cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Криза во вашата фирма

  
clock-img

14.01.2010, 10:11

clock-img

mami

pencil-img

8680

Како се чувствува светската криза во вашата фирма? Има ли доцнење со плата, или отпуштање?

clock-img

14.01.2010, 10:13

clock-img

arh_diz

pencil-img

7198

Минатата година овде ја зафати огромна криза. Фирмата кај  што работев јас се затвори се затворија и многу фирми. И се намалија платите од 20-50% . Сега сум во друга фирма

_____________________________

Биди тоа што си

clock-img

14.01.2010, 10:15

clock-img

caci20

pencil-img

1049

Kaj nas pocnaa so docnenje na platite eve veke nekolku meseci. A bea tocni sekoj mesec do 5ti. Stranska firma, so nas se odnesuvaat kako sakaat ednas kako da rabotime vo makedonska firma ednas kako vo stranska. Kako im od vo korist

clock-img

14.01.2010, 10:18

clock-img

mami

pencil-img

8680

најмногу заради тоа ја почнав темата. Еве и кај мене, секогаш бил редовен, до 5ти најдоцна, а сега доцни ли доцни...и нормално со мм решивме дека е време да почнам да барам друга работа за секој случај

clock-img

14.01.2010, 10:19

clock-img

pacuvce

pencil-img

1289

Кај нас засега работите одат добро...Јас мислам дека тоа се должи на фактот што ние работиме со дистрибуција на храна,па веројатно за луѓето ова е дел каде што не можат многу да штедат...Веројатно дека во другите бранши е поинаку...До кога,ке видиме...user posted image

_____________________________

Love is in the air

clock-img

14.01.2010, 10:20

clock-img

arh_diz

pencil-img

7198

Ние работиме со многу европски фирми и таму исто се жалат дека нема работа дека платите се намалени или доцнат.

_____________________________

Биди тоа што си

clock-img

14.01.2010, 10:25

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

кај мене е стално со задоцнување, по 5-10 дена.а и сега ми доцни.јас одамна си барам друга работа.не ми е по струка ова. дури и бев на некои интервјуа ама не ми се допаѓаа условите кои ги нудеа и си чекам подобра прилика.во меѓувреме пуштам цв икај што можам.

а нема којзнае колку работа овој и минатиот месец user posted image user posted image user posted image


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

14.01.2010, 10:27

clock-img

caci20

pencil-img

1049

Sto rabotis profesorica ako cujam nesto?

clock-img

14.01.2010, 10:27

clock-img

niki

pencil-img

4299

Летово се почувствува криза, од тип на помалку работа, но тоа не промени ништо во платата, редовно си ја земав, на крај од сезона си земав и една плата плус, како Божиќен подарок и сите обврски кои ги има работодавецот кон мене ми беа подмирени. За годинава веќе се најавува дека работите ќе бидат подобри, па ќе видиме.

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

14.01.2010, 11:43

clock-img

mami

pencil-img

8680

кај мене во фирма е дупла криза, така си ја викаме, освен светскава општа криза, нашата бранша- продажба на олово- е исто така во постојано опаѓање и за никаде не сме. цените за материјали се високи, а готовиот производ неможеш да го продадеш за да ќариш нешто...Хаос, којзнае што ке биде, само да излезе некоја друга работа ке биде супер

clock-img

14.01.2010, 11:44

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

цаци јас сум професор по германски но можам да работам и преведувач по германски во некоја фирма каде увезуваат производи од германија или ги продаваат за нивни пазар.

како коресподент по германски и англискиисто така можам да работам.

фала ти однапредuser posted image


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

19.01.2010, 00:54

clock-img

vlatko

pencil-img

14

кај нас во фирмата се осети лани криза и имаше пад на прометот во јануари 61 % !!!!замислете колку е тоа за една фирма со 120 вработени.
но работите после јуни месец и благодарение на меаџерскиот тим ја доведоа фирмата во нормала за во кризно време се разбира и нема никакво доцнење на платите дури и зимаме пред време.приер сега за јануари земавме на 30.12.2009 год.плус хранарина плус к 15 даваа порано сег ке видеме.

