Кондомите премногу мали?!
Голем број од мажите кои користат кондоми се жалат дека истите се премногу тесни и се кинат за време на сексуален однос, покажува едно истражување.
Американските истражувачи ги анализирале прашалниците потполнети од 436 мажи на возраст помеѓу 18 и 67 години, кои биле избрани преку огласи во весниците и блог поставен на компанија за кондоми.
Волонтерите користеле кондоми во текот на претходните три месеци, а потоа одговарале на поставените прашања.
Дури 44.7 отсто од испитаниците изјавиле дека почувствувале чувство на преголема затегнатост при користењето на кондомите.
Кондомите кои не одговараат на големината на пенисот го зголемиле ризикот од кинење и слекување, а освен тоа предизвикале тешкотија при достигнување на оргазам. Исто така кондомите пет пати повеќе може да предизвикаат иритација на пенисот.
Поради тоа многу корисници го отстранувале кондомот пред да заврши сексуалниот однос, што е мошне загрижувачки бидејќи таквото однесување може да предизвика несакана бременост или пак пренесување на некоја сексуална болест.
Истражувањето може да се најде во онлајн журналот Sexually Transmitted Infections, а исто е публикувано од страна на British Medical Association.