cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Кралска резиденција во Македонија

clock-img

06.12.2010, 23:21

clock-img

Julie1

pencil-img

2354

Не ми се верува што читам незнам дали да се смеам user posted image или да плачам user posted image ... Но подобро да се смеам ќе идеме на гости кај Богданчанка и ќе си ја посетиме кралската резиденција user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

Кралска резиденција на Хунзите ќе никне на Паљурци. На околу три хектари земја ќе се распостила кралскиот комплекс на потомците на Александар Велики.

Барање за изградба на дворец стигнало директно од северен Пакистан до општина Богданци. Барањето до доставила првата Македонка што ги посети Хунзите во Пакистан, Марина Дојчиновска, како официјален застапник на кралското семејство.

Покрај кралска палата, предвидена е и изградба на хотел, бизнис со кој кралското семејство се занимавало неколку години. Градоначалникот Ристо Ичков вели дека општината ги планирала и Хунзите во измените на деталниот урбанистички план. Принцот Газафар Али Кан се очекува овој месец во Македонија.

Земјиштето на кое е предвидена изградбата на кралската резиденција е на министерство за земјоделство. На почетокот на 2011 година се очекува да се отстапи на општина Богданци, а тие пак, најверојатно, бараните 3 хектари ќе им ги подарат на Хунзите. Градоначалникот очекува Паљурци да стане важен културен и историски центар на Македонија.

Резиденцијата на Хунзите ќе граничи со католичкиот манастирски комплекс, со црквата на Апостол Павле, заедно распослани околу браната Паљурци.

Принцот на Хунзите, Газафар Али Кан со титула „мир“ и неговата сопруга принцезата Рани Атика првпат дојдоа во Македонија пред околу година и половина. Ова ќе биде второ доаѓање во земјата што ја сметаат за своја прататковина.

Хунзите живеат во северен Пакистан, административно се дел од пакистанската држава од 1974 година, но го задржале кралот. Освен Хунзите кои бројат околу 50.000 за потомци на војската на Александар Македонски се сметаат и племето Калаши. За разлика од Хунзите кои се исламизирани и образовани, Калашите се неуко племе.

Токму тој факт го користи и соседна Грција која отвори културен центар кај Калашите, а донира и значајни финансиски средства, за наобразба на лозата на Александар Велики.

< Поракaта ја уредил Julie -- 6.12.2010 23:23:00 >


_____________________________

And this is my beautiful life ...

clock-img

07.12.2010, 07:41

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

user posted image  user posted image  user posted image  user posted image  user posted image ова го има само во Македонија 

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

07.12.2010, 12:04

clock-img

majka 79

pencil-img

836

ИЗВОРНА ПОРАКА: Julie

Барање за изградба на дворец стигнало директно од северен Пакистан до општина Богданци.




user posted image
taka ami kako

_____________________________

mudriot covek ne kazuva se sto misli, tuku misli i razmisluva se sto ke kaze.

clock-img

07.12.2010, 13:38

clock-img

Viktori

pencil-img

5329

Токму тој факт го користи и соседна Грција која отвори културен центар кај Калашите, а донира и значајни финансиски средства, за наобразба на лозата на Александар Велики.



Нашето племе е писмено! user posted image

Инаку муабетов е да или за смеење или за плачење, зависи кој го гледа и од која страна. Во примерот погоре ни одговара. Ги претркавме Грците user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

аххх барок, дворец, Порта на тримфот...знае ли некој кој век е?


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.




clock-img

07.12.2010, 13:40

clock-img

Martins mom

pencil-img

3342

Па да ти кажам со вакви потези...ми се мешаат бројкитеuser posted image user posted image user posted image ( за вековите мислам user posted image user posted image )

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

clock-img

07.12.2010, 13:43

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Да се знае и јасно да е дека живееме во длабок среден век user posted image  user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

07.12.2010, 13:58

clock-img

Bogdancanka

pencil-img

5422

ИЗВОРНА ПОРАКА: Julie

Не ми се верува што читам незнам дали да се смеам user posted image или да плачам user posted image ... Но подобро да се смеам ќе идеме на гости кај Богданчанка и ќе си ја посетиме кралската резиденција user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image



хехехехе ајде де да видиме на крај што ќе никне на Паљурци дали ќе биде кралска резиденција или нешто друго,ах и плановите им се доста големи само што незнам дали до ова се стигналеuser posted image

Инаку ако се изгради ќе доагате нагости јас ќе ви бидам водичuser posted image user posted image user posted image


_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

clock-img

07.12.2010, 14:07

clock-img

lukas

pencil-img

2148


Инаку ако се изгради ќе доагате нагости јас ќе ви бидам водичuser posted image user posted image user posted image

[/quote]

te zamisluvam kako so stapce ni pokazuvas...hahaha..pozz


_____________________________

Неможите да бидите храбри ако не сте повредени.Неможе да научите ако не сте погрешиле.Неможете да бидете успешни ако не сте доживеале неуспех.

clock-img

15.12.2010, 08:13

clock-img

veckasr

pencil-img

642

hehehe uste carevi kralevi ni falat 

clock-img

15.12.2010, 13:21

clock-img

Anushka

pencil-img

1392

знам дека со целава замисла околу претците на А.Македонски и тоа како се претерува, но... ја поддржувам!
Ве мола, сетете се само кога сте отишле на некое патување во странство и кога сте ги посетиле таможните музеи, знаменитости и сл., барем половината биле „ветар и магла“. Верувајте, прават музеј и од некое место каде некој си војвода (а кој знае дали тоа и бил) се напиул вино и уринирал.
Од ништо направиле нешто. Кај другите народи сенсот за нација, традиција и припадност (т.е. ние сме The Best или во најмала рака Ubermenshen) е високо, високо над нашиот. Додека ние си се потсмеваме самите на себе, се омаловажуваме и напаѓаме, неко друг одамна ни ја крои историјата, а со тоа и иднината.
А тие истите со своите земји прават туристички Меки, повторно од „ветер и магла“.

clock-img

16.12.2010, 00:09

clock-img

Viktori

pencil-img

5329

Од ништо направиле нешто. Кај другите народи сенсот за нација, традиција и припадност (т.е. ние сме The Best или во најмала рака Ubermenshen) е високо, високо над нашиот.



Јас имам прилично високо мислење за Македонците како народ на РА и не ми треба цар- потомок од некој војник на Александар, ниту споменици и ништо да немае јас ќе знам што сум.
А на овие новокомпонирани патриоти ќе им пројде патриотизмот ко ПМС, на првата провизија.


< Поракaта ја уредил виктори -- 16.12.2010 0:12:59 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.




Последни статии

article-img