само напред газди.

clock-img

19.01.2010, 01:01

clock-img

mami

pencil-img

8680

каде работиш жити се, ако не е тајна, и имаат ли слободни места?user posted image

clock-img

19.01.2010, 22:34

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

И јас сум живо заинтересирана user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

19.01.2010, 23:00

clock-img

Еца

pencil-img

6692

И кај нас фирмаТа отишла на одморuser posted image пријаве сме само газдата, јас и уште една трудница, која е веќе на породилно. Другите сите се одјавени. Криза

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

19.01.2010, 23:06

clock-img

pacuvce

pencil-img

1289

ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

И кај нас фирмаТа отишла на одморuser posted image пријаве сме само газдата, јас и уште една трудница, која е веќе на породилно. Другите сите се одјавени. Криза



Страшно...А владата троши ли троши пари на реклами и споменици...Наместо да направат нешто да ја раздвижат економијата,тие абер немаат...

_____________________________

Love is in the air

clock-img

20.01.2010, 08:14

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

ИЗВОРНА ПОРАКА: vlatko

кај нас во фирмата се осети лани криза и имаше пад на прометот во јануари 61 % !!!!замислете колку е тоа за една фирма со 120 вработени.
но работите после јуни месец и благодарение на меаџерскиот тим ја доведоа фирмата во нормала за во кризно време се разбира и нема никакво доцнење на платите дури и зимаме пред време.приер сега за јануари земавме на 30.12.2009 год.плус хранарина плус к 15 даваа порано сег ке видеме.

само напред газди.



хаха дај вработи не и ас тамуuser posted image user posted image user posted image


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

28.01.2010, 14:34

clock-img

kopriva

pencil-img

109

работев во фирма со добар углед и реноме
но платите ни каснеа 4 месеци и ги цепкаа на делови
си заминаа 40% од вработените па и јас
сега сум на друго место со редовна плата

clock-img

28.01.2010, 15:24

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Во секторот во кој јас работам, граѓанскиот сектор, кризата настапи пред две години, и тоа не како резултат на оваа глобална светска економска криза, туку како резултат на глобалните светски политики. Донаторите кои даваа пари за граѓанскиот сектор во македонија во најгоем број се повлекоа од Македонија пред две години, а тие што останаа, ги измешаа своите ингеренцции, односно парите почнаа да ги даваат на меѓународни организации кои треба да решаваат локални проблеми, место на локални граѓански организации кои всушност најдобро ги знаат проблемите и кои веќе 10тина години се занимаваат со тиа прашања. Жалосно, но граѓанскиот сектор во Македонија е на работ на финансика одржливост. Од друга страна пак еден од условите за влез во ЕУ е силно и компетентно граѓанско оштество кое ќе биде коректор и партнер на државата во напредокот на земјата..

clock-img

29.01.2010, 15:38

clock-img

mami

pencil-img

8680

иако газдата не сака да признае, фирмата ни е дефинитивно во криза. Едноиот колега вчера замина за Берлин, преку некој курс и рече дека ако си најде таму подобра понуда не се ни враќа- што е многу нормално, а правников  вика дека веќе сериозно размислува за друго работно место. Значи од денес сум официјално во итна побарувачка на нешто новоuser posted image

clock-img

24.03.2010, 23:10

clock-img

mami

pencil-img

8680

Како убаво ме зафркна газдата..Нема дадено плата 2 месеца, а нема ни намера до 1ви да даде, што значи ме остава за роденденот шворц ко никој..Ми е срам да барам пари од мм веќе...

clock-img

24.03.2010, 23:11

clock-img

jovanka

pencil-img

1745

baraj so vreme nova rabota

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

clock-img

24.03.2010, 23:12

clock-img

mami

pencil-img

8680

барам јас одамна...и нон стоп пуштам цв...ќе видиме...

clock-img

23.06.2011, 09:11

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Работам во фирма за телевизиски превод и еве секое лето се намалува видно работата. Особено ова лето. Имаме малку работа, а несигурно е дали ќе има повеќе по завршување на летото. Затоа ни се наметна принуден колективен одмор во август и тоа малку ме исплаши. Што ако ја изгубам работата? user posted image Ќе почекам уште малку и ако си остане исто, барам нова работа за секој случај!

_____________________________

Live and let live

clock-img

04.01.2012, 00:04

clock-img

lindicka

pencil-img

338

Se najavuva nova svetska kriza. Kojznae kako kej bide ovaa godina? 

Последни статии

article-img