраво, преубаво и преслатко малечко бебенце од Елена. Знаеме дека семејството твое е голема поддршка но знај дека и ние сите сме тука за тебе секогаш. И нели Заедно сме појаки!
< Поракaта ја уредил Julie -- 15.5.2009 8:33:06 >
_____________________________
And this is my beautiful life ...
15.05.2009, 12:53
Nikolina
226
Елена сега видов и се надевам дека се помина најдобро што можи и дека ти сега си ми многу поопуштена и порелаксирана одкако виде дека се е во ред прими голем поздрав и би ти посакала се најубаво исто како што ти им посакуваш на сите бидејќи имас многу големо срце.
15.05.2009, 13:03
Katuska
150
Eli kako pomina denes, daj pisi ni site cekame da vidime deka e se vo red??Pozdrav i podrska
15.05.2009, 13:58
niki
4299
Sega ja vidov temava i mnogu mi e zal sto eden tolku ubav perod od zivotot ti e zasenet so vakvi problemi Elena. No ti si jaka i ke se izboris so se. Nie sme tuka da ti pomogneme ako nikako poinaku bar so nasa poddrska. Se nadevam deka dosega veke ste gi izvrsile site potrebni pregledi i imas veke dobri vesti. Cekame da ni javis deka bebusko e dobro i prodolzuva da raste normalno vo meseto.
15.05.2009, 14:29
Еца
6692
Еве се вратив,изедов една полна чинија патлиџани и краставици,се освежив и еве да ви пишам.Од трансфузиологија резултатите ќе бидат дури наредниот петок,зошто има многу испитувања,а за другите испитувања ќе одам дури во вторник,така да немам никакви информации,но она што си го ветив е дека нема да дозволам да се нервирам за нешто што не знам како ќе испадне на крај.Мислам дека и покрај се веќе некаде езапишано како ќе биде,па ништо и не можам да променам.Она што можам да го направам е да продолжам да си го галам мешето заедно Со Мартина,да му кажуваме песнички на бебушто и да го бодриме да биде со нас до крај Секое лошо за добро е... Ве сакам сите и не занете колку енергија ми дадовте,премногу...поздрав за сите вас од мене http://www.youtube.com/watch?v=CseZvlqTH7w
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
15.05.2009, 14:41
Nikolina
226
Еленче секои пет минути проверував дали имас пишано и ме радува сто си позитивна така треба само напред и ќе видиш се ке биди во ред поздрав
15.05.2009, 14:45
mami
8680
ме држиш во мисла цел ден...ајде, само позитивно..се ке биде во ред...
15.05.2009, 18:08
Marta
81
ИЗВОРНА ПОРАКА: Elena
Еве се вратив,изедов една полна чинија патлиџани и краставици,се освежив и еве да ви пишам.Од трансфузиологија резултатите ќе бидат дури наредниот петок,зошто има многу испитувања,а за другите испитувања ќе одам дури во вторник,така да немам никакви информации,но она што си го ветив е дека нема да дозволам да се нервирам за нешто што не знам како ќе испадне на крај.Мислам дека и покрај се веќе некаде езапишано како ќе биде,па ништо и не можам да променам.Она што можам да го направам е да продолжам да си го галам мешето заедно Со Мартина,да му кажуваме песнички на бебушто и да го бодриме да биде со нас до крај Секое лошо за добро е... Ве сакам сите и не занете колку енергија ми дадовте,премногу...поздрав за сите вас од мене http://www.youtube.com/watch?v=CseZvlqTH7w
Ovaa Elena ja znam jas,borbena,pozitivna,istrajna Se ke bide dobro,veruvaj!
15.05.2009, 21:39
Julie1
2354
Еленче цело време сме со тебе и малото бебенце. И двете сте јаки!
_____________________________
And this is my beautiful life ...
15.05.2009, 21:47
Natasha5
830
E lena i jas ti ja isprakam seta sreka.Bidi jaka ,se ke bide vo red. Pozdrav
06.06.2009, 22:59
Nena_S
5
Elena? Novosti?
07.06.2009, 09:03
Еца
6692
Од трансфузиологија резултатите се одлични, но постелката не е добра и треба многу да одмарам, инаку на инфективно немаа реагенси, и наредната неделаќе ми се земаат брисеви за повеќе испитувања микробиолошки, па и за стрептокок...Инаку докторор рече дека бебушот одлично напредува, многу е активне и место за паника нема, многу е поопасно доколку се се случуваже во првотот тромесечје.Сепак се се случува со некоја причина, нели. Уште еднаш фала на сите кои бевте со мене во моменти кога бев растревожана и помалку разочарана
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
07.06.2009, 11:26
mina
21
Elena navistina mi e drago sto rabotite odat na dobro i sto nabrgu ke jademe mekici ke cekame slika i od toa malo covece
07.06.2009, 12:02
Боцко
806
како и секое машко сега треба да речам: знаев јас, нели ти реков?
супер вести!!!!!!!!!!
_____________________________
Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.